Австралиската актерка Клер Мекан се обидува да собере средства за криогено зачувување на телото на својот 13-годишен син Атреју кој си го одзеде животот минатиот месец поради малтретирањето што го трпело на училиште.
Клер Мекан, откако нејзиниот син си го одзеде животот, истакнува дека е скршена, но дека се надева дека со помош на криогено зачувување на телото ќе може да го „врати во живот“.
„Седам покрај него во мртовечницата и го бакнувам. Знам дека од четврток ќе морам да го ставам во вештачка вреќа за спиење, да го опкружам со мраз, бидејќи само така постои барем минимална шанса. Но, ако не успеам да обезбедам пари, како да му го направам тоа на своето дете“, изјавила скршената мајка за „Дејли мејл“.
Нејзиниот син Атреју бил нејзино единствено дете. Како што истакнува Клер, во текот на училишниот камп, насилниците му ја туркале главата под вода, го исмејувале, му цртале по рацете и секојдневно го понижувале. Последниот месец тој дури и не одеше на училиште.„Никогаш не требаше да го пратам таму. Системот мора да се промени. Сè додека училиштата не преземат одговорност, секое дете треба да се школува дома“, нагласила таа.
Клер Мекан рекла дека малтретирањето започнало само неколку дена по првиот ден на Атреју во средно училиште. Како што наведуваат, малтретирањето никогаш не било официјално пријавено.
Таа, исто така, навела дека Атреју бил подложен на сексуално вознемирување и континуирано вербално насилство во текоте на кампот, без да му се даде психолошка поддршка.Министерството за образование на Нов Јужен Велс соопшти дека ги сфаќа сериозно сите обвинувања за малтретирање и дека има воспоставено политики за справување со ваквите проблеми.„Скршени сме поради смртта на ученикот од средното училиште во Сиднеј и им изразуваме најдлабоко сочувство на семејството, пријателите и членовите на заедницата.“