Кога немаат визија шират конструкции. Кога ја изгубија довербата, сакаат да го убијат карактерот. Токму тоа е СДСМ денес – партија во пад, партија во паника. И затоа повторно и повторно се обидуваат да го оцрнат човекот кој стана синоним за отпор , за храброст и за народната поддршка-Максим Димитриевски. Додека тие ја продаваа државата, Максим зборуваше гласно. Да бидеме јасни:
Денеска СДСМ повторно изнесуваат исти информации за наводен криминал на градоначалникот на Куманово и претседател на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија уште еднаш ги повикува институциите да постапат и да утврдат дали се вистинити и точни обвинувањата кои што по трет пат на прес конференции ги изнесува СДСМ. ЗНАМ уште еднаш потенцира дека обвинувањата се неосновани, а особено поради фактот што за дел од нив веќе има правосилна судска пресуда со која беа осудени, се извинија и платија штета, кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски, кој изгуби катастрофално на локалните избори, како и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Лидија Трајковска.
Редно е СДСМ да ги научи грешките од минатото и вината да ја побара во сопствените редови. Изгубија на локалните избори во 2021 година во Куманово, а катастрофално ќе изгубат и на овие локални избори во Куманово и во цела Македонија. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е партија која се залага за правда и еднаквост на сите пред законите. Секој што ќе направи криминал треба да одговара и институциите се должни да постапат и да ја утврдат фактичката состојба. И во овој случај уште еднаш ги повикуваме надлежните органи на истрагата да отворат постапка, иако знаеме дека веќе имаат водено, и доколку утврдат било каква неправилност да побараат одговорност.