Шведска треба постепено да ги укине меѓународните посвојувања, изјави во понеделник комисија назначена од владата, по истрагата поттикната од загриженоста дека децата биле одземени од нивните биолошки родители без дозвола.
Ламин Јамал: Јас еден ден во Реал Мадрид? Не, невозможно!
Меган Маркл наскоро се враќа на Нетфликс: Војвотката од Сасекс подготвена за нова авантура
Фифти сент со остра реакција: „Доналд Трамп не смее да го помилува Диди, ќе му се јавам на претседателот“
„Денес стана уште појасно дека со децении, децата и родителите биле погодени и оштетени во контекст на меѓународно посвојување“, изјави министерката за социјални услуги Камила Волтерсон Гронвал.
Комисијата идентификуваше неправилности, вклучувајќи нелегални посвојувања и други неетички практики, се вели во соопштението на Министерството за здравство и социјални работи, пишува Ројтерс.
Шведска ја започна истрагата во 2021 година, поради растечките загрижености дека посвоените деца можеби биле нелегално одземени од нивните биолошки родители. Во Шведска има речиси 60.000 меѓународни посвоени деца, се наведува во извештајот на Комисијата.
Во извештајот се препорачува официјално извинување до посвоените лица и нивните семејства, како и финансиска помош за да им се помогне на посвоените лица да патуваат во нивната земја на потекло.
Холандија во декември соопшти дека постепено ќе ги укине меѓународните посвојувања во текот на следните шест години, додека Швајцарија во јануари соопшти дека исто така планира да ја прекине оваа практика, поради загриженост за злоупотреба.Валтерсон Гронвал рече дека владата сега ќе ги анализира наодите и предлозите на комисијата.