Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави вклучување и кривични пријави. Герасимовски посочи дека натрупаниот смет создава грда слика за градот, како за граѓаните така и за туристите, и дека истиот проблем ги засега и другите општини.
„Со години наназад правиме притисок, апелираме до Јавното комунално претпријатие редовно да го чисти сметот. Граѓаните се колатерална штета, а плаќаат за таа услуга. Преку сметката за водовод плаќаме и за управување со сметот. Подготвуваме кривични пријави до комуналното претпријатие по неколку члена за заштита на животната средина и дополнително бараме законски измени во тој домен“, изјави Герасимовски.Согласен со Герасимовски беше и в.д.градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески кој рече дека ова е најболна тема за жителите на Скопје.
„Собирањето на сметот изминатите години е страшен проблем што може да прерасне во здравствен проблем. Крајно време е многу посериозно да ја сфати одговорноста што ја има јавното комунално претпријатие и Градот Скопје во однос на менаџирањето на сметот. Месечно се ангажираат од 100 до 120 луѓе што се плаќаат од нашиот буџет иако средствата ги прибира Градот Скопје, односно јавното претпријатие“, рече Митески.
Тој додаде дека дополнително на тоа општината ангажира механизација и дневно одлага од 30 до 50 кубни метри кабаст и градежен отпад, а во зависност од типот отпад за тоа се плаќа од 500 до 100 денари за кубик за одлагање на „Дрисла“.И Митевски спомена дека како општина размислуваат за преземање на порадикални чекори и изрекување на, како што рече, драконски казни кон „Комунална хигиена“.