Жена од Кратово вчера пријавила во полиција дека била нападната од сопругот, кој ѝ се заканувал и со нож, соопшти МВР.
„На 29.05.2025 година во Полициската станица Кратово, било пријавено дека 50-годишна жена од Кратово во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Д.(59) , кој притоа и упатувал закани по живот со остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.