Петнесет годишен ученик во основно училиште во Триљ активирал солзавец на училиште.Сплитско-далматинската полиција потврди за тамошните медиуми дека утрово била побарана полиција да пристигне во образовна институција во Триљ поради конфликт меѓу двајца ученици во тоалетот, при што едниот од нив активирал спреј со иритирачка материја. Двајцата ученици се родени во 2010 година.
Во училиштето се испратени полициски службеници за да се утврдат фактите за настаните и да се спроведе истрага. Досега десетина ученици се однесени на лекарски преглед поради иритација на очите. Директорот на ОУ „Триљ“, Давор Хрговиќ рече дека за случајот дознал од вработените во училиштето и дека по разговорот со нив и со родителите ќе донесе одлука дали наставата ќе продолжи или прекине.