30.8 C
Скопје
02/06/2025 16:58
МАКТЕЛ

     

СДК.МК: ДОЈРАН МИ ЈА ДОНЕСЕ ТРЕТАТА МЛАДОСТ ОТИ ВЕЌЕ ДВЕ ПОТРОШИВ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ КОЈ ГРАДИ КУЌА СО ПОГЛЕД НА ЕЗЕРО

      

ДОЈРАН МИ ЈА ДОНЕСЕ ТРЕТАТА МЛАДОСТ ОТИ ВЕЌЕ ДВЕ ПОТРОШИВ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ КОЈ ГРАДИ КУЌА СО ПОГЛЕД НА ЕЗЕРОКуќата која Џамбазов ја гради во Дојран е во завршна фаза, а во моментов живее во друга, со голем двор и поглед на езеро (Фото: СДК.МК)„Дојран ми ја донесе третата младост, оти две веќе потрошив. Уживам овде, навистина“, вели Игор Џамбазов кој веќе неколку години себеси се нарекува дојранчанец со привремена работа во Скопје.

   

Мирниот живот крај езеро му годи на актерот. Во завршна фаза е изградбата на неговата куќа над центарот на Дојран, со поглед на езеро. Вели дека неговата сестра, Татјана Џамбазова која е архитектка заедно со нејзината колешка ја проектирала куќата. Во моментов, со кучката Ферхунде која ја вдоми минатата година и ѝ даде име по лик од популарна турска серија живее во друга куќа во Дојран. Во Скопје доаѓа кога има претстави и проби, и вели дека на две години пред пензија ја има истата возбуда како на почетокот, пред претставата „12“, која е најголемиот хит на Македонскито народен театар (МНТ) сезонава.

„Дојран конечно ми го донесе мирот кој толку многу го посакував. Веќе се сметам за половина дојранчанец. И да, со текот на времето низ овие 6 години навистина стекнав дневна рутина. Јас станувам рано. Многу рано. Помеѓу 4 и 5 часот наутро, па ја имам таа привилегија да го гледам Дојран во најубаво издание. Езерото, Беласица, мир, само песната на птиците и по некоја неталентирана жаба. Околу 7 часот со Ферхунде одиме на шетање, на самата граница со Грција или во кучешкиот парк во Стар Дојран. Потоа следува чорбата во ‘Фуктак’, пазарување за дома и назад. Куќата во која сега престојувам има преубав двор и во него го поминуваме најголемиот дел од слободното време. Вечерта е резервирана за пријателите, одам на гости или ги пречекувам. Дружбата е до кај 11, и паѓам во кома до следното утро во 4. Нам, на пензионерите, сосема ни се доволни 5 часа сон. (се смее) А, во Скопје одам само кога морам. Претстава во театарот, снимање или концерт и веднаш си бегам назад. За жал одамна не го чувствувам својот роден град за свој“, ни рече Џамбазов.

„Не е баш пријатно да се биде сам. Ферхунде ја пополни таа празнина“, вели Џамбазов (Фото: СДК. МК) Изградбата на куќата му е во завршна фаза. Се работи на подот, оградата, уредување на дворот и како што вели актерот, има уште многу малку и едвај го чека вселувањето.

„За архитекти немав проблем бидејќи сестра ми Тања е архитект, како и нејзината најдобра другарка, исто така Тања. Го направија проектот и сето тоа го организираа беспрекорно. Малку нѐ закочи короната, па смртта на маестро Џамбаз, па моите љубовни неприлики. Сепак, набргу очекувам вселување. Инаку куќата се наоѓа на многу атрактивна локација во центарот на Стар Дојран, со единствен поглед од терасата“, вели Џамбазов и додава дека грижата за кучката Ферхунде многу му го сменило животот.

„Таа ми се појави во вистинско време, токму тогаш кога останав сам. Не е баш пријатно да се биде сам. Ферхунде ја пополни таа празнина. Ниту еден хомо-сапиенс не тагува по мене толку, и не ми се радува на таков начин како мојата Дунде (така си ја викам нагалено). Таа е прекрасен примерок на нововостановената раса Дојрански вучјак“, низ смеење ни рече Џамбазов.

Иако живее многу блиску до грчката граница, тој никогаш нема потреба да отиде на кафе со Солун, или на некоја од блиските плажи. На локалните пријатели со кои секое утро пие кафе на истата маса во истиот локал знае да им порача домати и друг зеленчук или овошје од пазарот во Кукуш, кога е пазарен ден.

„Во последните 50 години сум бил само еднаш, и тоа службено, така што воопшто и немало прилика да ми се случи нешто непријатно. Едноставно, не се чувствувам комотно таму. И не се плашам од Грците, туку од себе. Се плашам да не бидам испровоциран на кој било начин. Познавајќи се себеси, во тој случај не би одговарал за своите постапки“, ни рече Џамбазов.

Во принцип, тој вели дека мрази патувања надвор од Македонија, зашто како помлад многу патувал. Минатата година, по долго време тој беше во Канада, каде што со гитаристот Игор Атанасовски- Харе одржа концерт за македонските иселеници.„Авантурата со Харе во Канада беше едно прекрасно искуство. И трауматично истовремено. Авиони, аеродроми, царини, визи, нервози. Но ете, се случи. На есен ќе имам неколку концерти со Пере и неговиот ‘Нокаут’ во Германија, а пролетта 2026, ако сѐ биде во ред, во план се седум концерти со Харе низ Канада и Америка“, вели Џамбазов.За претставата “12” во режија на Синиша Ефтимов во која игра со 11 негови познати колеги вели дека е чудо од претстава од повеќе аспекти, а меѓу актерите меѓусебно нема ѕвезди.

Куќата во која Џамбазов во моментов претстојува во Дојран (Фото: СДК. МК)

„Тоа е едно врвно театарско остварување, кое стана магнет за публиката. Веќе има луѓе кои ја гледале повеќепати. Еднаш од партерот, еднаш од столчињата кои се наоѓаат на самата сцена. И секој пат е различно. И забавно. И за нас, и за публиката. А што се однесува до статусот ‘ѕвезди’, тие во претставата фактички и не постојат. Суетите ги закопавме длабоко уште за време на пробите. ‘12’ е најтимската претстава во која сум играл. И еве, на само две години пред пензија, повторно ми се случува, како во младоста, едвај да чекам да почне претставата. Со иста возбуда и благопријатна трема како пред 40 години“.За неговиот матичен театар МНТ вели дека моментално се работи како никогаш досега.

„Се направија уште неколку многу квалитетни претстави, публиката на голема врата се враќа во театарот. Сега сме концентрирани на подготовките за прославата ‘80 години МНТ’ која треба да се одржи на почетокот на ноември, и ќе биде вистински театарски спектакл. И едвај чекам“, вели актерот.Како креативен човек полн со интересни идеи, за следниот период вели дека има сешто на повидок. Многу нови песни за него и за други пејачи, две нови книги кои чекаат промоција, неколку филмови.

„Некои веќе ги снимив, некои во моментов се во почетна фаза.  Имам понуди за настапи и гостувања еден куп. Сепак, најсреќен сум кога сум во мојот златен Дојран, и кога не работам апсолутно ништо. Само да гледам во езерото, да се будам со сонцето и да дишам од ветерот“, вели Џамбазов.

М. ЏАРОВСКА, SDK.MK

   

Најново

Возач од Скопје е тешко повреден, излетал од автопатот кај Ветерско

Sase Ivanovski

„БЕЛАНОЦА-БАРОН“ – КОНТРАГРУПАТА НА „ДУЌАНЧИК-АРАЧИНОВО/ГРЧЕЦ“, УБИЛА И ЧОВЕК ШТО ГИ ПРЕДАЛ ИЗБЕГАНИТЕ ИСМАИЛОВИЌ И ДЕМИРИ ЗА МАСАКРОТ КАЈ СМИЉКОВСКО ЕЗЕРО

Sase Ivanovski

Јахоски во Турција бил на матура кај синот – Обвинителството одобрило, а Судот одлучил за привремен пасош

Sase Ivanovski

Се помалку мајстори, нема кој да ни ги поправа автомобилите

Sase Ivanovski

Лани се поделени над 235 милиони евра државна помош

Sase Ivanovski

ПО ОСУМ МЕСЕЦИ ПОЧИНА И БЕБЕТО НА РОДИЛКАТА КОЈА УМРЕ ПРИ ПОРОДУВАЊЕ ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

Sase Ivanovski

Арсовска: „Лавот“ Мицкоски не смее да писне пред Меџити и Ганиу, а не, пак, да бара одговорност за сторен криминал

Sase Ivanovski

Најавени предлози за измени на Изборниот законик и воведување една изборна единица

Sase Ivanovski

Руските сили извршија напад врз украинска воена база – 12 војници го загубија животот, повеќе од 60 се повредени

Sase Ivanovski

На приватниците им истече договорот, ќе останат ли скопјани повторно само со автобусите на ЈСП?

Sase Ivanovski

Партиите почнаа да објавуваат имиња – Обвинителството има фора од најмалку шест месеци да бара вина кај актуелните началници

Sase Ivanovski

Банките во Србија и во првите три месеци од оваа година со голем профит – над 400 милиони евра

Sase Ivanovski

Алијанса за Албанците бара итно вработување на сите здравствени работници: Почнете од Тетово!

Sase Ivanovski

Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената на струјата

Sase Ivanovski

Поранешната шефица на германската дипломатија Аналена Бербок избрана е за претседателка на Генералното собрание не Обединети нации, јави Германската новинска агенција (ДПА)

Sase Ivanovski

Медицинските сестри во Tетово продолжуваат со протестот – директорот се крие во канцеларијата, изјави дава главната медицинска сестра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кузеска: Началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата од полноќ намалени за 0,5 денари

Sase Ivanovski

Рашомонијада од предлози за промена на изборниот модел

Sase Ivanovski

Ангелов: ДЗС и Центарот за управување со кризи ќе се обединат во една институција по локалните избори

Sase Ivanovski

Maж сред бел ден ограбен во скопски Центар

Sase Ivanovski

СДСМ: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски за Кочани е Дејан Салтировски

Sase Ivanovski

Неготинецот кој пукал во куче и го ранил, на место полно со деца и возрасни, доби условна осуда и глоба од 400 евра

Sase Ivanovski

ВЛАДАТА ЦЕЛОСНО ГИ УКИНУВА ЦАРИНИТЕ ЗА СТОКИТЕ ОД САД, ОЧЕКУВА РЕЦИПРОЦИТЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Блокадата на косовското собрание ризик за бизнисот – „висат“ над 1,2 милијарди евра

Sase Ivanovski

До пред месец во притвор, сега на Босфор: Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул

Sase Ivanovski

Кој е новиот полски претседател Карол Навроцки – историчар, боксер и хулиган, симпатизер на движењето МАГА

Sase Ivanovski

Масовен украински напад со дронови: Русија тврди дека пресретнала 162 беспилотни летала

Sase Ivanovski

Иако Бајден беше најефикасниот демократски претседател уште од времето на Линдон Џонсон, во исто време тој е и човекот што толку многу му помогна на Доналд Трамп да се врати во Белата куќа

Sase Ivanovski

Полицијата издала 21.178 сообраќајни казни во текот на мај

Sase Ivanovski

Обвинителството доби уште една пријава за фалсификат ТОЕФЛ

Sase Ivanovski

(ФОТО) „Тигрите“ имаа показна вежба за спасување од жичницата на Водно

Sase Ivanovski

Денес секретар на партија, утре член на Комисија во АЕК – Антикорупциска ја отфрли пријавата против ова лице

Sase Ivanovski

Талентираните ученици и спортисти од Карпош можат да аплицираат за стипендии за наредната учебна година

Sase Ivanovski

Внатрешна контрола ќе добие пријави за двајца полицајци, за кои Антикорупциска нема надлежност

Sase Ivanovski

Премиерот Мицкоски очекува БДП во првиот квартал да е меѓу три и четири отсто

Sase Ivanovski

Од полноќ ќе се точат поевтини горива

Sase Ivanovski

Забранет лов на крап и црна мрена на Дебарско Езеро

Sase Ivanovski

Антикорупциска поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење

Sase Ivanovski

Левица поднесува закон за зголемување на минималната плата на 500 евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: Работната верзија од Извештајот на ЕП е значајна, бидејќи првпат се споменува посебен македонски идентитет

Sase Ivanovski

Срамота е во 21 век да говориме за хигиена, вели Герасимовски откако Центар повторно се „разбуди“ во ѓубре

Sase Ivanovski

Ни родители, ни браќа или сестри не се нафаќаат да бидат жиранти

Sase Ivanovski

Студентските протести блокираа неколку градови, Газела и Бранков мост блокирани во Белград

Sase Ivanovski

Трамп не бил информиран однапред за украинскиот напад на неколку воени аеродроми во Русија

Sase Ivanovski

Вардар 17. пат го освои Купот на Македонија

Sase Ivanovski

Без струја делови од Ѓорче Петров и Карпош

Sase Ivanovski

Георгиј – гласот на тивките, чувар на канонот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски беше и остана гласноговорник на поразената елита на криминалот и тивката капитулација

Sase Ivanovski

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ Томас Вајц очекува поддршка за извештајот во Европскиот парламент

Sase Ivanovski

Плаќаме највисоки провизии во регионот за основни банкарски услуги, реагираат од Партијата на пензионери

Sase Ivanovski

Фатени дрвокрадци во Скопско, останале и без дрва и без возила

Sase Ivanovski

Почина палестинскиот лекар кој загуби 9 од своите 10 деца во израелските напади во Кан Јунис

Sase Ivanovski

Со свечена академија Државниот завод за статистика ќе го одбележи своето 80-годишно постоење

Sase Ivanovski

Просечната европска пензија во 2022 година била 1.345 евра, Норвешка и Шведска се на врвот

Sase Ivanovski

Без струја делови од Карпош и Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

Кина ги отфрла обвинувањата на САД за кршење на привремениот билатерален договор за царини

Sase Ivanovski

Денеска се одржува втората рунда преговори меѓу Русија и Украина за потенцијално примирје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Маж фрли молотови коктели на произраелски протести во Колорадо, 6 лица се повредени

Sase Ivanovski

Богатството на руските милијардери се зголеми за 22,6 милијарди долари од почетокот на годината

Sase Ivanovski

Руската безбедносна служба спречи саботажа на железницата на Далечниот Исток

Sase Ivanovski

Најмалку шест лица се повредени во напад на руски беспилотни летала врз Харков

Sase Ivanovski

Три лица загинаа во напад врз центар за дистрибуција на хуманитарна помош во Газа

Sase Ivanovski

Во Јужна Кореја утре се одржуваат вонредни претседателски избори

Sase Ivanovski

Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска

Sase Ivanovski

Сончево и топло, максималната температура до 33 степени

Sase Ivanovski

„РАНО ЛЕТО“ ОД 33 СТЕПЕНИ НÈ OЧЕКУВА ДЕНЕС Жештината ќе се задржи цела седмица

Sase Ivanovski

СРПСКА МИНИСТЕРКА ЗА ТРАНСПОРТ: Евзони ќе се прошири, а можно е да добие и поголем број царински службеници, ќе се стави ли крај на гужвите

Sase Ivanovski

Јужна Кореја предлага враќање на воената телефонска линија со Пјонгјанг

Sase Ivanovski

100 дечиња заглавени во Албанија на враќање од карате првенство откако по втор пат автобусот се расипал на сред пат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)„Арсовска фати на дело диво поврзување на канализација – Полицијата ѝ спушти слушалка!“

Sase Ivanovski

Сузбиен е црниот пазар на лекови за болни од канцер – Клековски: Со 10 долари придонеси нема здравство како во Шведска

Sase Ivanovski

Сместен по должината на брегот на Химаре, Албанија, ZigZag Resort е проект на JA Joubert Architecture во соработка со UNS Architects. Одморалиштето усвојува линеарна цик-цак конфигурација што ја следи топографијата на теренот, овозможувајќи поглед низ целата локација …..

Sase Ivanovski

Клековски – со десетина евра придонеси не може да има здравство како во Шведска

Sase Ivanovski

Србин прободел двајца луѓе во Минхен, една од повредените му била поранешна девојка

Sase Ivanovski

По вчерашниот зафат, од „Водовод“ потврдија дека водата е безбедна за пиење

Sase Ivanovski

РЕНОВИРАНО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ ВО ИЈЗ Направена е соба со аудиометар, спирометар, проширено е и приемното одделение

Sase Ivanovski

Владата на британскиот премиер Кир Стармер не се откажува од плановите за отворање на „центри за враќање“ на мигранти во земјите од Западен Балкан

Sase Ivanovski

Чешки министер поднесе оставка откако доби донација од биткоини од осуден дилер

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ: Токму кога ќе ги завршиме подготовките за Експото, ќе одржиме предвремени избори, а на тие избори… се плашам дека направија голема грешка

Sase Ivanovski
Вчитувам....