Таванот во средното училиште во Бечеј, Србија, се урна за време на часот, а според Н1, една ученичка е полесно повредена. Парче од таванот паднало врз раката на една ученичка, а двајца други ученици биле изгребани. Според еден од сведоците, ученичката чија рака била повредена е транспортирана со амбулантно возило во Нови Сад.
„Одеднаш слушнавме тресок, како некој да фрли стол, се свртевме и видовме делови од таванот на подот и ја слушнавме мојата другарка како плаче“, рече еден од учениците. Откако се случил инцидентот, училиштето било евакуирано. Кризниот тим на училиштето заседава, собирајќи ги сите информации, а потоа ќе ја информира јавноста за инцидентот.