Авиокомпанијата „Визер“ најави нова рута од Охрид до Базел, Швајцарија, која ќе почне да функционира во октомври. Билетите се веќе во продажба од денес, a ценитe почнуваат од само 1.299 денари во еден правец (вклучувајќи ги сите задолжителни такси и една рачна торба). Оваа нова рута им овозможува на патниците лесен пристап до град познат по својата стратешка локација на крстопатот меѓу Швајцарија, Германија и Франција, нудејќи лесен пристап до повеќе европски дестинации.
Уникатната позиција на Базел близу до границите на три земји го прави идеална почетна точка за истражување на културната, историската и економската разновидност на Европа. „Ни претставува огромно задоволство да ја претставиме нашата нова директна линија од Охрид до Базел – град познат не само по својата богата историја и жива уметничка сцена, туку и по својата уникатна локација во срцето на европските граници. Стратешката позиција на Базел го прави совршена почетна точка за истражување на повеќе европски земји, а со Визер, сега е полесно од кога било да се поврзете со овој динамичен град“, изјави Оливија Харангозо, Менаџер за корпоративни комуникации во „Визер“.