Повеќе од 17.000 луѓе се евакуираат од своите домови во Манитоба, централна Канада, бидејќи покраината доживува еден од најлошите почетоци на сезоната на шумски пожари, соопштија властите.
„Ова е најголемата операција на присилна евакуација во Манитоба во последниве години, изјави покраинскиот премиер Уаб Кинју за време на прес-конференција, објавувајќи вонредна состојба низ целата покраина.
BREAKING – Manitoba has declared a state of emergency due to extreme forestfire conditions and threats to thousands of people in communities across the north. pic.twitter.com/6A8MReCB9W
— Beautifulcanada1 (@BeautifulCana1) May 29, 2025
Воен авион ќе биде распореден „веднаш“ за да им се овозможи на жителите од најоддалечените области брзо да се евакуираат, додаде тој. Речиси два милиони акри шумско земјиште се погодени од пожари од минатиот месец, односно, површина три пати поголема од годишниот просек во оваа покраина. Вчера, 134 пожарни фронтови беа активни во различни провинции, вклучувајќи ги Онтарио, Британска Колумбија, Алберта и Саскачеван. Според прогнозите на властите, тековната сезона на шумски пожари може да биде „над нормалата“ во Централна и Западна Канада во јуни и јули и „далеку над нормалата“ во август, особено поради тешката до екстремна суша што продолжува да влијае на делови од земјата, од кои голем дел е покриен со шуми и области со вегетација.