Експертите оценуваат дека ова е брегот на ледената санта мраз за добро организирана кампања за влијание, насочена руска стратегија за влијание врз формирањето на политичкото мислење во европските држави под маската дека се работи за нешто друго, Сѐ во врска со новинарското истражување почнало кога на данското национално радио „ДР“ му пристапил доверлив извор и му предал 49 илјади мејл пораки и повеќе од 22 илјади документи што му припаѓаат на „Правфонд“. Потоа тие материјали биле доставени до 28 медиуми во различни држави преку Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), по што беше исцртана сликата за влијанието на „Правфонд“ во одделните држави. Експертите оценуваат дека ова е брегот на ледената санта мраз за добро организирана кампања за влијание, насочена руска стратегија за влијание врз формирањето на политичкото мислење во европските држави под маската дека се работи за „нешто друго“, пишува „Вистиномер“
Во продолжение, ви го пренесуваме текстот во целост: Руската владина организација „Правфонд“ деновиве е во центарот на големо прекугранично новинарско истражување на десетици медиуми кои добиле пристап до „протечени“ внатрешни мејл-пораки и документи со потекло од оваа организација. Пораките откриваат дека „Правфонд“ (Фонд за поддршка и заштита на правата на сонародниците што живеат во странство) финансирала алатки за руско влијание во Европа, вклучително и на Балканот во соседна Бугарија под плаштот на „грижата за руските сонародници“. Сѐ во врска со новинарското истражување почнало кога на данското национално радио „ДР“ му пристапил доверлив извор и му предал 49 илјади мејл пораки и повеќе од 22 илјади документи што му припаѓаат на „Правфонд“. Потоа тие материјали биле доставени до 28 медиуми во различни држави преку Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), по што беше исцртана сликата за влијанието на „Правфонд“ во одделните држави.
„Правфонд“ добива голем дел од своите средства директно од рускиот државен буџет. Мисијата официјално му е да работи за културна промоција и давање правна помош за руските сонародници во странство, ама западните разузнавачки служби, подолго време се сомневаат дека фондот всушност се користи за операции на влијание и за прикривање на разузнавачките активности. Договори за конференции и семинари за гаење на руската идеологија во Бугарија и Грција Преку интерните кореспонденции кои неодамна паднаа во рацете на новинарите, на површина „испливаа“ десетици договори поврзани со организации и медиуми кои биле финансирани токму од оваа „адреса“. Така, во Грција „Правфонд“ го финансирал клубот „Дијалогос“ (грчко-руско здружение со цел формирање позитивна слика за Русија во Грција). Токму „Дијалогос“ одржувал многу конференции со парите од „Правфонд“ меѓу кои и семинар во 2020 година за „објективноста во новинарството во контекст на хибридна информациска војна“. Раководителот на „Дијалогос“ во интерните пораки споменувал „информациска и хибридна војна водена против Русија“ и „валкани лажни вести во мејнстрим медиумите“.
Како што известуваат новинарите од „Бирд“-Бугарија, разузнавачки агенции го идентификуваат „Правфонд“ како алатка на Кремљ за спроведување пропаганда, дезинформации и други операции на влијание низ цела Европа. Во Бугарија финансирањето од оваа државна агенција на Русија главно било наменето за медиуми и организација на настани што ги промовираат политиките и идеологијата на Кремљ. Иако „Правфонд“ тврди дека главната активност му е да дава правна помош и адвокати на „прогонуваните сонародници“ – Руси кои живеат во странство, сепак, бугарскиот случај покажал дека грантовите што им биле доделувани на руските граѓани за адвокати во оваа држава биле многу поскромни отколку тие што биле доделувани за промоција на идеологијата на Кремљ. Бугарските договорни страни на „Правфонд“ добија над 486.000 долари за периодот 2014-2024 година. Финансирањето главно е за медиуми и организација на настани што ги промовираат политиките и идеологијата на Кремљ. Грантовите за адвокати кои им даваат правна помош на руските граѓани се многу поскромни, а тоа всушност треба да биде главната активност на „Правфонд“, пишува истражувачкиот медиум „Бирд“ од Бугарија.
Корисници на грантовите од „Правфонд“ биле исплаќани преку банкарски трансфер во евра или долари. „Бирд“ открива и имиња на правните лица потписници на договорите со кои ги примаат грантовите. Правна помош за обвинети во странство Големото меѓународно истражување базирано на протечени внатрешни документи и комуникации по мејл, им дало на новинарите сознанија дека оваа руска организација во одредени држави финансирала правна одбрана на наводни шпиони, криминалци и пропагандисти. Меѓу примателите на грантовите е таксист осуден за шпионажа, маж осуден во Чешка за водење вооружена група за време на руската анексија на Крим и австралиски активист кој нападнал постар украински поддржувач, пишува OCCRP додавајќи дека протечените документи покажале и оти „Правфонд“ имал врски со руската разузнавачка служба и помогнал во плаќањето на правната одбрана на трговецот со оружје Виктор Бут. Истражувањето покажало дека организацијата особено се фокусира на балтичките земји Латвија, Естонија и Литванија. Правфонд, финансира пропаганда и операции за влијание. Плати за производство на учебник по историја на Литванија што ја оправдува советската окупација на земјата, финансираше проруски канали на „Телеграм“ и плати за медиумска веб-страница фокусирана на Балтикот за објавување стотици проруски статии. Пред сè, неговата работа го нагласува ставот на руската влада дека Русите насекаде во светот можат да станат инструменти на моќ и влијание, открива OCCRP.
Претставници на неколку европски разузнавачки агенции за OCCRP изјавија дека веруваат дека „Правфонд“ работи надвор од својата наведена мисија, служејќи како инструмент на руските разузнавачки служби. Фондацијата е создадена за финансирање на операции за влијание под маската на борба против дискриминацијата. Тоа е продолжение на руските разузнавачки служби, што овозможува контрола и насочување на рускојазичната дијаспора, рече Марта Туул, портпаролка на безбедносната служба на Естонија. Прекуграничното истражување открива дека во Латвија, организацијата го поддржала таксистот Сергејс Сидоровс – човек регрутиран преку „Телеграм“ канал да шпионира за Русија. Кога тој бил уапсен од безбедносните служби на земјата во 2023 година бил обвинет за фотографирање на воени инсталации и домови под украинско знаме и за заговор за бомбардирање на локација за тестирање на беспилотни летала во близина на Рига. „Правфонд“ му додели 5.000 евра за неговата правна одбрана. Тој беше осуден за шпионажа и доби 7-годишна затворска казна на која сега се жали. Финансирање на „Телеграм“ канали со пораки во корист на Русија Во јуни 2024 година данските медиуми повикувајќи се на разузнавачки извори објавија дека 30 интерни документи од московски „Правфонд“ покажувале дека организацијата платила за голем број медиуми што шират содржини на дански и на други европски јазици кои експертите ги опишале како „руска пропаганда“.
Во тој контекст го споменаа онлајн медиумот „Еуромор“ кој во 2023 година бил финансиран од „Правфонд“. Интерните извештаи од „Еуромор“ до кои дошле данските новинари покажале дека „Еуромор“ постои како алтернатива по затворањето на меѓународните платформи на руски јазик и активно им помага на „РТ“ и на „Спутник“ да ги шират главните стории на нивната веб-страница. Според наведеното сознание од интерните документи, медиумот е создаден за да шири пораки во корист на Русија откако ЕУ ги блокираше главните руски државни медиуми како што се RT и Sputnik да емитуваат програма во Европа. Ова се случи еден месец по руската инвазија на Украина – во март 2022 година – за да се ограничи протокот на руска пропаганда и дезинформации. Кратко потоа, беше лансиран EuroMore, пишуваат тие на 2 јуни 2024 година. Тајните документи покажуваат и дека во Данска, новинскиот канал „Добро информирани“ на „Телеграм“ кој е наменет за данска публика добил 200 илјади круни од „Правфонд“. Каналот е претставен како дански новински медиум кој им ја дава на читателите „целата вистина“. Неговата сопственичка Зенија Гринберг одржала конференција во 2023 година на тема „повторно оживување на фашизмот во Европа“. Кога аплицирала за средства од „Правфонд“ во апликацијата навела дека целта на каналот е да „го информира граѓанското општество во Данска за последиците од русофобичната политика на данската влада“. На „Добро информиран“, ова резултира со објави каде војната во Украина е опишана како „самоодбрана на Русија против нацизмот“, а каде Данска е означена како „најголемата мешаница на НАТО“. Дневно се објавувале по 40 содржини, а каналот имал 1.500 следбеници. Експертите оценуваат дека ова е брегот на ледената санта мраз за добро организирана кампања за влијание, насочена руска стратегија за влијание врз формирањето на политичкото мислење во европските држави под маската дека се работи за нешто друго. Извор: Новинска агенција МЕТА