Се чувствувам должен да ви се обратам за една сериозна ситуација што се случува во Општина Чаир. Во моментов, оваа општина и должи на нашето претпријатие над 7 милиони денари, и е единствената општина во Скопје што има долг кон Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“. Овој долг сериозно ја отежнува нашата секојдневна работа. Сепак, и покрај сè, ние продолжуваме редовно со чистење и празнење на контејнерите на секоја точка за собирање отпад. Она што е уште позагрижувачки е фактот што Општина Чаир не се грижи за отстранување на гломазниот отпад, иако постојано рекламира акции што во реалноста не се реализираат.
Она што е најсериозно е тоа што имаме сигурни информации дека во неколку случаи самата општина организира фрлање на отпад надвор од контејнерите, намерно, со цел да се создаде хаос и вината да се префрли на нашето претпријатие. Ова однесување не само што е неодговорно, туку директно ги оштетува граѓаните и животната средина. Поради оваа вонредна ситуација, сме принудени да користиме багери за да го отстраниме неправилно фрлениот отпад – нешто што не е вообичаено за еден град што цели кон чистота. Општина Чаир е единствената во Скопје која, освен што не соработува, самата создава хаос во управувањето со отпадот. Им упатувам апел на институциите да интервенираат, а на граѓаните да стојат до фактите, а не до манипулациите.
Ние ќе продолжиме да работиме чесно за чиста околина, затоа што тоа е нашата обврска кон граѓаните. Со почит,