Директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, на социјалните мрежи се пофали дека пред истекот на рокот ја завршиле санацијата на тунелите Демир Капација 1 и 2 на делницата Демир Капија – Смоквица.
„Пред истекот на рокот ја завршивме санацијата на тунелите Демир Капија 1 и 2 на делницата Демир Капија – Смоквица, дел од автопатот А1.
Јавното претпријатие за државни патишта викендов (31.05.2025 год., сабота) го пушти во нормален режим сообраќајот на делницата Демир Капија-Смоквица.
Се изврши бојадисување,промена на сите нефункционални светилки, проверка на контролните табли и осветлувањето во SOS говорниците и трафостаниците во тунелот како и проверка на функционалноста на сите камери во тунелите и надвор од нив.Со направената санација на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2 ја подигнавме безбедноста на сите на учесниците во сообраќајот“, напиша тој.