Од луѓето слушнав дека тешко се живее, цените растат секој месец, сметките стануваат неподносливи, а платите остануваат исти или едвај се поместуваат, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче. Во објава на неговиот фејсбук-профил, тој вели дека денеска заедно со потпретседателката Кристина Костова биле во Штип каде имал средба со граѓани и со членови на партијата. Филипче вели дека граѓаните му се пожалиле оти се чувствуваат оставени сами, заборавени од „оние што ветуваа дека ќе донесат промени“.
-За неполна година, оваа власт успеа да ја изгуби врската со реалноста. Наместо резултати, гледаме замајување, но и луксузирања на грбот на граѓаните. Наместо политика со грижа, гледаме ароганција и бегање од одговорност – рече тој.