Македонија ќе биде меѓу првите земји во светот што ќе добие договор за слободна трговија со САД, убеден е премиерот. Од Државниот завод за статистика не откриваат колку ќе изнесува растот на БДП, додека премиерот Христијан Мицкоски очекува тој да биде околу 3-4 проценти. Директорот на ДЗС посочи дека податокот за БДП ќе биде објавен утре во 12 часот, па сите заинтересирани во ист момент ќе ја имаат таа информација.
Талентираните ученици и спортисти од Карпош можат да аплицираат за стипендии за наредната учебна година
-Она што е битно, е што нашите податоци и податокот за БДП се изработуваат по меѓународните стандарди, конкретно по ЕСА 2010 методологијата. Податоците се целосно хармонизирани и споредливи со меѓународните организации, така што да сочекаме утре и да видиме кој е растот на БДП – рече Станков. Одговарајќи на прашања на новинарите, премиерот рече дека очекува првиот квартал од оваа година конечно да покаже едно консолидирање.
– Се надевам дека ќе бидеме во првите пет-шест економии во Европа во првиот квартал според процентот на раст на БДП. Би се задржал на онаа бројка која што претходно ја имам комуницирано, помеѓу три и четири проценти – рече премиерот. Инаку, премиерот очекува Македонија да биде меѓу првите земји во светот што ќе добие договор за слободна трговија со САД.
-Можам да кажам дека Тимчо Муцунски е помеѓу седумте министри за надворешни работи од Европа коишто на билатерално ниво беа примени од страна на државниот секретар Марко Рубио во Стејт Департментот во САД, средбата траела околу 45 минути на која што уште еднаш беше истакната стратешката соработка и значајот на стратешката соработка помеѓу двете земји – рече Мицкоски.