30.8 C
Скопје
02/06/2025 16:33
МАКТЕЛ

     

Рашомонијада од предлози за промена на изборниот модел

      

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржат една изборна единица со право да гласа и дијаспората. За ЛДП како подносител на измените важно е да се воведат отворени листи, СДСМ чека да го види предлогот па ќе се изјасни, ДУИ прифаќа една изборна единица со праг од 5 отсто, што пак е неприфатливо за помалите партии, а Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села не отстапува од својот предлог Македонија да биде поделена на осум изборни единици.

Тешко дека ќе добие поддршка промената на изборниот модел – Македонија наместо да биде поделена на шест, да биде една изборна единица иако премиерот Христијан Мицкоски смета дека за тоа има време до парламентарните избори. Во меѓувреме, Демократскиот сојуз и ЛДП во Собранието доставија предлог-закони за измена на Изборниот законик во делот на изборниот модел и отворените листи. Камен на сопнување за меѓупартиски консензус што е неопходен за промена на Изборниот законик повторно се изборниот праг, отворените листи, потребните потписи за независните листи, како и неприфаќањето на предлогот за промена на изборниот модел во една изборна единица.

   

Мицкоски повтори дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржат една изборна единица со право да гласа и дијаспората. За ЛДП како подносител на измените важно е да се воведат отворени листи, СДСМ чека да го види предлогот па ќе се изјасни, ДУИ прифаќа една изборна единица со праг од 5 отсто, што пак е неприфатливо за помалите партии, а Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села не отстапува од својот предлог Македонија да биде поделена на осум изборни единици. Ваквата рашомонијада од предлози навестува дека промената на изборниот модел ќе почека некои подобри времиња.

– Да го видам законот. Инаку, ако принципиелно зборуваме за една изборна единица, јас тоа го кажав и во Собранието, бидејќи беше поставено пратеничко прашање дека ние со Законот за локална самоуправа ја игнорираме дијаспората. Јас еве дадов предлог да имаме една изборна единица со можност да гласа и дијаспората онаму каде што законите и Уставот на државите дозволуваат тоа да биде и надвор од дипломатско-конзуларните претставништва. Принципиелно како ВМРО-ДПМНЕ реков и еве ќе повторам, ние пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржиме една изборна единица во која право да гласа ќе има и дијаспората – рече Мицкоски.
Христијан Мицкоски Фото: Принтскрин

Тој не гледа причина зошто ова да не се случи до следните парламентарни избори доколку се направат подготовки на дипломатско-конзуларните претставништва.
Премиерот вели дека засега не е отворена политичка дебата за да бркаат консензус и дека тоа е предлог на друга партија. Од СДСМ го чекаат предлог-законот и потоа ќе коментираат, а лидерот Венко Филипче неодамна изјави дека се подготвени да разговараат, но дека за ваквиот предлог треба да се разговара и со другите политички партии.

– Подготвени сме да разговараме за што било, меѓутоа тоа е работа во која треба да учествуваат сите политички партии затоа што не е само прашањето за една изборна единица, туку тука е и прашањето за цензусот, за отворените листи – изјави кусо Филипче.

Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова најави дека предлогот ќе го достават до Собранието и потсети дека во минатиот парламентарен состав сличен предлог поднеле заедно со ДС, ДОМ, ВМРО-Народна партија и Левица.

– Предлогот содржи промена на изборниот модел во една изборна единица, но она што за нас е важно се отворените листи, како и барањата на независните листи што се однесуваат на условите и начинот на собирање на потписите – вели Зајкова за „Слободен печат“.
Моника Зајкова / фото: Фејсбук

Таа додава дека се отворени за корекции на нивниот предлог преку амандмани и дека добро би било сите партии да го поддржат предлогот.

– Не ја исклучуваме можноста секој да се вклучи, да даде поддршка на ова решение и да се приклучи во борбата сето ова да стане реалност. Добро е што ДС дава поддршка, а можеби и владејачкото мнозинство ќе даде поддршка. Ние сме отворени да дискутираме ако има амандмани, да разговараме и да ги прифатиме и сите заеднички да застанеме зад предлогот оти на крајот не е важно дали решението доаѓа од ЛДП, од Зајкова, важно е тоа да стане реалност и конечно да го промениме начинот на гласање, бидејќи отворените листи се многу важен чекор за унапредување на демократијата – вели Зајкова.

За предлогот на премиерот да гласа и дијаспората, Зајкова вели дека треба да се дискутира, зашто во нивниот предлог тоа прашање не е вклучено. Претседателот на ДС, Павле Трајанов, пак, веќе го поднел до Собранието предлог-законот за измени на Изборниот законик со кој се предлага Македонија да биде една изборна единица. Според него, со измените ќе се демократизира изборниот процес.

Павле Трајанов – претседател на ДС / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески
– Со измените, зад секој пратеник ќе стојат ист број гласачи, а не како досега во Изборна единица шест пратеник да се избира со 6.300 гласа, а во Изборна единица три со 10 илјади гласа. Предлагаме да остане пропорционалниот модел, без изборен праг, а пратениците да се пресметуваат по Донтовиот модел. Во врска со идејата за отворени листи, укажуваме дека таа сè уште не е добро проучена, а искуствата во другите држави покажаа многу слабости. Предлагаме на претстојните локални избори да се почне со отворени листи за советници само во неколку општини (Центар, Струга и Гевгелија) – вели Трајанов.

Од Левица велат дека токму воведувањето една изборна единица им е највисок политички приоритет бидејќи со актуелниот изборен модел многу гласови пропаѓаат.
Но, една изборна единица без праг е неприфатливо за ДУИ. Од партијата на Али Ахмети за „Слободен печат“ велат дека за нив е прифатливо една изборна единица со праг од 5 отсто.
Од друга страна, од Алијанса на Села, иако побараа за локалните избори да може да гласа и дијаспората, а премиерот се согласи, но под услов Македонија да биде една изборна единица, велат дека поделбата треба да биде на осум изборни единици и дека не треба гласањето на дијаспората да се врзува со изборниот модел. Според АА, на дијаспората треба да ѝ се овозможи да гласа по пошта.

Зијадин Села претседател на алијанса на Албанците / фото: ”Слободен печат” – Драган Митрески

Од Вреди велат дека пред да го прецизираат ставот за изборниот модел, прво треба да дискутираат партиите, но и експертите, бидејќи според нив, нашето општество е ранливо и треба да има најдобра можна кохезија затоа што станува збор за темелите на државата. За независните листи, пак, сметаат дека се малку 50 потписи и предлагаат да има градација што ќе се однесува или на бројот на жителите во општината или на бројот на гласачите.
Партијата за движење на Турците, пак, бара посебна изборна единица за учество на избори на партиите на помалубројните заедници. Во таа посебна изборна единица партиите на помалите заедници би се натпреварувале меѓусебно, а ќе се избираат само тие што ќе го поминат прагот.
Седум граѓански иницијативи веќе поднесоа барање до Собранието да се направат итни измени на Изборниот законик затоа што оставена е правна празнина откако Уставниот суд ги укина членовите 17 и 18 од измените на Изборниот законик во 2024 година, со кои партиите го зголемија прагот за потребни потписи, за еден отсто од гласачкото тело во изборна единица за учество на независните листи на изборите.

   

Најново

(ВИДЕО) Кузеска: Началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата од полноќ намалени за 0,5 денари

Sase Ivanovski

Ангелов: ДЗС и Центарот за управување со кризи ќе се обединат во една институција по локалните избори

Sase Ivanovski

Maж сред бел ден ограбен во скопски Центар

Sase Ivanovski

СДСМ: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски за Кочани е Дејан Салтировски

Sase Ivanovski

Неготинецот кој пукал во куче и го ранил, на место полно со деца и возрасни, доби условна осуда и глоба од 400 евра

Sase Ivanovski

ВЛАДАТА ЦЕЛОСНО ГИ УКИНУВА ЦАРИНИТЕ ЗА СТОКИТЕ ОД САД, ОЧЕКУВА РЕЦИПРОЦИТЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Блокадата на косовското собрание ризик за бизнисот – „висат“ над 1,2 милијарди евра

Sase Ivanovski

До пред месец во притвор, сега на Босфор: Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул

Sase Ivanovski

Кој е новиот полски претседател Карол Навроцки – историчар, боксер и хулиган, симпатизер на движењето МАГА

Sase Ivanovski

Масовен украински напад со дронови: Русија тврди дека пресретнала 162 беспилотни летала

Sase Ivanovski

Иако Бајден беше најефикасниот демократски претседател уште од времето на Линдон Џонсон, во исто време тој е и човекот што толку многу му помогна на Доналд Трамп да се врати во Белата куќа

Sase Ivanovski

Полицијата издала 21.178 сообраќајни казни во текот на мај

Sase Ivanovski

Обвинителството доби уште една пријава за фалсификат ТОЕФЛ

Sase Ivanovski

(ФОТО) „Тигрите“ имаа показна вежба за спасување од жичницата на Водно

Sase Ivanovski

Денес секретар на партија, утре член на Комисија во АЕК – Антикорупциска ја отфрли пријавата против ова лице

Sase Ivanovski

Талентираните ученици и спортисти од Карпош можат да аплицираат за стипендии за наредната учебна година

Sase Ivanovski

Внатрешна контрола ќе добие пријави за двајца полицајци, за кои Антикорупциска нема надлежност

Sase Ivanovski

Премиерот Мицкоски очекува БДП во првиот квартал да е меѓу три и четири отсто

Sase Ivanovski

Од полноќ ќе се точат поевтини горива

Sase Ivanovski

Забранет лов на крап и црна мрена на Дебарско Езеро

Sase Ivanovski

Антикорупциска поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење

Sase Ivanovski

Левица поднесува закон за зголемување на минималната плата на 500 евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: Работната верзија од Извештајот на ЕП е значајна, бидејќи првпат се споменува посебен македонски идентитет

Sase Ivanovski

Срамота е во 21 век да говориме за хигиена, вели Герасимовски откако Центар повторно се „разбуди“ во ѓубре

Sase Ivanovski

Ни родители, ни браќа или сестри не се нафаќаат да бидат жиранти

Sase Ivanovski

Студентските протести блокираа неколку градови, Газела и Бранков мост блокирани во Белград

Sase Ivanovski

Трамп не бил информиран однапред за украинскиот напад на неколку воени аеродроми во Русија

Sase Ivanovski

Вардар 17. пат го освои Купот на Македонија

Sase Ivanovski

Без струја делови од Ѓорче Петров и Карпош

Sase Ivanovski

Георгиј – гласот на тивките, чувар на канонот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски беше и остана гласноговорник на поразената елита на криминалот и тивката капитулација

Sase Ivanovski

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ Томас Вајц очекува поддршка за извештајот во Европскиот парламент

Sase Ivanovski

Плаќаме највисоки провизии во регионот за основни банкарски услуги, реагираат од Партијата на пензионери

Sase Ivanovski

Фатени дрвокрадци во Скопско, останале и без дрва и без возила

Sase Ivanovski

Почина палестинскиот лекар кој загуби 9 од своите 10 деца во израелските напади во Кан Јунис

Sase Ivanovski

Со свечена академија Државниот завод за статистика ќе го одбележи своето 80-годишно постоење

Sase Ivanovski

Просечната европска пензија во 2022 година била 1.345 евра, Норвешка и Шведска се на врвот

Sase Ivanovski

Без струја делови од Карпош и Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

Кина ги отфрла обвинувањата на САД за кршење на привремениот билатерален договор за царини

Sase Ivanovski

Денеска се одржува втората рунда преговори меѓу Русија и Украина за потенцијално примирје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Маж фрли молотови коктели на произраелски протести во Колорадо, 6 лица се повредени

Sase Ivanovski

Богатството на руските милијардери се зголеми за 22,6 милијарди долари од почетокот на годината

Sase Ivanovski

Руската безбедносна служба спречи саботажа на железницата на Далечниот Исток

Sase Ivanovski

Најмалку шест лица се повредени во напад на руски беспилотни летала врз Харков

Sase Ivanovski

Три лица загинаа во напад врз центар за дистрибуција на хуманитарна помош во Газа

Sase Ivanovski

Во Јужна Кореја утре се одржуваат вонредни претседателски избори

Sase Ivanovski

Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска

Sase Ivanovski

Сончево и топло, максималната температура до 33 степени

Sase Ivanovski

„РАНО ЛЕТО“ ОД 33 СТЕПЕНИ НÈ OЧЕКУВА ДЕНЕС Жештината ќе се задржи цела седмица

Sase Ivanovski

СРПСКА МИНИСТЕРКА ЗА ТРАНСПОРТ: Евзони ќе се прошири, а можно е да добие и поголем број царински службеници, ќе се стави ли крај на гужвите

Sase Ivanovski

Јужна Кореја предлага враќање на воената телефонска линија со Пјонгјанг

Sase Ivanovski

100 дечиња заглавени во Албанија на враќање од карате првенство откако по втор пат автобусот се расипал на сред пат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)„Арсовска фати на дело диво поврзување на канализација – Полицијата ѝ спушти слушалка!“

Sase Ivanovski

Сузбиен е црниот пазар на лекови за болни од канцер – Клековски: Со 10 долари придонеси нема здравство како во Шведска

Sase Ivanovski

Сместен по должината на брегот на Химаре, Албанија, ZigZag Resort е проект на JA Joubert Architecture во соработка со UNS Architects. Одморалиштето усвојува линеарна цик-цак конфигурација што ја следи топографијата на теренот, овозможувајќи поглед низ целата локација …..

Sase Ivanovski

Клековски – со десетина евра придонеси не може да има здравство како во Шведска

Sase Ivanovski

Србин прободел двајца луѓе во Минхен, една од повредените му била поранешна девојка

Sase Ivanovski

По вчерашниот зафат, од „Водовод“ потврдија дека водата е безбедна за пиење

Sase Ivanovski

РЕНОВИРАНО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ ВО ИЈЗ Направена е соба со аудиометар, спирометар, проширено е и приемното одделение

Sase Ivanovski

Владата на британскиот премиер Кир Стармер не се откажува од плановите за отворање на „центри за враќање“ на мигранти во земјите од Западен Балкан

Sase Ivanovski

Чешки министер поднесе оставка откако доби донација од биткоини од осуден дилер

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ: Токму кога ќе ги завршиме подготовките за Експото, ќе одржиме предвремени избори, а на тие избори… се плашам дека направија голема грешка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КСЕНИЈА НИКОЛОВА: Таман кога ќе помислиме дека сме многу паметни, животот ќе ни лупне шлаканица и ќе не врати на клупа пак да се креваме од пепелта

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема – Кои се рeалните опции за деблокада на преговорите со ЕУ?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трилинг – Какви се шансите за репреговарање на договорот со Бугарија?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА ПОГОДИ 40 РУСКИ АВИОНИ ПРЕД НАЈАВЕНИТЕ ПРЕГОВОРИ? Операцијата „Пајажина“ била планирана 18 месеци

Sase Ivanovski

БУГАРСКИ ЕВРОПРАТЕНИК ПРОБУВА ДА ВМЕТНЕ ЗАГРИЖУВАЧКИ АМАНДМАН Мицкоски вели дека живковизмот е уште присутен во Софија

Sase Ivanovski

БАЈДЕН СЕ ОГЛАСИ ЗА ПРВПАТ ПО ДИЈАГНОЗАТА ЗА РАК Откри кои се шансите да се избори со болеста

Sase Ivanovski

Ангелов: Наесен е можно спојување на ЦУК и ДЗС и формирање на специјална противпожарна единица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БУГАРСКИОТ ЕВРО ПРАТЕНИК КОВАЧЕВ: Македонците имаат право да се определат како Македонци, но немаат право да ја фалсификуваат бугарската историја

Sase Ivanovski

ЈА НАВРЕДУВАЛ И ВОЗНЕМИРУВАЛ ПОРАНЕШНАТА Кавадарчанец уапсен по пријава за психичко насилство

Sase Ivanovski

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка на булеварот „Гоце Делчев“

Sase Ivanovski

Арсовска: Мицкоски еден ден ми се презентираше како чесен професор, а друг како мафијаш

Sase Ivanovski

ТЕШКО ПОВРЕДЕН МАЛОЛЕТНИК ВО СООБРАЌАЈКА 19-годишник од Кавадарци со тротинет се судрил во „фолксваген“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНДРЕЈ КОВАЧЕВ: ОД КОГА ПОСТОЈАТ МАКЕДОНЦИ ЌЕ КАЖЕ НАУКАТА, НЕМА ШТО ТУКА ДА СЕ МЕШААТ ПОЛИТИЧАРИТЕ СО РЕЗОЛУЦИИ

Sase Ivanovski

Тројца мртви во пожар во болница во Хамбург, над 50 се повредени

Sase Ivanovski

ИМ НАШЛЕ 19 КУРШУМИ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО СКОПЈЕ Уапсени двајца турски државјани

Sase Ivanovski

Се урна мост во Русија, падна врз воз, најмалку седум мртви, десетици се повредени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА АНГЕЛОВ: Пола од 300 вработени во ЦУК и пола од 500 во ДЗС само ја клатат вратата и веднаш треба да добијат отказ

Sase Ivanovski
Вчитувам....