Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден изрекла вкупно 180 мерки, меѓу кои за непрописно паркирање 90 санкции, 15 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет санкции за возење без возачка дозвола.
-Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за прекршоци што ги прават пешаците, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци…, соопшти денеска МВР. Сообраќајните контроли, како што велат од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Оттаму со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.