17.8 C
Скопје
02/06/2025 22:00
МАКТЕЛ

     

Просторот околу Собранието ќе биде прогласен за безбедносна зона, предлог-законот стигна во парламентот

      

Ако се погледне списокот на потпишаните предлагачи, од власта и од опозицијата, станува збор за предлог-закон за кој Собранието има консензус за потребата од негово носење, по скратена постапка
Една од причните за носењето на ваков закон е што една парцела во непосредба близина на Собранието пред 12 години стана сопственост, односно беше купена од скопска компанија која на неа требаше да гради катна гаража. По години никаква активност на терен од страна на компанијата, изградбата на катната гаража се актуелизираше во втората половина на минатата година
Според предложеното законоско решени, во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (доколку биде денесе) отуѓеното земјиште се враќа во владение на Република Северна Македонија, а на поранешниот сопственик му се враќа износот уплатен како купопродажна вредност согласно договорот за купопродажба, зголемен за трошоците на надоместокот за уредување на земјиштето и евентуалните вложувања
Предлог-закон со кој просторот околу Собранието на Република Северна Македонија ќе се прогласи за безбедносна зона е доставен во законодавниот дом и треба да се најде пред пратениците.

Зградата на Собранието на Република Северна Македонија / Фото: Архива
Предлагачи на законот, кој, како што е наведено во него, ќе се носи по скаратена постапки, се група пратеници. Конкретно на Предлог-законското решение, што денеска е архивирано од собраниските служби се потпишани претседателот на Собранието, Африм Гаши, координаторот на пратениката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, потпретеседателката на законодавниот дом, Весна Бендевска од редовите на ЗНАМ, координаторот на пратенчката група на СДСМ, Оливер Спасовски, координаторот на пратеничката група на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, Блерим Беџети, координаторот на пратеничката група на владејачката коалција на партии на Албанците ВЛЕН, Беким Ќоку и коодинаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов.

   

Ако се земе предвид списокот на потпишаните предлагачи, станува збор за предлог-закон за кој членовите на Собранието имаат консензус за потребата од негово носење.
„Врз основа на член 71 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и членовите 139,144 и 175 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, Ви поднесуваме Предлог на закон за прогласување на просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона, по скратена постапка“,

се наведува на почетокот на Предлог-законот.
Со него, како што се наведува во воведниот дел од документот, односно со прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона се уредува статусот, вкупната површина, границите на земјиштето, употребата, обезбедувањето, како и надзорот и уредувањето на имотно-правните прашања поврзани со просторот околу зградата на законодаввниот дом.

Зошто ќе се носи ваков закон
„Со Предлогот на законот за прогласување на просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона ќе се овозможи слободен пристап на пратениците, надворешните лица кои учествуваат во работата на Собранието (преставници на Владата и на органите на државната управа и на други органи) и на вработените во Службата на Собранието, во просторот околу Собранието и истовремено ќе се заштити објектот, пратениците, Службата и просторот околу Собранието кој е прогласен за безбедносна зона за искористување за потреби, кои не се на Собранието и објектите кои се наоѓаат во негова непосредна близина, а се во границите на безбедносната зона“,

се наведува во образложението на предлог-законското решение.
Дополнителна причина за носењето на ваков закон е што една парцела во непосредба близина на Собранието пред 12 години стана сопственост, односно беше купена од компанијата „Анго“ која на неа требаше да гради катна гаража. По години никаква активност на терен од страна на компанијата, изградбата на катната гаража се актуелизираше во втората половина на минатата година.

Ова како една од причините за носење на Предлог-законот е наведено и во самото негово образложение.
„Дополнителна причина за донесување на овој закон е тоа што во изминатиот период просторот околу Собранието како атрактивна локација во строгиот центар на градот во постапка со електронско јавно надавање беше отуѓена дел од катастарската парцела на правно лице и во непосредна близина на Собранието се планира изградба на катна гаража за комерцијални цели“,

се вели во текстот, објавен на веб-страницата на Собранието.
Предлагачите, во текстот, исто така посочуваат дека прогласувањето на просторот околу парламентот за безбедносна зона не е непознаница и како компаративни примери наведуваат дека како безбедносни зони се уредени парламентите на повеќе европски држави. Посочени се парламентите на Австрија, Белгија, Германија, Романија и Унгарија.

Принтскрин од Предлог-законот за прогласување на просторот околу Собранието на РСМ за безбедносна зона, по скратена постапка
Инаку, вакво законско решение од Собранието се најавуваше уште минатата година, а претседателот на законодавниот дом Африм Гаши на крајот на јануари годинава на бирфинг со новинарите рече дека текстот на законот е 99 отсто готов и оти во февруари треба да се најде во собраниска процедура. Тоа не се случи во февруари, но по четири месеци тој сега е доставен во собраниска процедура со потписи од пратеници и од власта и од опозицијата.

Што е безбедносна зона
Предлог-законот има вкупно 12 члена, од кои првиот се однесува на прогласувањето на просторот околу Собранието за безбедносна зона.
Членот 2 вели дека „безбедносната зона од членот 1 од овој закон претставува јавен интерес од значење за државата“, додека во членот 3 е дефинирано што преставува безбедносна зона.
„Безбедносната зона е површината на просторот околу објектот на Собранието со дефинирана граница којашто ги опфаќа земјиштето и воздушниот простор, до која од безбедносни причини и заради безбедносни интереси на државата пристапот и користењето се ограничени со закон“, се вели во членот 3.
Во следниот, член 4 се наведени границите и што сè од просторот околу Собранието е предвидено да влезе во безбедносната зона.
Така, според ставот 1 од овој член границата на безбедносната зона ги опфаќа во целост Катастарската парцела КП број 13474, КП бр. 13473/2, КП бр. 13473/1, КП бр. 13473/4 и дел од КП бр. 12056/1, сите во
КО Центар 1, и зафаќа површина од 1,55 хектари или 15 546, 0474 квадратни метри.

Во ставовите 2 и 3 од овој член, пак, подетално е наведено географското протегање на парцелите, како и координатите на прекршните точки со редни броеви од 1 до 114 и 14 лака.
Принтскрин од ставовите 1, 2 и дел од ставот 3 на членот 4 од Предлог-законот
Висината на безбедносната зона во вертикала на територијална граница утврдена со претходно наведените ставови е предивдено да изнесува 100 метри.
„Во безбедносната зона, според членот 8 од предлог-законот се забрануваат:

1. градежни активности;
2. поставување на линиска и инсталациона инфраструктура;
3. одржување на јавни собири, протести или манифестации;
4. летање со дронови и други типови на беспилотни воздушни летала во воздушниот простор над Собранието и безбедносната зона и
5. вршење на други работи со кои се нарушува или оневозможува нормалното функционирање на Собранието и објектите што се наоѓаат во непосредна близина на Собранието, а се до границите на безбедносната зона.
Инаку, несењето на ова законско решение предвидува финансиски импликации, а една од нив е враќањето во владение на државата на катастарската парцела што е во сопственост на компанијата која требаше да гради катна гаража.

Фирмата „Анго“ и неизградената катна гаража
Како што објави лани „Призма“, парцелата, која се наоѓа веднаш до Собранието во 2013 година ја купи скопската компанија „Анго“ за 330 илјади евра. Фримата требаше во рок од 10 години да ја изгради катната гаража од кога Општина Центар и издаде градежна дозвил.

Сепак, се до лани, односно непосредно пред истекот на рокот, немаше видливи градежни активности на теренот.
Но, активности поврзани со катната гаража имало во судовите. Имено, според „Призма“ поради бавната работа на компанијата во 2018 година Општина Центар одлучува да ѝ ја одземе градежната дозвола, користејќи го аргументот дека фирмата заостанува зад рокот од две години за почеток на градба.

До 2021 година, општината и „Анго“ воделе две судски битки за одземањето на дозволата пред Управниот суд, кои фирмата ги добива во своја корист. Фирмата, како што објави „Призма, била застапувана од сегашниот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, тогаш во улога на адвокат. Тошковски, според објавите бил и во комисијата на Министерството за транспорт и врски за отуѓување на земјиштето, кога првпат се продаде истата парцела во 2009 година. Тогаш ја купи скопската нафтена компанија „Макоил“, која подоцна се откажа, па земјиштето го зеде семејството Трпковски.

Парцелата на која фирмата „Анго“ требаше да гради катна гаража / Фото: БИРН/„Призма“
Во меѓувреме, во ноември на седница одржана во Собрание, сопственичката на фирмата, Анкица Трпковска беше избарана за член на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), државната институција која што го регулира телекомукацискиот сектор. Државата ќе си го врати земјиштето, траен сопственик ќе биде Собранието
Доколку биде донесен, а потписите и од пратенциите на власта и од нивните колеги од опозицијата навестуваат дека тоа ќе биде случај, предлог-законот налага укинување на одобренија за градење на градби во безбедносната зона издадени до денот на влегување во сила на законот.

„Со денот на влегување во сила на овој закон правните дела во врска со земјиштето што влегува во просторот прогласен за безбедносна зона, склучени до денот на влегувањето во сила на овој закон, се раскинуваат по сила на овој закон, а прибелешките за правните дела Агенцијата за катастар на недвижности ги брише од јавната книга за запишување на правата на недвижности, по службена должност. Со раскинувањето на правните дела од ставот (2) на овој член по сила на овој закон, секоја од договорните страни е должна да го врати она што го стекнала врз основа на склученото правно дело. Во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон земјиштето од правното дело од ставот (2) на овој член се враќа во владение на Република Северна Македонија, а на поранешниот сопственик му се враќа износот уплатен како купопродажна вредност согласно договорот за купопродажба, зголемен за трошоците на надоместокот за уредување на земјиштето и евентуалните вложувања. Зголемените трошоци на надоместокот за уредување на земјиштето и евентуалните вложувања од ставот (4) на овој член се определуваат од страна на овластен проценител согласно Законот за процена. Средствата од ставовите (4) и (5) на овој член се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија. По целосно исполнување на обврските од ставовите (4) и (5) на овој член, ниедна од договорните страни од правното дело од ставот (2) на овој член, нема право на дополнителни побарувања спрема другата страна, во управни, судски или друг вид постапки“,
стои во членот 10 на Предлог-законот.
Според ставот 2 од членот 11 земјиштето што влегува во просторот прогласен за безбедносна зона Агенцијата за катастар на недвиѓности по службена долѓност го запишува како сопственост на Република Северна Македонија, со право на трајно користење.

   

Најново

(ВИДЕО) ИЗБЕГНАТА ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА: Се запали автобус полн со деца, но за среќа сите на време се евакуираа и спасија

Sase Ivanovski

25 ЗЕМЈИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА МУНИЦИЈАТА „Made in Albania“ Западниот сосед од септември започнува со производство

Sase Ivanovski

ШТО ПРЕДВИДУВА РУСКИОТ ДВОДЕЛЕН МЕМОРАНДУМ ЗА МИР? Украина доби еден куп услови

Sase Ivanovski

„ГОЛЕМАТА АКЦИЈА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИСКИТЕ ЧИТАНКИ“ Зеленски се огласи по украинскиот напад врз руските бази

Sase Ivanovski

ПРИСТИГНА БРУТАЛНАТА ОДМАЗДА НА ПУТИН Русија испали 500 дронови кон Харков, експлозиите одекнуваат во сите правци

Sase Ivanovski

ЌЕ ИМАМЕ ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА ЗА СЛЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат предлогот на ЛДП и на Демократски сојуз

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНА БУДИМПЕШТА

Sase Ivanovski

„Алта банка“ од Србија сака да ја преземе „Стопанска банка Битола“

Sase Ivanovski

АМАЛФИ, ИТАЛИЈА

Sase Ivanovski

ПУЉА, ИТАЛИЈА

Sase Ivanovski

ПАРК ВО БАРСЕЛОНА, ПРЕКРАСНО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЧОЛИЌ: Сум направил толку многу концерти кај вас, 55-60 години пеам во Македонија, се чувствувам како Македонец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јанчева: Кој е интересот на Мицкоски што штити криминал од 150 дивоградби?

Sase Ivanovski

Свадбата на Џеф Безос во Венеција предизвика гнев кај локалното население: „Тој го зароби нашиот град“

Sase Ivanovski

Британски државјанин е уапсен на „Табановце“, покажал фалсификувана возачка дозвола

Sase Ivanovski

Ердоган: Денешните преговори помеѓу Русија и Украина во Истанбул поминаа одлично

Sase Ivanovski

Светот е растргнат меѓу војните и надежта, но нашата армија е подготвена, порача Сиљановска Давкова од Криволак

Sase Ivanovski

Крвава групна пресметка меѓу средношколци во Карпош, момче е прободено со нож

Sase Ivanovski

СЕВИЉА, ШПАНИЈА, ПРЕКРАСНА

Sase Ivanovski

Филмска акција во Мостар: Дрон се обидe да прошверцува дрога и телефон во затвор

Sase Ivanovski

Андоновски: Штета што претходната власт не ги искористи капацитетите на татко ми и брат ми

Sase Ivanovski

Фифти сент со остра реакција: „Доналд Трамп не смее да го помилува Диди, ќе му се јавам на претседателот“

Sase Ivanovski

Син на славна актерка изврши самоубиство поради врсничко насилство: Мајката се обидува да го замрзне

Sase Ivanovski

Шведска ќе го укине меѓународното посвојување деца

Sase Ivanovski

Дали Исус е и Господ и Бог?: Како направена грешка при препишување на Библијата пред 1.500 години се провлекла до денес

Sase Ivanovski

ЕДИНБУРГ, ШКОТСКА, ПРЕКРАСЕН

Sase Ivanovski

Научниците забележаа поврзаност: Што го прави еден човек нарцисоиден и со какви последици?

Sase Ivanovski

ПЕРУЏА ЛИ Е КРАТОВО ЛИ Е?!

Sase Ivanovski

Ова се најчестите причини зошто браковите и врските се распаѓаат

Sase Ivanovski

Будва: Апсење поради трагичната смрт на 19-годишна девојка од Србија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТРАШНО ВИДЕО: Девојката што загина во Будва сама го одврза каишот и скокна од седиштето на параглајдерот

Sase Ivanovski

НЕВЕРОЈАТНА ФОТКА: МАКЕДОНСКИ ПРЕМИЕР СЛИКАН ПРЕД ГРЧКИ ТЕНК ЛЕОПАРД НА КРИВОЛАК ВО ДРУШТВО НА МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ ВОЈНИЦИ

Sase Ivanovski

ЛУЃЕТО ЗГРОЗЕНИ ОД НОВИОТ ПРОИЗВОД НА СЕКСАПИЛНАТА АКТЕРКА „Одвратно, понижувачки“

Sase Ivanovski

Судот пресече: ДКСК мора да даде увид во сертификатот на Бојан Христовски

Sase Ivanovski

Арсовска ги тагна амбасадите: Ќе објавам документи за сите граѓани да видат каков криминал се случува!

Sase Ivanovski

Нова улица во центарот на Скопје – виолетова улица Bestie

Sase Ivanovski

Болидот на „Ферари“ што го возеше Михаел Шумахер продаден за рекордни 15,9 милиони евра

Sase Ivanovski

Ердоган: Турција е посветена Зеленски и Путин да ги седне на иста маса

Sase Ivanovski

Умеров: Украина го доби рускиот меморандум и следната недела ќе одлучи за понатамошните чекори

Sase Ivanovski

СДСМ: Кога ВМРО-ДПМНЕ е фатена во криминал, тоа е дестабилизација

Sase Ivanovski

СДСМ со вистината за Кочани: И началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопје за мене е емотивна територија, тука имам многу пријатели – Бреговиќ во интервју за Телма

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕСМ ГО ТУЖИ ПОРАНЕШНОТО РАКОВОДСТВО И ПОРАНЕШНИ МИНИСТРИ ЗА ШТЕТА ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДОГОВОРОТ СО ТЕРМИНАЛОТ ВО АЛЕКСАНДРОПОЛИС

Sase Ivanovski

Бугарски и грчки европратеници со 300 амандмани против „македонски јазик и идентитет“

Sase Ivanovski

Скопските улици забележаа рекорден број учесници на „Вози право, вози здраво“ vol.9 со позитивна порака

Sase Ivanovski

ДКСК ќе поднесе иницијатива за кривично гонење против јавно комунално претпријатие за сомнежи за спроеведени незаконски јавни набавки

Sase Ivanovski

Асмир Јахоски патувал надвор од државата со патна исправа со ограничен рок на важење издадена од МВР по решение на Апелација

Sase Ivanovski

Мајка во МВР пријавила насилство, децата и биле истепани од таткото, дедото и бабата

Sase Ivanovski

Еруптираше Етна на Сицилија, облакот од пепел достигна 6.400 метри – на пилотите им е издаден црвен аларм, во тек е евакуација на туристите

Sase Ivanovski

Павле Трајанов: Демократски сојуз поднесе предлог за измени на Изборниот законик

Sase Ivanovski

„ПРЕД ИСТЕКОТ НА РОКОТ, ЈА ЗАВРШИВМЕ САНАЦИЈАТА НА ТУНЕЛИТЕ ДЕМИР КАПИЈА 1 И 2“: Трајановски се пофали

Sase Ivanovski

ЕУ собра 1,5 милион денари за Кочани на настаните во рамки на Денот на Европа

Sase Ivanovski

СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Дали е ова реформа која може скапо да чини?

Sase Ivanovski

ЕСМ ќе се задолжува уште 30 милиони евра кај домашна банка

Sase Ivanovski

ОВА СЕ НОВИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДИРЕКТОРСКИОТ БОРД НА НАЈМОЌНАТА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА КОМПАНИЈА – изгласани се од Собранието на акционери во петокот

Sase Ivanovski

ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИ НА ЦРНОГОРСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ ВРТОГЛАВО РАСТАТ: Еден квадратен метар покрај море е поскап од злато

Sase Ivanovski

ПРЕЗЕМАЊЕТО НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА СТАНУВА СЕ ПОИЗВЕСНО: Алта банка со известување до Комисијата за заштита на конкуренцијата, еве ги деталите

Sase Ivanovski

Штипјанец возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајка

Sase Ivanovski

„ЛУЃЕТО ШТО КУПИЛЕ СТАНОВИ ВО ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР НЕ МОЖАТ ДА СПИЈАТ МИРНО“ – од ДУИ велат: Тие се без статички проекти и сеизмичка проценка

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈНИ КОНТРОЛИ НА ХАЛКИДИКИ: Српски туристи казнети со 200 евра!

Sase Ivanovski

„СЕ ЗАКАНУВА КОЛАПС, ЌЕ ПОЧНЕТЕ ДА ПАНИЧИТЕ“: Директорот на најголемата банка предупредува

Sase Ivanovski

МЕЧКИ СЕ РАЗДВИЖИЈА БЛИЗУ ШАРПЛАНИНСКИТЕ СЕЛА: Меловски вели дека прихраната на диви животни е голема грешка

Sase Ivanovski

Зеленски: Склучуваме одбранбени договори со балтичките и северноевропските земји

Sase Ivanovski

ЛИДЛ СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР Компанијата најави одржливи инвестиции и модерна инфраструктура низ целата земја

Sase Ivanovski

Африкански бран ја зафати Македонија: Температури до 37°C и можна појава на попладневни невремиња

Sase Ivanovski

Како Катастар ги запишал дивоградбите од Чаир, објаснува директорот Живковски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЌЕ ЈА СКРШЕШЕ МАСАТА КОГА ДОБИ ШАХ-МАТ: Магнус Карлсен поразен од индиецот Гуќеш

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД нема да ги преиспитува забраните за автоматско оружје и шаржери со голем капацитет

Sase Ivanovski

Струјата не поскапува, енергетските компании нема да побараат повисоки цени

Sase Ivanovski

Герасимовски: Јавен повик за „Центарска симфонија“, музички спектакл во срцето на Скопје

Sase Ivanovski

Возач од Скопје е тешко повреден, излетал од автопатот кај Ветерско

Sase Ivanovski

„БЕЛАНОЦА-БАРОН“ – КОНТРАГРУПАТА НА „ДУЌАНЧИК-АРАЧИНОВО/ГРЧЕЦ“, УБИЛА И ЧОВЕК ШТО ГИ ПРЕДАЛ ИЗБЕГАНИТЕ ИСМАИЛОВИЌ И ДЕМИРИ ЗА МАСАКРОТ КАЈ СМИЉКОВСКО ЕЗЕРО

Sase Ivanovski

Јахоски во Турција бил на матура кај синот – Обвинителството одобрило, а Судот одлучил за привремен пасош

Sase Ivanovski

СДК.МК: ДОЈРАН МИ ЈА ДОНЕСЕ ТРЕТАТА МЛАДОСТ ОТИ ВЕЌЕ ДВЕ ПОТРОШИВ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ КОЈ ГРАДИ КУЌА СО ПОГЛЕД НА ЕЗЕРО

Sase Ivanovski

Се помалку мајстори, нема кој да ни ги поправа автомобилите

Sase Ivanovski

Лани се поделени над 235 милиони евра државна помош

Sase Ivanovski

ПО ОСУМ МЕСЕЦИ ПОЧИНА И БЕБЕТО НА РОДИЛКАТА КОЈА УМРЕ ПРИ ПОРОДУВАЊЕ ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

Sase Ivanovski

Арсовска: „Лавот“ Мицкоски не смее да писне пред Меџити и Ганиу, а не, пак, да бара одговорност за сторен криминал

Sase Ivanovski

Најавени предлози за измени на Изборниот законик и воведување една изборна единица

Sase Ivanovski

Руските сили извршија напад врз украинска воена база – 12 војници го загубија животот, повеќе од 60 се повредени

Sase Ivanovski
Вчитувам....