Можеби и немаше да се дознае дека бизнисменот кој е газда на „Пуцко петрол“ и осомничен за злоупотреби е во Турција, но го „издадоа“ фотографиите објавени од Алија Јахоски, кој честиташе „завршено образование“ на член на семејството. На две од нив е и осомничениот Асмир Јахоски. На едната се заедно со чичко му, татко му и славеникот, а на другата, заедно со татко му и славеникот.
Останува непознато кога му бил издаден времениот пасош на Јахоски, ако се има во предвид дека на 06 мај тој остана без патна исправа бидејќи судот му ја одзема одредувајќи му мерка за обезбедување присуство. Од судот, дополнително ќе побараме одговор кога треба Јахоски да се врати во Македонија. Во решението од Апелација, стои и дека секој прв понеделник во месецот тој треба да се јавува во Кривичен суд, што би значело, дека тоа треба да го направи утре.Јахоски е осомничен во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. За тоа како излезе од притвор, пишувавме минатиот месец. Извор скопје 1.мк