Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија ќе ѝ предаде на украинската страна нацрт-документ во кој ќе бидат наведени условите за мирно решавање на конфликтот откако ќе заврши размената на затвореници.Сергеј Лавров: Фото: EPA-EFE/Domenic Aquilina. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија ќе ѝ предаде на украинската страна нацрт-документ во кој ќе бидат наведени условите за мирно решавање на конфликтот откако ќе заврши размената на затвореници. Според Сергеј Лавров, Русија се придржува до договорите постигнати за време на разговорите во Истанбул на 16 мај, објавија дел од светските медиуми.
Рускиот министер за надворешни работи истакна дека составувањето на списокот за размена на воени заробеници во формат „1000 на 1000“ е речиси завршено, како и подготовката на документ во кој ќе бидат наведени условите за постигнување мирно решавање на конфликтот. „Штом ќе заврши размената на воени заробеници, дотогаш ќе бидеме подготвени да ѝ предадеме на украинската страна нацрт-документ, кој руската страна сега го финализира“, додаде Лавров. Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека 270 руски војници, како и 120 цивили, се вратени од територијата контролирана од Украина во согласност со руско-украинските договори.