Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар “Борис Трајковски”, ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина за воведување посебен режим на сообраќај, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). РК Алкалоид утре ќе го пречека АЕК од Атина во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп, a сите билети за натпреварот се веќе распродадени.
„Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници и апелира до граѓаните во наведениот временски период доколку немаат потреба да не ги паркираат своите возила во близина на спортскиот центар“, наведено е во соопштението од МВР. Извор: Новинска агенција МЕТА