Истакнувајќи дека евидентираниот раст е поткрепен со политиките што ги води Владата, рече дека од почетокот на годината скоро 11 милијарди денари од Буџетот се вбризгани во економијата преку компаниите коишто работат на изведба на инфрструктурни проекти, близу 500 милиони денари кон компаниите кои работат на општинските проекти за кои, исто така, се обебедени средства од Буџетот, над 125 милиони евра за инвестиции на домашните компании преку Развојната банка, како и раст на просечната плата од 10,5% што е поттикнување на потрошувачката и индиректно на економијата и раст на пензиите за 2.500 денари.
Таа потенцира дека станува збор за првични сигнали коишто се поволни и претставуваат показател дека проектираниот раст од 3,7% е остварлив за оваа година и ќе биде мотор за остварување повисоки стапки на раст на среден рок кои просечно годишно би изнесувале 4,7%, а кои ќе базираат на инвестиции и во јавниот и во приватниот сектор.Имено, Државниот завод за статистика, вчера објави дека растот на БДП во првиот квартал од 2025 година изнесува 3 % и дека тој се темели на широка основа со позитивни остварувања во сите сектори.