35.8 C
Скопје
07/06/2025 14:51
МАКТЕЛ

   

Недоличности, недоследности и спинови во војната на Арсовска со власта

      

Во комуникациските ставови на политичките субјекти по отворената војна на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, против нелегалната градба и други незаконитости, може да се сретне сѐ и сешто. Невкусни квалификации, полувистини, недоследности, спинување. Најмалку има инсистирање да постапуваат органите и институциите, засега тоа најмногу го има од Арсовска, иако и таа си ги надминува надлежностите, па истовремено е и истражител и обвинител и судија

Повеќе денови трае отворената војна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска против „криминалците“ од повеќе сегменти од локалната и централната власт, при што, прво што се забележува се несоодветни реакции од сите страни, иако на прв поглед сите се појдовно принципиелни.
Во сите реакции на политичките партии, вклучувајќи ги тука и дел од реакциите на Арсовска, може да се најдат недоличности, т.е. ниско ниво на комуникација, недоследности и спинувања.

   

ВМРО-ДПМНЕ: Со жената нешто не е во ред!?
Арсовска, која беше избрана со огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во 2021 година и која откако се разиде со партијата и со лидерот Христијан Мицкоски по скандалот со „рачињата во медот“ за скопски „Водовод“ во септември 2022 година, со тековната војна на откривање криминали и „криминалци“, сериозно ја стави на тест владејачката партија. Тоа може да се види и по реакцијата на премиерот Мицкоски и по соопштенијата, особено она од 01.06.2025. Откако во саботата Мицкоски рече дека „има вистина во тоа“ дека Арсовска „се користи како инструмент за дестабилизација пред локалните избори од страна на ДУИ“, следуваше и соопштение на партијата во кое Арсовска е претставена како жена безмалку со нарушено психичко и емотивно здравје, уценета и инструментализирана од страна на СДСМ и ДУИ:

Додека таа лае по Мицкоски, нејзините вистински газди – градоначалникот на Сарај и раководството на ДУИ – си ја завршуваат работата во тишина…
Секој што имал средба со неа гледа дека нешто не е во ред, дека жената има внатрешен немир, лична конфузија и политичка дезориентација. Арсовска одамна не одлучува сама – таа е само гласноговорник на интересите на СДС и на Ахмети, а неволно или свесно, соработник на криминалот кој го притиска Скопје… Додека таа, со залутан и празен поглед – веројатно резултат на емоции и нарачки темелени врз уцени и лични слабости – напаѓа и скока во јавноста барајќи внимание кое, наместо да го добива за проекти и резултати, го бара секогаш кога сме пред избори, и тоа преку дрски и невоспитани напади кон ВМРО-ДПМНЕ, без да изусти збор за ДУИ и СДС, можеме само да констатираме дека ваквиот недоличен однос зборува најмногу за неа – и за друштвото со кое редовно се среќава по скопски Сарај и со кое сè почесто патува… Штета е што во овие 3,5 години, жената се разбудила од емоционалната сенка само трипати…– се наведува во соопштението.

Сепак, колку и да имаат аргументи кои допрва ќе ги соопштуваат, колку и да се во право за поврзаноста на Арсовска со ДУИ и со СДСМ, ако се во право, владејачката партија и премиерот не треба да заборават два, три факти. Прво, Арсовска е градоначалничка на главниот град во државата, второ, „жената“, како што велат, во јавноста изнесува документи со печат и потпис и прикажува видеоснимки во живо од започнати или завршени градби за кои тврди дека се дивоградби или за приклучоци на водоводна и атмосферска канализација на диво без дозвола од градот, за бришење на документи од Катастар и за непостапување на полицијата кога таа пријавува загрозување на нејзината и безбедноста на нејзиното семејство.

Трето, во исклучително недолично, според употребените зборови, соопштение, владејачката партија наместо со ниски удари и мешани оценки во чии делови Арсовска е претставена како личност со безмалку психички проблеми, треба да изнесе оценка за документите и снимките коишто ги покажува Арсовска. Партијата попрво треба да се занимава со итни повици до полицијата, другите органи и обвинителството да дејствуваат, а не со тоа какво е здравјето на Арсовска и од кого била уценета и со кога често патувала и се среќавала.

Конечно, ВМРО-ДПМНЕ е власт и сите обвинувања за криминално поведение на Арсовска како градоначалник има шанса преку институциите да ги провери, да ги гони и да ја задоволи правдата и законот. И токму затоа оваа соопштение на ВМРО-ДПМНЕ може да се оцени за недоследно и за обид за спин.
За СДСМ криминалите во Чаир се докажани, заедно со криминалците?
Довчерашната партија на власт, денешна опозициска СДСМ има посебно познавање на Чаир и за проблемите со дивоградбите, бидејќи со години била на власт, со години власта ја делела со ДУИ и со други партнери од албанскиот блок во таа општина, а конечно, дел од проблемите ги имаше и во т.н. „бомби“, прислушкуваните разговори од 2015 година.

Оттука, априори оценки на СДСМ дека Мицкоски бил фатен во криминал, па затоа веднаш излегол со оценка дека станувало збор за дестабилизација, не е на место и не е доследна политичка борба и комуникациски став со јавноста:
Секогаш кога Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат фатени во криминал, одговорот е ист – зборуваат за „дестабилизација“…Мицкоски зборува за дестабилизација, додека негови функционери и коалициски партнери се фатени во урбан мафијашки скандал со над 150 дивоградби во Чаир… Зошто Мицкоски не побара оставка од вицепремиерот Арбен Меџити, додека трае истрага за дивоградбите кои тој ги поставувал пред својот наследник? – се вели меѓу другото во соопштението на СДСМ, со очигледната грешка и микс меѓу Фетаи и Меџити.

Доследноста во почитувањето на правната држава подразбира истрага и оценка врз правосилни пресуди, а не пресуди на партијата кој е фатен во криминал. Покрај тоа, тие 150 дивоградби не се од вчера, т.е од јули лани кога новата влада стана ефективна, туку и од претходните години.Како олеснителна околност за СДСМ е само фактот дека 90 отсто од политичките партии така комуницираат еден за друг пред јавноста.

Меџити и Ганиу за сѐ, само не за дивоградбите
Реакциите од ВЛЕН се исто така приказна за себе. И еден од лидерите на ВЛЕН и поранешниот градоначалник на Чаир Изет Меџити и актуелниот градоначалник Висар Ганиу, во јавноста се занимаваат со сѐ и сешто, само не со дивоградбите.

Веќе пишувавме за спинувањето на Меџити пред неколку дена, кога проблемот со дивоградбите во Чаир тој го обопштува и наместо за документите и за најновите покажани од Арсовска тој вели дека во државата имало 300 илјади дивоградби и дека државата требала да се бори против тоа и со други методи а не само со законот за легализација. И тој зборуваше дека Арсовска била инструмент на дел од ДУИ, потенцирајќи ги круговите околу општина Сарај.

Од друга страна и Висар Ганиу наместо за конкретните дивоградби, најпрво се обиде да дефокусира со истурање на смет пред административните бараки на Град Скопје, а дури потоа да даде некој скромен одговор дали обвинувањата од Арсовска држат вода или не. Сега може да се забележи дека е друг дефокусот и дека Меџити и Ганиу зборуваат за дестабилизација од страна на Арсовска и ДУИ.

Арсовска не е ни обвинител ни судија
Конечно, самата Арсовска во транспарентноста што ја прави со стримингот во живо и покажувања документи во живо е во еден дел недоследна и ги надминува своите ингеренции, во смисла што таа се прикажува и во улога на истражител и во улога на обвинител и во улога на судија. Заканите за кои зборува или непостапувањето на институциите не се оправдување за непристојното обраќање или за директните квалификации за криминал.

Арсовска прелесно употребува недолични термини како што се „принцезата на дивоградбите“, „криминалчуго“, „криминалци“, итн.

Градоначалничката има право и пожелно е да изнесува документи за кои тврди дека се докази за криминал, притоа со тагирање и на дипломатските претставништва, уште подобро е кога сите докази што ги има прво ќе ги однесе директно во надлежното обвинителство, но нема право некого јавно да го третира како докажан криминалец и криминалчуга, пред за тоа да биде тој некој првообвинет, а потоа осуден од надлежен суд и тоа правосилно. Сѐ дотогаш, Арсовска треба да внимава на својот речник, зашто и таа е дел од институциите и функционер и пожелно е да употребува речник во кој се содржат зборовите се сомневаме, имаме соменавање, службите се сомневаат, итн., а целата работа да инсистира до последно да се заврши низ институциите задолжени за тоа.

Освен тоа, јавноста има право да знае за причините за, условно кажано „нападната транспарентност“ на инаку воздржаната за медиуми Арсовска, па оттука, јавноста и медиумите имаат право да поставуваат прашања и во таа насока. Дури и кога Арсовска вели „Мицкоски јас и најлоша да сум, ти треба криминалциве да ги спречиш, не да ги браниш, па макар и браќа да ти се – а не ти се“.
Пишува: Теофил Блажевски

   

Најново

Maјката на Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем, вистината ќе победи по Божја волја

Sase Ivanovski

Мајли Сајрус со шокантна исповед: Потрошив огромни пари на дрога, го лажев мојот сметководител

Sase Ivanovski

Висар Ганиу може да стане „Артан Груби момент“ за Мицкоски – Неуспехот на „Вреди“ на локалните избори ќе го стави премиерот Мицкоски во деликатна ситуација и ќе слуша како легионите на ДУИ веќе тропаат на вратата на Владата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БАЛКАНСКИ КАВГИ ЗА ЕВРОПСКО СКОПЈЕ – Данела Арсовска,Стефан Кирков-Стадион на Канал 77

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинците соборија руски Су-35 над Курск

Sase Ivanovski

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено – граѓаните да пријават штети!

Sase Ivanovski

5.500 евра казна за продажба на енергетски пијалоци на деца, Путин го потпиша законот

Sase Ivanovski

Силен земјотрес во Грција, туристи во паника бегаат од таверните

Sase Ivanovski

Во Тексас стравуваат од сериски убиец

Sase Ivanovski

Албанците се недоволно застапени во клучни институции, реагира ДУИ

Sase Ivanovski

Загина девојка од Сарај во тешка сообраќајна несреќа

Sase Ivanovski

Возачите кои транзитираат да не возат со голема брзина, немаме патишта за брзи возила

Sase Ivanovski

Утре изгор жешко со температура до 38 степени

Sase Ivanovski

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Sase Ivanovski

Уапсен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 12 години

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Sase Ivanovski

Шест месеци по бегството, на Фејсбук се огласи Артан Груби

Sase Ivanovski

Блумберг: Трамп ќе се обиде да депортира мигранти од Хаити, Куба и Никарагва на Балканот

Sase Ivanovski

Трамп против Маск: Кој може повеќе да загуби?

Sase Ivanovski

Возите кон Грција? Внимавајте на големи дупки меѓу граничните премини!

Sase Ivanovski

Утре уште потопло – со температура до 38 степени

Sase Ivanovski

КАПРИ, ИТАЛИЈА

Sase Ivanovski

И ГРЦИТЕ ИМААТ ВЕНЕЦИЈА, СЕ ВИКА АИТОЛИКО

Sase Ivanovski

На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија

Sase Ivanovski

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Sase Ivanovski

Грета Тунберг со едрилица се приближува кон Газа, сака да ја пробие израелската блокада

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Sase Ivanovski

Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле за тоа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНАТА БАРСЕЛОНА

Sase Ivanovski

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ АМСТЕРДАМ

Sase Ivanovski

Брутално убиено момче во Белград, убиецот има 16 години

Sase Ivanovski

Апелациски суд во САД му дозволи на Трамп да го ограничи пристапот на новинарите на АП во Белата куќа

Sase Ivanovski

(Видео) Трилинг: Архитектот Мишко Ралев можен кандидат за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

Ќе нема струја на неколку улици во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Норвешки лекар осуден за силување на десетици пациентки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најбрутален руски напад врз Харков од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Маск повикува да се основа нова партија во САД

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Леле мори мајко, секој ден е бетер и бетер

Sase Ivanovski

Едно лице е ликвидирано вечерва во центарот на Белград

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ИСТОРИСКИ ДЕН

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Муцунски: Сè уште нема позитивен одговор од Бугарија за средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев на самитот на НАТО во Хаг

Sase Ivanovski

(Видео) Неофицијално учествувал градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу: Сообраќајка кај Битпазар

Sase Ivanovski

Македонски тенисер од Универзитетот во Јута обвинет за силување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонија и Белгија ремизираа во Скопје

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме и смерница за креирање на идните политики

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ ЕДИНБУРГ

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ МОНМАРТР, ФРАНЦИЈА

Sase Ivanovski

Балканец смисли бизнис идеја, носи 300 евра дневно: Не купувајте стан, ова е попрофитабилно!

Sase Ivanovski

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“

Sase Ivanovski

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност за актуелни функционери

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонија започнува подготовка за пруга, интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид

Sase Ivanovski

Откако ѝ ја даде, Владата сега ќе ѝ ја одзема салата „Партизан“ на Општина Карпош

Sase Ivanovski

Пратеникот Миле Талевски избран за член на Меѓународниот секретаријат на Интерпарламентарното Собрание на Православието

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Инсистираме на спроведување на францускиот предлог

Sase Ivanovski

ФОТО | Невремето во Скопје предизвика поплава на стадионот „Тодор Проески“

Sase Ivanovski

Муцунски во Париз: Искрена благодарност за поддршката од Франција по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Гаши пресече: Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Костадиновски

Sase Ivanovski

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Sase Ivanovski

ПОБЕДАТА НА НАВРОЦКИ ЗНАЧИ ОТФРЛАЊЕ НА БРИСЕЛ Марин Ле Пен го пофали новиот претседател на Полска

Sase Ivanovski

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Sase Ivanovski

Годинава ќе можеме да вадиме електронски лични карти и возачки дозволи, најавува Андоновски

Sase Ivanovski

Мајка на жртва од Кочани: „Кој има душа и разум, нека застане со нас родителите да се бори за правда на убиените ангели

Sase Ivanovski

Во Истанбул трошоците за живот се зголемиле за речиси 50 отсто за една година

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ТРАМП: Можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се борат уште некое време“

Sase Ivanovski

Зеленски: Путин чувствува неказнивост

Sase Ivanovski

Кремљ му одговори на Трамп: Војната во Украина е егзистенцијално прашање за Русија

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното „убиство во обид“ во скопско, одредена мерка притвор

Sase Ivanovski

Барди: Во Скопје сме освојувале бодови против Италија и Англија, можеме и против Белгија!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на СДСМ со навреда за пиротехниката во Кочани – „Искажувате некрофилска тенденција“

Sase Ivanovski

Ахмети: Не се плашете, не сакаме да ја поделиме Македонија

Sase Ivanovski

Вајц: Бев мета затоа што одбив да потклекнам на притисокот од Бугарија

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Охрид СОС: Нов огромен објект никнува во старата чаршија

Sase Ivanovski

ВИДЕО | СДСМ обвини дека фирма „од периметарот“ на премиерот ја шверцувала пиротехниката во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski
Вчитувам....