Земјите од Групата седум (Г7) најавија дека ќе ги заострат санкциите против Русија доколку Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина.
„Ги поздравуваме континуираните напори за постигнување прекин на огнот. Ако таков прекин на огнот не биде договорен, ќе продолжиме да ги истражуваме сите можни опции, вклучително и оние дизајнирани да го максимизираат притисокот, како што е дополнително заострување на санкциите против Русија, се вели во делот од изјавата на министрите за финансии и централните банкари на Г7 посветена на Украина, која беше усвоена по нивниот состанок во Канада. Во соопштението, исто така, се наведува дека, во согласност со правните системи на тие земји, рускиот имот под нивна јурисдикција ќе остане неподвижен додека Русија „не ѝ плати отштета на Украина“.
Г7 во соопштението ја наведе својата непоколеблива поддршка за Украина во одбраната на нејзиниот територијален интегритет и право на постоење, како и нејзината „слобода, суверенитет и независност. Покрај тоа, Г7 вети дека ќе помогне да се зајакне довербата на странските инвеститори во Украина, ќе го мобилизира приватниот сектор да изврши реконструктивни работи и ќе ги продолжи активностите на странската осигурителна индустрија, пренесе ТАСС.