27.8 C
Скопје
02/06/2025 18:28
МАКТЕЛ

     

ДКСК ќе поднесе иницијатива за кривично гонење против јавно комунално претпријатие за сомнежи за спроеведени незаконски јавни набавки

      

Подносителот, како што информира известителот по предметот Билјана Каракашова Шулев на денешната 19-та седница, во пријавата навел дека за ист или сличен предмет за јавна набавка во 2021 година вредноста била поголема отколку во 2022 година, и според него со оглед дека станува за иста, односно идентична спецификација разликата во цена за една година отвора сомнение за коруптивно однесување во првиот случај на набавка.

-Со цел проверка на наводите од пријавата ја побаравме и обезбедивме целокупната документација, заклучивме дека клучен фактор кој влијаел на разликата на цените е отфрлање на понудата на едниот економски оператор во 2021 година. Имајќи предвид дека дополнително безбедносниот лист бил предвиден како услов за квалитативен избор договорниот орган можел да побара појаснување или дополнување на документацијата како што било сторено во јавната набавка во 2022 година, но тоа не било сторено и во постапката за јавна набавка останал еден економски оператор.

   

Анализирањето на двете постапки за јавни набавки упатува на сомневање дека од страна на служебните лица на јавното претпријатие е постапено спротивно на начелата за конкуренција помеѓу економските оператори и еднаков третман и недискриминација. Имено, изнесеното упатува на сомневање дека во тендерската документација во 2021 година се утврдени технички спецификации кои не одговараат со вистинските производи на пазарот, произлегува дека постои сомневање на погрешно дефинирање на спецификации за продукти кои не постојат на пазарот. Дополнително од увидот на документацијата за реалзиација на двете набавки не може со сигурност да се утврди што е испорачано, рече Каракашова Шулев.Членовите на Комисијата одлучија да биде поднесе иницијатива за кривично гонење до Основното јавно обвинителство.

Антикорупционерите на денешната седница, разгледаа и пријава против директор на Казнено поправен дом со наводи за злоупотреба на службената положба и овластувања, која беше затворена, поради немање елементи за понатамошно постапување. Како што посочи членот на ДКСК Зоран Богоевски, според пријавата директорот на одредени лица им исплаќал плата, иако не се појавувале на работа со што била нанесена материјална штета на установата, а воедно во пријавата се наведува дека се изврешени и злоупотреби по однос на боледувања.

-Заради проверка на наводите и утврдување на фактичката состојба се обративме до Државниот инспекторат за труд со барање за вршење на вонреден инспекциски надзор. Од страна на инспекторатот е постапено. Извршени се два инспекциски надзора и доставени ни се записници според кои утврдивме дека од страна на инспекторатот не биле утврдени прекршоци, односно според увидот од електронската евиденција не е констатирано отсусто на наведените вработени додека по однос на злоупотреба на боледувањето биле издадени од страна на здравствена институција и овластен лекар. ДКСК утврди дека нема елемнти за понатамошно постапување, истакна Богевски.

ДКСК разгледа и пријава за недподнесување на имотна состојба за две лица и тоа директор на општа Болница Куманово и директорот на Здравствен дом Куманово. ДКСК по извршениот увид констатира дека за првото лице од денот на именување до престанок има поднесено изјава за имотна состојба до ДКСК, а во врска со второто лице е констатирано дека лицето не било именувано за в.д директор туку бил со овластување, со што се донесе одлука предметот да се запре.

Антикорупционерите разгледаа и наводи за незадоволство по постапување на Комисија за одлучување по барање за денационализација по поднесено барање за денационализација. Според пријавата подносителот заедно со други баратели доставиле барање за денационализација во декември 2007 година до Управата за имотно правни рбаоти, а во врска со враќање во сопственост на недвижен имот кој претходно бил одземен. Подносителот наведува дека по барањето се уште не било постапено.

Во пријавата било посочено дека за овој предметен случај се водело постапка пред Управен суд кој имал донесено пресуда во која се даваат насоки да се дозволи бараната денационализација како и насоки од судот кој требало да се следат од првостепениот орган во овој случај Комисијата при Министерството за финансии. Тужбата на тужителот била уважена од страна на Управен суд, а решението за денационализација било поништено и на Комисијата и било наложено да донесе нов управен акт за што според пријавата се уште не било постапено.

-Со цел проверка на овие наводи доставивме барање до Министерството за финансии односно до комсијата и во законскиот утврден рок ги добивме бараните информации и податоци при што министерот за финансии преку наведената Комисија не извести дека постапката во врска со донесената пресуда од Управен суд и дека на министерствто да наложи нов управен акт е испочитувано од страна на министерот и дека комисијата има донесено ново решение од 2025 година со кое барањето е уважено, односно недвижниот имот е вратен во сопственост на барателите, според тоа ДКСК утвррди дека нема елементи за понатамошно постапување, рече членот Зоран Богоевски.

ДКСК разгледа и предмет по пријава поднесена од непознат подносител против началник за економски криминал од Македонски Брод, со наводи дека ова лице несразмерно го зголемило својот имот во споредба со неговите редовни примања и дека изнудувал парични средства од лица на кои поднесувал кривични пријави и дека добивал парични приливи од странство и дека истите не се пријавени. Комисијата по овој случај констатира дека нема елементи за надлежно постапување со обрзложение дека се работи за прашања од законска надлежност на друг орган.

-Имено, според членот 70 став 2 од Законот за внатрешни рбаоти работниците од министерството се должни во рок од 30 дена да пријават зголемување на имотот или имотот на некој од членовите на семејството како и промена на интереси во постапка и услови утврдени со закон до надлежната организациска единица во министерството, а согласно акцискиот план за имплементација на антикорупциската програма за 2025 година одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди врши контрола на обврската за пријавување на имоти и интереси од страна на вработените во министерството, посочи членот на комисијата Софија Спасова Медарска.

Комисијата по разгледување на пријава поднесена против судија на Основен суд со изнесен сомнеж за слоупотреба на службена положба при постапување на судски предмети констатира дека ДКСК нема елементи за постапување од причина што пријавените дејствија не биле дејствија по кои Комисијата нема надлежност да постапува, а предметот ќе бил доставен на понатамошно надлежно постапување до надележен орган односно до Судскиот совет.

На седницата, исто така, се разгледуваше и пријава против полициски службеник со наводи дека службеното лице учествува во криминални истраги, односно како сопственик на угостителски објект подолг временски период врши малтретирање врз локалното население преку заплашување, закани, омаловажување, исто така во делот од поднесената пријава е посочено дека службеното лице го користи службеното оружје надвор од работно време. Членовите на комисијата посочија дека на оваа пријава е доставено дополнение со кое се наведува дека во делот кај што живее службеното лице предизвикан е пожар во една куќа како дополнителна околност на пријавата.

-Констатиравме дека не е во надлежност на постапување на ДКСК, туку овие прашања се во надлежност на МВР. Исто така, направивме анализа на јавните информации и увидовме дека Јавното обвинителство веќе има поведено постапка против наведеното лице поради што предметот треба да се затвори, констатира членот на Комсиијата, Цвета Ристовска.Комисијата разгледуваше и други пријави против судии и полициски службеници за кои констатира дека немаат надлежност за постапување.

   

Најново

Скопските улици забележаа рекорден број учесници на „Вози право, вози здраво“ vol.9 со позитивна порака

Sase Ivanovski

Асмир Јахоски патувал надвор од државата со патна исправа со ограничен рок на важење издадена од МВР по решение на Апелација

Sase Ivanovski

Мајка во МВР пријавила насилство, децата и биле истепани од таткото, дедото и бабата

Sase Ivanovski

Еруптираше Етна на Сицилија, облакот од пепел достигна 6.400 метри – на пилотите им е издаден црвен аларм, во тек е евакуација на туристите

Sase Ivanovski

Павле Трајанов: Демократски сојуз поднесе предлог за измени на Изборниот законик

Sase Ivanovski

„ПРЕД ИСТЕКОТ НА РОКОТ, ЈА ЗАВРШИВМЕ САНАЦИЈАТА НА ТУНЕЛИТЕ ДЕМИР КАПИЈА 1 И 2“: Трајановски се пофали

Sase Ivanovski

ЕУ собра 1,5 милион денари за Кочани на настаните во рамки на Денот на Европа

Sase Ivanovski

СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Дали е ова реформа која може скапо да чини?

Sase Ivanovski

ЕСМ ќе се задолжува уште 30 милиони евра кај домашна банка

Sase Ivanovski

ОВА СЕ НОВИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДИРЕКТОРСКИОТ БОРД НА НАЈМОЌНАТА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА КОМПАНИЈА – изгласани се од Собранието на акционери во петокот

Sase Ivanovski

ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИ НА ЦРНОГОРСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ ВРТОГЛАВО РАСТАТ: Еден квадратен метар покрај море е поскап од злато

Sase Ivanovski

ПРЕЗЕМАЊЕТО НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА СТАНУВА СЕ ПОИЗВЕСНО: Алта банка со известување до Комисијата за заштита на конкуренцијата, еве ги деталите

Sase Ivanovski

Штипјанец возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајка

Sase Ivanovski

„ЛУЃЕТО ШТО КУПИЛЕ СТАНОВИ ВО ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР НЕ МОЖАТ ДА СПИЈАТ МИРНО“ – од ДУИ велат: Тие се без статички проекти и сеизмичка проценка

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈНИ КОНТРОЛИ НА ХАЛКИДИКИ: Српски туристи казнети со 200 евра!

Sase Ivanovski

„СЕ ЗАКАНУВА КОЛАПС, ЌЕ ПОЧНЕТЕ ДА ПАНИЧИТЕ“: Директорот на најголемата банка предупредува

Sase Ivanovski

МЕЧКИ СЕ РАЗДВИЖИЈА БЛИЗУ ШАРПЛАНИНСКИТЕ СЕЛА: Меловски вели дека прихраната на диви животни е голема грешка

Sase Ivanovski

Зеленски: Склучуваме одбранбени договори со балтичките и северноевропските земји

Sase Ivanovski

ЛИДЛ СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР Компанијата најави одржливи инвестиции и модерна инфраструктура низ целата земја

Sase Ivanovski

Африкански бран ја зафати Македонија: Температури до 37°C и можна појава на попладневни невремиња

Sase Ivanovski

Како Катастар ги запишал дивоградбите од Чаир, објаснува директорот Живковски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЌЕ ЈА СКРШЕШЕ МАСАТА КОГА ДОБИ ШАХ-МАТ: Магнус Карлсен поразен од индиецот Гуќеш

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД нема да ги преиспитува забраните за автоматско оружје и шаржери со голем капацитет

Sase Ivanovski

Струјата не поскапува, енергетските компании нема да побараат повисоки цени

Sase Ivanovski

Герасимовски: Јавен повик за „Центарска симфонија“, музички спектакл во срцето на Скопје

Sase Ivanovski

Возач од Скопје е тешко повреден, излетал од автопатот кај Ветерско

Sase Ivanovski

„БЕЛАНОЦА-БАРОН“ – КОНТРАГРУПАТА НА „ДУЌАНЧИК-АРАЧИНОВО/ГРЧЕЦ“, УБИЛА И ЧОВЕК ШТО ГИ ПРЕДАЛ ИЗБЕГАНИТЕ ИСМАИЛОВИЌ И ДЕМИРИ ЗА МАСАКРОТ КАЈ СМИЉКОВСКО ЕЗЕРО

Sase Ivanovski

Јахоски во Турција бил на матура кај синот – Обвинителството одобрило, а Судот одлучил за привремен пасош

Sase Ivanovski

СДК.МК: ДОЈРАН МИ ЈА ДОНЕСЕ ТРЕТАТА МЛАДОСТ ОТИ ВЕЌЕ ДВЕ ПОТРОШИВ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ КОЈ ГРАДИ КУЌА СО ПОГЛЕД НА ЕЗЕРО

Sase Ivanovski

Се помалку мајстори, нема кој да ни ги поправа автомобилите

Sase Ivanovski

Лани се поделени над 235 милиони евра државна помош

Sase Ivanovski

ПО ОСУМ МЕСЕЦИ ПОЧИНА И БЕБЕТО НА РОДИЛКАТА КОЈА УМРЕ ПРИ ПОРОДУВАЊЕ ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

Sase Ivanovski

Арсовска: „Лавот“ Мицкоски не смее да писне пред Меџити и Ганиу, а не, пак, да бара одговорност за сторен криминал

Sase Ivanovski

Најавени предлози за измени на Изборниот законик и воведување една изборна единица

Sase Ivanovski

Руските сили извршија напад врз украинска воена база – 12 војници го загубија животот, повеќе од 60 се повредени

Sase Ivanovski

На приватниците им истече договорот, ќе останат ли скопјани повторно само со автобусите на ЈСП?

Sase Ivanovski

Партиите почнаа да објавуваат имиња – Обвинителството има фора од најмалку шест месеци да бара вина кај актуелните началници

Sase Ivanovski

Банките во Србија и во првите три месеци од оваа година со голем профит – над 400 милиони евра

Sase Ivanovski

Алијанса за Албанците бара итно вработување на сите здравствени работници: Почнете од Тетово!

Sase Ivanovski

Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената на струјата

Sase Ivanovski

Поранешната шефица на германската дипломатија Аналена Бербок избрана е за претседателка на Генералното собрание не Обединети нации, јави Германската новинска агенција (ДПА)

Sase Ivanovski

Медицинските сестри во Tетово продолжуваат со протестот – директорот се крие во канцеларијата, изјави дава главната медицинска сестра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кузеска: Началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата од полноќ намалени за 0,5 денари

Sase Ivanovski

Рашомонијада од предлози за промена на изборниот модел

Sase Ivanovski

Ангелов: ДЗС и Центарот за управување со кризи ќе се обединат во една институција по локалните избори

Sase Ivanovski

Maж сред бел ден ограбен во скопски Центар

Sase Ivanovski

СДСМ: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски за Кочани е Дејан Салтировски

Sase Ivanovski

Неготинецот кој пукал во куче и го ранил, на место полно со деца и возрасни, доби условна осуда и глоба од 400 евра

Sase Ivanovski

ВЛАДАТА ЦЕЛОСНО ГИ УКИНУВА ЦАРИНИТЕ ЗА СТОКИТЕ ОД САД, ОЧЕКУВА РЕЦИПРОЦИТЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Блокадата на косовското собрание ризик за бизнисот – „висат“ над 1,2 милијарди евра

Sase Ivanovski

До пред месец во притвор, сега на Босфор: Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул

Sase Ivanovski

Кој е новиот полски претседател Карол Навроцки – историчар, боксер и хулиган, симпатизер на движењето МАГА

Sase Ivanovski

Масовен украински напад со дронови: Русија тврди дека пресретнала 162 беспилотни летала

Sase Ivanovski

Иако Бајден беше најефикасниот демократски претседател уште од времето на Линдон Џонсон, во исто време тој е и човекот што толку многу му помогна на Доналд Трамп да се врати во Белата куќа

Sase Ivanovski

Полицијата издала 21.178 сообраќајни казни во текот на мај

Sase Ivanovski

Обвинителството доби уште една пријава за фалсификат ТОЕФЛ

Sase Ivanovski

(ФОТО) „Тигрите“ имаа показна вежба за спасување од жичницата на Водно

Sase Ivanovski

Денес секретар на партија, утре член на Комисија во АЕК – Антикорупциска ја отфрли пријавата против ова лице

Sase Ivanovski

Талентираните ученици и спортисти од Карпош можат да аплицираат за стипендии за наредната учебна година

Sase Ivanovski

Внатрешна контрола ќе добие пријави за двајца полицајци, за кои Антикорупциска нема надлежност

Sase Ivanovski

Премиерот Мицкоски очекува БДП во првиот квартал да е меѓу три и четири отсто

Sase Ivanovski

Од полноќ ќе се точат поевтини горива

Sase Ivanovski

Забранет лов на крап и црна мрена на Дебарско Езеро

Sase Ivanovski

Антикорупциска поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење

Sase Ivanovski

Левица поднесува закон за зголемување на минималната плата на 500 евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: Работната верзија од Извештајот на ЕП е значајна, бидејќи првпат се споменува посебен македонски идентитет

Sase Ivanovski

Срамота е во 21 век да говориме за хигиена, вели Герасимовски откако Центар повторно се „разбуди“ во ѓубре

Sase Ivanovski

Ни родители, ни браќа или сестри не се нафаќаат да бидат жиранти

Sase Ivanovski

Студентските протести блокираа неколку градови, Газела и Бранков мост блокирани во Белград

Sase Ivanovski

Трамп не бил информиран однапред за украинскиот напад на неколку воени аеродроми во Русија

Sase Ivanovski

Вардар 17. пат го освои Купот на Македонија

Sase Ivanovski

Без струја делови од Ѓорче Петров и Карпош

Sase Ivanovski

Георгиј – гласот на тивките, чувар на канонот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски беше и остана гласноговорник на поразената елита на криминалот и тивката капитулација

Sase Ivanovski

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ Томас Вајц очекува поддршка за извештајот во Европскиот парламент

Sase Ivanovski

Плаќаме највисоки провизии во регионот за основни банкарски услуги, реагираат од Партијата на пензионери

Sase Ivanovski

Фатени дрвокрадци во Скопско, останале и без дрва и без возила

Sase Ivanovski

Почина палестинскиот лекар кој загуби 9 од своите 10 деца во израелските напади во Кан Јунис

Sase Ivanovski

Со свечена академија Државниот завод за статистика ќе го одбележи своето 80-годишно постоење

Sase Ivanovski
Вчитувам....