31.8 C
Скопје
07/06/2025 11:19
МАКТЕЛ

   

БИЉАЛИ: Македонија е пред опасна бура?!

      

Мерсел Биљали Се движи човек низ пустината, мртов уморен и речиси дехидриран. Среќава еден бедуин и го праша: „Човек, каде има вода овде?“ Бедуинот одговори: „Оди право, а по три дена сврти лево“! И ние, скоро 35 години, пола човечки живот талкаме низ пустината, скоро без цел. Oти од целта има стотина патишта, а до целта има само еден пат. Изнемоштени и жедни ама од инает не сакаме да чуеме за изворот на водата. Додека сме живи од инает нема да пиеме ниту капка вода! A водата е гласот на животот. А партијата ВМРО, по смената на својот генетски код, не сака да чуе за водата, туку сака да нè остави во жешка и опасна пустина! Тие можеби знаат зошто тоа го прават ама ние не знаеме зошто тоа го трпиме! Тие сакаат неограничена власт по секоја цена, ама бараат од нас „ограничените“ цената ние да ја платиме!

Актуелното водство на државата, по аспект на етничка манипулација, не само што не се разликува од тој „фудбалерот“ аматер од црната листа, туку знае врз своите глупости да додава и екстаза! „Фудбалерот“ го разбудил заспанoто чудовиште, а не знаел дека и самиот ќе биде изеден. Сега истата грешка во дуплирана доза ја праваат вмровците! Па допрво ќе видиме кој ќе биде изеден. Сеењето етничка омраза е како газење по „минирано“ поле, а прашање на време е кога може да се случи експлозија. Тоа газење се прави во име на некакво „чесно владеење“ кадешто оценувањето го прави црниот ѓавол. Водењето држава по логиката на едни десетина функционери околу лидерот, лесно може да заврши во амбис. Анализите на елитни европски центри за овдешната регионална безбедност се загрижувачки. Особено сега кога НАТО наликува на бездомник, а ЕУ на пустински талкач. Но, сепак се некаква куќичка што може да не штити од многу опасна бура. Инаку, залудно ќе се надеваме дека ѓаволот ќе нè спаси од пеколот!

   

Дури од инает на ЕУ, наместо неповратни пари ние се задолжуваме до самото небо. Бетер од „Грчка“! Пред ратификација на спогодбата со Велика Британија, секој наш граѓанин должел по околу 5.300 евра, а сега секој од нас должи фантастични 9.035 евра. За четири месеци долгот се покачи од 7,7 милјарди евра, на фантастични 14.3 милјарди евра. Голем дел од тој долг е „мачка во вреќа“. Претходниот долг дури се должи на постојани фискални дефицити од пандемијата кои во просек биле околу 5 проценти годишно, вели директорот на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија, Масимилијано Паолучи. Но, поради алчноста на власта за пари, попратен со тотално изостанување на потребни механизми за контрола на трошењето, јавниот долг кај нас наликува на авион без пилот!

Власта се фали лажно дека со Велика Британија има некаков „договор за стратешко партнерство“! И дека тоа ќе ни служи и како чадор ако се случи бура. Секој што знае меѓународно право, лесно може да разбере дека тука има доста недефинирани работи. Ако во иднина исплива на површина некаква засега невидлива „стратегија“, тоа ќе биде во полза на Велика Британија, а парите што ќе ги добиеме ќе наликуваат на „шведска маса“ за локалните олигарси. За народот остануваат аплаузи и макотрпното враќање на долгот, освен ако банкротираме како „Грчка“. Се мисли дека долгот е даден со цел прифаќање мигранти кои се одбиени во Велика Британија. Рака на срце, ако ги исклучиме овдешните предрасуди кон мигрантите, тоа и не е толку лоша идеја за држава која секој ден се празни. Општата бројка на населението во дравата е на слободен пад. Треба и ние, како и целиот западен свет да почнеме да прифаќаме мигранти за работна рака. Целиот нормален свет така фунлционира. Нашите можат да отидат насекаде по светот, ама тука ние не сакаме никого! Албанија веќе почна со кампови. Планетата е за сите луѓе. Развојните експерти велат дека целиот Запад немаше да има оддржлив развој без работници од југот. А кај нас што во главата имаме повеќе мувла отколку мозок, тоа е нешто најлошо!

ЕУ – омразена ѕвездичка?!

Бегајќи од патот кон ЕУ, и не успевајќи да ги испорача уставните измени, избезумената наша популистичка власт одлучи да премине од жешка во ептен врела вода! Тоа е логичен след на секоја глупава политика. И во однос на САД се фалевме со „новото нормално“ па добивме тотално „ненормални“ царини! Толку за „братството“ со САД рекламиран од страна на наши лидери, кои инаугурацијата на Трамп ја следеа со двоглед. А бројни наши поранешни претседатели и премиери биле поканети во Овалната соба во Вашингтон, и никој не прогласи некакво „чудно ново нормално“!

Бегајќи од ЕУ, не само што губиме многу неповратни пари што можеме да ги добиеме од ЕУ, туку и свесно скокаме во диви води. Албанија веќе добива околу пет милиарди евра неповратни пари само поради преговорите, а ние се задолжуваме бетер од „Грчка“, поради магарешки инает пред мост. Тоа опасно ќе ја загрозува државата, оти не е можно да се плови со скршен јарбол и без компас. Башка што новата власт го наполни бродот со буриња барут, па и мала искра може да предизвика експлозија. Премиерот не е свесен колкав барут пали кога вели „додека јас сум премиер тоа нема да се случи“. Или пак „ниту милиметар нема да отстапам додека јас сум премиер“! Со лоши пастапки за дневнополитичка потреба, на пат сме да го уриване макотрпно изградениот меѓуетнички баланс во државата. Државата не е лична сопственост на премиерот за да зборува со лична заменка. Тој е само случаен „возач“ во преполн автобус, кој поради лошо прилагодена брзина лесно може да нè фрли во бездната. Докажано е дека личните фрустрации многу лесно знаат колективно да убиваат. Најкрвавените војни се започнети токму поради лични фрустрации. Здодевната „песна“ за „бугарски диктат“ убива секоја бугарска рационалност. Тоа е ептен вкусна храна за бугарски националисти. А треба да ги храниме поумерените. Башка што зад тој „диктат“ стои француски претседател Макрон и цела ЕУ.

За таков „диктат“ најголема вина носи ВМРО-ДПМНЕ. Да имавме вистински државници, ние ќе станевме членка на ЕУ во 2004 година, или барем во 2010 година, и тоа со временото име. Но, генетски слабиот државнички капацитет на ВМРО не остави во вакво стиропор-дереџе. По логиката на нештата, утре ќе може да не блокира и Албанија, а можеби и Косово, оти штом ова второ рангирана држава за зачленување во ЕУ по падот на Берлински Ѕид ја надминаа 14 држави од ценрална и источна Европа и Средоземје (Кипар и Малта), дефинивно за Македонија се мисли дека таа нема природен имунитет за опстанок. Зошто плачеме поради Бугарите кога можевме многу пред нив да се зачлениме во ЕУ, па ние да диктиравме услови. А сега трпи и трај додека не се слуши утре да нè блокира Албанија, а можеби и Косово. Ако имаме среќа да опстоиме дотогаш. Со вакви „државници“ не ни се пишува баш добро. Тука голема вина има и паразитната МАНУ, кој е дувло на примитивен национализам србизам.

Многу во државата е нарушено и во меѓуетничката сфера, која потајно е омилен спорт на вмровското водство. Полека, но сигурно се создава опасна критична маса за дестабилизација. А мислевме дека тоа веќе е надминато. Тука не е зборот за флуидни ставови на одделни политички партии, кои ги тријат рацете дека тоа им оди на прилог, туку за граѓанско колективно незадоволство поради континуирано институционално понижување во сите сфери. Сега секој знае и со право е иритиран дека Слободните зони за странски инвестиции се пример за тешка етничка дикриминација. Имено, во Технолошките индустриски развојни зони (ТИРЗ), и едни други странски компании, со бројка на околу 50 илјади вкупно вработени, само околу 2,8 отсто се Албанци! Зошто не се води сметка за балансиран развој? А тоа не е приватна ствар на тие компании, оти на директен и индиректен начин за нив се даваат и огромни буџетски пари и други привилегии. За такво незадоволство имаат вина и самите Албанци, оти никој од нив нема поставено ниту пратеничко прашање за тоа нешто! Кон ова ако се додаваат и бројни друго негативни пораки и постапки, работата ич не е добра. Ова не го пишувам за да станам некаков ефтин „етно-партиот“ што е рамно на ефтин примитивизам, туку како аларм од загрижен граѓанин за сериозни проблеми. Вакви поделби создаваат опасна критична маса, што може многу да нè чини. Дури и најодговорните политички партиите не се свесни во каква ризична зона состојбата е доведена! Ако ова не го знат челниците на власта и на политичките партии, подобро ќе беше воопшто да ги нема, барем немаше да се враќаме во годините на политички пубертет во почетокот на деведесеттите. Милсевме дека тоа е минато! Етничката одмазда поради грешки на некоја личност со ниско политичко расудување, покажува дека сериозен дефицит на такво расудување има особено кај постојната владина страна. Поради Дон Кихот и Санчо Панса страдаа ветерници, а поради наши донкихотовци можат да страдат многу луѓе, оти голема опасност е кога немате капацитет да владеете со себе, а владеете со други.

   

Најново

Брутално убиено момче во Белград, убиецот има 16 години

Sase Ivanovski

Апелациски суд во САД му дозволи на Трамп да го ограничи пристапот на новинарите на АП во Белата куќа

Sase Ivanovski

(Видео) Трилинг: Архитектот Мишко Ралев можен кандидат за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

Ќе нема струја на неколку улици во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Норвешки лекар осуден за силување на десетици пациентки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најбрутален руски напад врз Харков од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Маск повикува да се основа нова партија во САД

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Леле мори мајко, секој ден е бетер и бетер

Sase Ivanovski

Едно лице е ликвидирано вечерва во центарот на Белград

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ИСТОРИСКИ ДЕН

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Муцунски: Сè уште нема позитивен одговор од Бугарија за средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев на самитот на НАТО во Хаг

Sase Ivanovski

(Видео) Неофицијално учествувал градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу: Сообраќајка кај Битпазар

Sase Ivanovski

Македонски тенисер од Универзитетот во Јута обвинет за силување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонија и Белгија ремизираа во Скопје

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме и смерница за креирање на идните политики

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ ЕДИНБУРГ

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ МОНМАРТР, ФРАНЦИЈА

Sase Ivanovski

Балканец смисли бизнис идеја, носи 300 евра дневно: Не купувајте стан, ова е попрофитабилно!

Sase Ivanovski

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“

Sase Ivanovski

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност за актуелни функционери

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонија започнува подготовка за пруга, интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид

Sase Ivanovski

Откако ѝ ја даде, Владата сега ќе ѝ ја одзема салата „Партизан“ на Општина Карпош

Sase Ivanovski

Пратеникот Миле Талевски избран за член на Меѓународниот секретаријат на Интерпарламентарното Собрание на Православието

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Инсистираме на спроведување на францускиот предлог

Sase Ivanovski

ФОТО | Невремето во Скопје предизвика поплава на стадионот „Тодор Проески“

Sase Ivanovski

Муцунски во Париз: Искрена благодарност за поддршката од Франција по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Гаши пресече: Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Костадиновски

Sase Ivanovski

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Sase Ivanovski

ПОБЕДАТА НА НАВРОЦКИ ЗНАЧИ ОТФРЛАЊЕ НА БРИСЕЛ Марин Ле Пен го пофали новиот претседател на Полска

Sase Ivanovski

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Sase Ivanovski

Годинава ќе можеме да вадиме електронски лични карти и возачки дозволи, најавува Андоновски

Sase Ivanovski

Мајка на жртва од Кочани: „Кој има душа и разум, нека застане со нас родителите да се бори за правда на убиените ангели

Sase Ivanovski

Во Истанбул трошоците за живот се зголемиле за речиси 50 отсто за една година

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ТРАМП: Можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се борат уште некое време“

Sase Ivanovski

Зеленски: Путин чувствува неказнивост

Sase Ivanovski

Кремљ му одговори на Трамп: Војната во Украина е егзистенцијално прашање за Русија

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното „убиство во обид“ во скопско, одредена мерка притвор

Sase Ivanovski

Барди: Во Скопје сме освојувале бодови против Италија и Англија, можеме и против Белгија!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на СДСМ со навреда за пиротехниката во Кочани – „Искажувате некрофилска тенденција“

Sase Ivanovski

Ахмети: Не се плашете, не сакаме да ја поделиме Македонија

Sase Ivanovski

Вајц: Бев мета затоа што одбив да потклекнам на притисокот од Бугарија

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Охрид СОС: Нов огромен објект никнува во старата чаршија

Sase Ivanovski

ВИДЕО | СДСМ обвини дека фирма „од периметарот“ на премиерот ја шверцувала пиротехниката во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski

Африм Гаши во интервју за порталот Нова тв: Воопшто не сме се откажале од ЕУ интеграциите

Sase Ivanovski

Русија го бомбардираше Киев како одмазда за „Пајажина“, Зеленски бара меѓународен притисок за крај на војната

Sase Ivanovski

Јаневска: Започна изработката на новата стратегија за образование што ќе важи од 2026 до 2032 година

Sase Ivanovski

ФОТО | Русија: Експлозија на железничка пруга во Воронеж, напад и во Брјанск

Sase Ivanovski

Бугарскиот премиер: Немаме билатерален проблем со Македонија, сменете го уставот и имате преговори со ЕУ!

Sase Ivanovski

„Половина година подоцна, рацете уште ви се уште покрвави“ – студентски протести во Ниш

Sase Ivanovski

Николоски се сретна со претседателката на белгиската фудбалска федерација

Sase Ivanovski

Големо невреме во Дојран, граѓаните пријавуваат прекин на струјата и интернетот

Sase Ivanovski

Од британските пари ќе се изгради болница во Кичево, откако старата не можеше да се догради 40 години

Sase Ivanovski

Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа…“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: За разлика од Ставрески, јас се што мислев му кажував во лице на Груевски, затоа бев сменет

Sase Ivanovski

Петрушевски: Струјата со СДСМ поскапе, зашто фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавното

Sase Ivanovski

Унапредување на билатералната соработка и поддршка за европските интеграции, во фокусот на посетата на Муцунски во Париз

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: ЈАС ПОМОГНАВ БЕЖОСКА ДА СТАНЕ ГУВЕРНЕР, НО ТАА ПОТФРЛИ ВО БОРБАТА СО ИНФЛАЦИЈАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: НЕ МИ ПАЃА НА ПАМЕТ ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ ДА ГИ ЧУВАМ ВО КРИПТО ВАЛУТИ, ЕЛ САЛВАДОР СЕ КОЦКАШЕ СО ТАКОВ ПОТЕГ И ТОА ЗАВРШИ КАТАСТРОФАЛНО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Евентуална девалвација на денарот би предизвикала огромен ценовен шок, имаме доволно државни резерви да го браниме курсот ако затреба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Трамп со своите крипто валути тргува со влијание, се чудам како тоа му го дозволуваат, тој се правда дека тоа го правел и Бајден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Силна валута не секогаш е добра работа, го прави извозот скап, така пропадна холандски Филипс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Муцунски: Нема одговор од Софија за иницијативата за средба на самитот на НАТО

Sase Ivanovski

Внимавајте: Утре сончево и многу топло

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Руте: Нова цел за членките на НАТО е 5% од БДП за одбрана

Sase Ivanovski

НЕ СЕ КОНСТАТИРАНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ ВО ВРСКА СО СМРТТА НА ТРИГОДИШНОТО ДЕТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Славески: Граѓаните можат да бидат сигурни, курсот на денарот останува стабилен

Sase Ivanovski

Вработени во ЈП „Комуналец Кичево“ повикани на разговор, одлагале отпад на дива депонија

Sase Ivanovski

Има преговори за измени на Изборен законик и една изборна единица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАНДОВ: Не сум сигурен дека Груевски ќе биде безбеден во затворот Идризово ако се врати

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Како Чоко Бошковски донесе реми за Македонија на гостувањето кај Белгија во 1994-година

Sase Ivanovski

Арсовска: Пред 21 година токму на Духовден е роден мојот син, по кој ми се закануваат другарчињата на Висар Ганиу

Sase Ivanovski

Кочанчанец возел со 2,25 промили алкохол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕСТ ЗНАЦИ ДЕКА СИ ИМАТЕ РАБОТА СО ЛИЧНОСТ СО НИСКА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Sase Ivanovski

Интервју со Претседателот на македонското Собрание Африм Гаши: ВЛЕН ниту е „ранета“, ниту претрпе „земјотрес“

Sase Ivanovski
Вчитувам....