На 24.05.2025 во 12 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Т.Н.(44) од с.Уларци, oпштина Чешиново-Облешево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал T.Н., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,10 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.