-Успеавме за 7 отсто да ја намалиме производната цена без користење на хидропотенцијалите чија производна цена се движи од 22 до 27 евра за мегават час. Не бевме во можност да ги користиме бидејќи претходното раководство на ЕСМ лани масовно го користеше хидропроизводството и на 1 септември 2024 година кога ја презедовме компанијата хидропотенцијалот беше само 9 отсто иако е вообичаено на 1 октомври пред почетокот на грејната сезона да биде 50 отсто. На 1 јануари годинава влеговме со хидропотенцијал од 6 отсто, а сега е 48 отсто. Цел ни е на 1 октомври да биде минимум 50 отсто или околу 300 гигават часови, рече Узунчев.
Потврди дека реализацијата на планот за производство на АД ЕСМ во првиот квартал изнесувала 35 отсто, во вториот квартал е во рамки на планираното, а во третиот и четвртиот најави натфрлување на планот со цел годинава да ја завршат со профит, па макар и од еден евро цент.АД ЕСМ 2024 година ја заврши со загуба од 123 милиони евра, а во 2023 година имаше профит од 3 милиони евра што според Узунчев се должел на субвенциите што и ги префрлила Владата на компанијата.
АД ЕСМ во моментов на универзалниот снабдувач му продава електрична енергија по цена од 62 евра за мегават час и затоа не добива субвенции од Владата.Дека нема да побараат зголемување на цената на електричната енергија во свој дел на брифингот потврдија и директорите на МЕПСО Бурим Љатифи и на МЕМО Зоран Ѓорѓиевски.