12.8 C
Скопје
24/05/2025 07:48
МАКТЕЛ

     

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

      

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна празнина за која не е јасно дали ќе биде пополнета. На тоа укажуваат механизмите за примена што ги има Уставниот суд и кои се сведуваат на мониторирање и укажување, молкот од партиите во изминатите два дена и нивната здруженост и обединетост кога лани решиле да го прекршат Уставот, носејќи ги сега укинатите измени на Законикот, пишува Вистиномер во написот кој го пренесуваме во целост.

Два дена политички партии „гласно“ молчат за одлуката на Уставниот суд за укинување на двата члена од Изборниот законик (ИЗ) со кои на независните кандидати или здруженија на граѓани им се отежнуваше кандидирањето за претстојните локални избори. Засега ова доволно јасно зборува за нивниот став кон одлуката на Уставниот суд, кој во своето образложение кажа дека станува збор за ограничување на демократијата и уставното право на политички плурализам, како и нарушување на загарантираното активно и пасивно избирачко право. Но, со ваквата одлука на Уставниот суд се отвори и правна дупка во ИЗ, за која не е баш најсигурно дека ќе се пополни до распишувањето на локалните избори. Зошто е ова вака и што може да направи самиот Уставен суд да се спроведе одлуката?

   

Здружено против независните Само мало потсетување на проблемот ќе покаже дека големите политички партии и групации се едногласни кога станува збор за расчистување на теренот за политички натпревар и обезбедување ексклузивност само за нив. Укинатите два члена беа протнати во Собранието во март 2024 г. заедно со  повеќе други измени на ИЗ. Баш така, беа протнати, зашто ако се прочита документот и проценката за состојбата, како и за целите на измените, овие два члена никаде не се споменуваат во воведот. Освен ова, предлогот беше поднесен од група пратеници – предлагачи Мартин КостовскиНикола Мицевски и Арбер Адеми (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ) – односно здружено, а тоа го покажува и резултатот од гласањето. Биле присутни 87, а гласале за 85 пратеници од тогашниот состав на Собранието, што прецизно може да се види од белешката за деталите за гласањето. Суштината на двете измени е зголемена отежнувачка рестрикција за кандидирање, зашто наместо 1.000 потписи се бара 1 процент од избирачкото тело (види член 17 и 18).

Што може да направи Уставниот суд? Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски на прес конференцијата на која ја соопшти одлуката беше јасен дека одлуката е укинувачка, а не поништувачка, што значи дека се бришат само овие два члена од ИЗ, дека таа е обврзувачка и дека законодавецот треба под итно да ја пополни правната празнина што се создава во однос на кандидатурите од група избирачи: Бидејќи станува збор за укинувачка одлука, а не поништувачка, општопознато е дека ние не сме Законодавец, тоа значи дека со оваа одлука, претходното правно правило не’ оживува. Ние не сме Законодавец, ние може да отстраниме спорни норми. Ова значи дека Законодавецот во најскоро можно време треба да пристапи и да ја пополни оваа правна празнина со нашата одлука, во спротивно со евентуално непостапување би значело дополнителна повреда и дополнително стеснување на слободите и правата на граѓаните и тешка повреда на политичкиот плурализам, сите темелни вредности на нашиот поредок… Во овој момент нема правно правило во кои услови независните граѓани ќе учествуваат. Собранието е должно веднаш да пристапи во уредување на оваа состојба и притоа веднаш да ги земе предвид сите наши стојалишта – изјави Костадиновски.

Дарко Костадиновски. Фото: скриншот

Кога станува збор за механизмите што му стојат на располагање на Уставниот суд „да ги натера“ одговорните, т.е партиите во Собранието да ја пополнат правната празнина, тие се регулирани во Актот на Уставниот суд, кој на сила е од лани и кој, всушност, е замена на поранешниот Деловник којшто функционираше од 1992 година. Во главата која зборува за извршувањето на одлуките на Уставниот суд се наведува: Член 85 (1) Обврската за извршување на одлуките на Уставниот суд започнува да тече од денот на нивното објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“. (2) Одлуките на Уставниот суд се извршуваат без никакво одлагање. Член 86 Уставниот суд по службена должност го следи извршувањето на своите одлуки и може од секого да побара податоци и информации во врска со преземените мерки со цел извршување на одлуката. Но, во делот насловен како Обезбедување на извршувањето и во Утврдување неизвршување на одлука на Уставниот суд, се наведени само овие два члена: Член 90 Уставниот суд, по потреба, ќе побара од јавните органи да го обезбедат извршувањето на одлуката. Член 91

Врз основа нa претходно добиени податоци и известувања, Уставниот суд може да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото кое не ја извршило одлуката на Судот. Оттука, станува јасно дека Уставниот суд може само да побара од јавните органи да го обезбедат извршувањето. Политичката волја може да ја обезбеди само стравот? Иако во држава со високо развиена свест за демократијата, констатациите на Уставниот суд за „тешка повреда на човековите слободи и права и тешка повреда на политичкиот плурализам“,  би предизвикале најпрво жалење, а потоа и интерес за брза акција на главните политички партии во Собранието, засега констатацијата е гласен молк. Запрашани вчера (21.05.) од еден од медиумите, партијата на власт допрва ќе го анализира писменото образложение на Уставниот суд (што ќе биде готово дури другата недела), додека онаа во опозиција не ни дала одговор. На нивните веб-страници нема никаква изјава, соопштение, реакција. Она што евентуално може да ги натера на, сепак, брз одговор, е можноста што за Вечер ја истакнал адвокатот и поранешен претседател на Државната изборна комисија Александар Новаковски: Aко не се договорат новите услови и критериуми, тогаш нема да постои обврската за собирање потписи и колку потписи конкретно. Тоа ќе значи дека секој граѓанин ќе може да се јави во улога на кандидат за градоначалник, доколку сака и со поднесување лична пријава. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Sase Ivanovski

Федералната трговска комисија го отфрли случајот за аквизицијата на компанијата „Activision Blizzard“ од Мајкрософт вредна 69 милијарди долари

Sase Ivanovski

Во недела по повод одбележувањето на Денот на Европа во седум градови ќе се трча под мотото „Сите за Кочани, Трчаме заедно“

Sase Ivanovski

Израелската војска соопшти дека 107 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа

Sase Ivanovski

Платформата на граѓански организации за борба против корупција со реакција врз преговарањето за „Договор Влада со Влада“

Sase Ivanovski

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

Sase Ivanovski

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Sase Ivanovski

Стојаноски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство нема да биде како договорите до сега, се ќе биде јавно и транспарентно

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски: Владата ќе продолжи со поддршка на влашкиот јазик, културните манифестации и книжевноста

Sase Ivanovski

Новиот севернокорејски разурнувач тежок 5.000 тони делумно се скрши при лансирањето поради несреќен случај пред очите на Ким Јонг Ун

Sase Ivanovski

Пренџов: Во Македонија за прв пат имаме градежна офанзива која ќе ја трансформира државата

Sase Ivanovski

Извршниот директор на Telegram изгради две доминантни социјални мрежи од нула пред да наполни 40 години и има повеќе од 100 биолошки деца. Но се соочува со затворска казна до 10 години

Sase Ivanovski

(ФОТО) Силно одбранбено партнерство и целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика, Мисајловски и Калас ги посетија Балканските медицински наменски сили

Sase Ivanovski

Потврдени преку испитувања на три начини, случаите не се поврзани – две лица со мајмунски сипаници

Sase Ivanovski

Валбон Лимани го пушти во употреба асфалтираната главна улица на село Здуње

Sase Ivanovski

Директорот на Царина: Заеднички делуваме со цел сузбивање на криминалот поврзан со аерозагадувањето, годинава за неполни 5 месеци анализирани 110 мостри горива – повеќе од двојно во однос на цела 2023, во 2024 анализирана 91 мостра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дончо со порака до комитите и до Миленко

Sase Ivanovski

Африм Гаши: ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 23 МАЈ – НАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ВЛАСИТЕ

Sase Ivanovski

Гаши: Заеднички, прекугранични решенија за справување со предизвиците на Медитеранот

Sase Ivanovski

Концерт на Воениот оркестар на Армијата и Воениот оркестар од Вермонт

Sase Ivanovski

Дали е дивоградба – со своја верзија прилепскиот заменик градоначалник

Sase Ivanovski

Велковски: Енергетски ефикасните решенија и новите технологии, директно влијаат во заштита на најмладите и животната средина

Sase Ivanovski

ЈПКХС: Висар Ганиу има вкупен долг над 7 милиони денари, кон јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје

Sase Ivanovski

Јовановска: ДПМНЕ и СДС не дадоа поддршка на иницијативата на Левица, за поевтин градски паркинг

Sase Ivanovski

Јовановска: Ниту Скопје го направивте модерно, ниту ќе го обновите!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во валандовско, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Движење ЗНАМ – За наша Македонија: Додека СДСМ ја продаваше државата, Максим зборуваше гласно

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Ивица Боцевски и Ѓорѓи Филипов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Моторот удрил во бетонски столб, на лице место загинаа две лица попладнево во Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Општина Карпош: „МАЈСКИ ЦВЕТ“ ЌЕ СЕ УРИВА, НА НЕЈЗИНО МЕСТО ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВА И МОДЕРНА ГРАДИНКА

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ГОЛЕМО КРАТЕЊЕ НА ЦАРИНИТЕ Од 1 јули се укинуваат 50% од тарифите, вториот дел следува во 2026

Sase Ivanovski

Трамп се закани со царини од 25 отсто доколку „Епл“ не ги произведува телефоните во САД

Sase Ivanovski

Мицкоски прифатил средба со Бугарија на самитот на НАТО: Ќе се подготвиме најдобро што знаеме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Данела Арсовска: Во општина Аеродром, затекнати при нелегални активности на бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар, од фирма која нема никакви лиценци, елаборати, дозволи и одобренија ниту за работа, ниту за механизацијата

Sase Ivanovski

Неколку лица се тешко повредени во напад со нож на централната железничка станица во Хамбург

Sase Ivanovski

Венс: Трамп ќе употреби воена сила само ако има јасни цели

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши оствари средба со норвешка делегација: Зголемен интерес за норвешки инвестиции во Северна Македонија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди –  Средбата со Калас е важен чекор за градење доверба меѓу Македонија и ЕУ,  се работи и на зголемување на квалитетот на образованието и меѓународна видливост

Sase Ivanovski

Митева: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни проекти носи развој на Македонија

Sase Ivanovski

Митева: ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе излезе со најдобрите кандидати, што ќе донесе убедлива победа

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебенот во чест на Свети Кирил

Sase Ivanovski

АКО СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ИСКЛУЧЕНИ ОД ПАРНО ЌЕ СЕ ОПТОВАРИ МРЕЖАТА ЗА СТРУЈА Бислимоски предупредува какви последици има одлуката на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Зошто ги славиме светите браќа Кирил и Методиј?

Sase Ivanovski

Горан Михајловски: МАТЕМАТИКА И ЕМОЦИИ

Sase Ivanovski

Азир Алиу се спомнува за министер за здравство – тој не негира, туку вели дека сѐ уште нема ништо официјално

Sase Ivanovski

Во ОАЕ регистрирана рекордна температура во мај од 50,4 степени Целзиусови

Sase Ivanovski

Безбедносните мерки во Вашингтон се засилени по убиството на двајца вработени во израелската амбасада

Sase Ivanovski

Европол разби голема хакерска мрежа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица

Sase Ivanovski

Муцунски: ЕУ да донесе храбри одлуки за проширување

Sase Ivanovski

Ми го распарчивте детството и ми ја украдовте мајка ми, им порача штипјанецот Елвин на лекарите обвинети во „Онкологија“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ноќни клубови и дискотеки на диво организираат забави за скопски матуранти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ќе ја трчаат ли независните изборната трка?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мирно пред Онкологија, но бурно зад телефоните – пациентите бараат одговори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бислимоски: Се преземаат мерки за стабилен електропреносен систем

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Win Win – Шанси и ризици на британските 5 милијарди фунти 22.05.2025

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Таравари: Заев можеше да биде новиот Тито ама ја пропушти шансата

Sase Ivanovski

Порно актер од Шпанија претставен како Стојанче од Стајковци – успешен студент по медицина

Sase Ivanovski

А2 на повидок. Велија најавува ново светло на екраните

Sase Ivanovski

Најавени концерти во дивоградба во Карпош – Општината предупредува на опасност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360-Полициските специјалци ќе ги облекуваат модно женско студио и фирма регистрирана тазе,пред тендерот

Sase Ivanovski

Јакимовски: „Мајски цвет“ ќе се урива, на нејзино место ќе се гради нова и модерна детска градинка

Sase Ivanovski

Сиљановска ќе проба да ги одоброволи бугарите. Чека потврда да се сретне со Радев на самитот на Нато во Хаг

Sase Ivanovski

Дуда Баље: Да, ми понудија професорска позиција во Скопје, во замена за глас за партијата за Курти во Косовското собрание

Sase Ivanovski

КЗК: Прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија поради давање на лажни и нецелосни податоци

Sase Ivanovski

„Визер“ најави нова рута, од Охрид до Базел од октомври, билетите се во продажба

Sase Ivanovski

Трамп: Русија и Украина разменија голем број воени затвореници

Sase Ivanovski

Бислимоски: Вршителите на енергетски дејности од 29 мај до 30 јуни да поднесат барање за промена на лиценцата

Sase Ivanovski

Николоски: Врвни британски фирми и експерти ќе дадат поддршка за реализација на проектите во Македонија

Sase Ivanovski

Андоновска: Две машки лица од Скопје потврдени со мајмунски сипаници

Sase Ivanovski

Цана: Пациентот со мајмунска сипаница е во добра здравствена состојба, вториот не се јавил на Инфективна за преглед

Sase Ivanovski

Лавров: Замислете го Ватикан како место на следните преговори, несоодветно

Sase Ivanovski

Повреден 18-годишен мотоциклист во сообраќајка во Куманово

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас

Sase Ivanovski

Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него

Sase Ivanovski

Уште една трагедија во Македонија, тројца загинаа кај Трапчин дол

Sase Ivanovski

Тешка несреќа кај Момин Поток – двајца загинати во удар на мотоцикл во бетонски столб

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Како Вардар и Црвена Звезда ремизираа 1:1 во полуфиналето на купот на СФРЈ во 1988-ма

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Сајкоски и Трајановски на увид на санација на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар кон Цер

Sase Ivanovski

Филипче од Гостивар: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци

Sase Ivanovski
Вчитувам....