По инцидентот за време на претставувањето на новиот севернокорејски воен брод, уапсени се три лица, пренесоа светските медиуми. На неуспешното лансирање, на кое присуствуваше и севернокорејскиот лидерот Ким Џонг-ун, оштетен е воен брод тежок 5.000 тони. Тој наведе дека инцидентот го нарушила достоинството на земјата и вети дека ќе ги казни одговорните.
Kim Jong Un watched in real time as North Korea’s newest 5,000-ton destroyer capsized during launch. The humiliating failure is being called a ‘criminal act’ — and punishments are coming. @OutFrontCNN @ErinBurnett @yongxiong2008 @RangerSpider
Read more from @BradLendon… pic.twitter.com/IYmhcNzZ9J
— Will Ripley (@willripleyCNN) May 23, 2025
Уапсени се главниот инженер на бродоградилиштето Чонгџин, каде што е изграден бродот, како и раководителот на изградбата и административниот раководител. Сателитските снимки го покажуваат воениот брод, покриен со церади, како лежи на страна, со крмата свртена кон левата страна, објави Американскиот центар за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС).
Инцидентот се случи на 22 мај откако бродот се заглави и излета од шините пред да биде пуштен во вода. Ким нареди реновирањето на бродот да биде завршено пред следниот состанок на владејачката партија во јуни. Според КЦНА, поправката на бродот продолжува со забрзано темпо.