35.8 C
Скопје
07/06/2025 14:48
МАКТЕЛ

   

Кога бизнис и политичките моќници стануваат уредници: влијанието зад камерите

      

Политичките и бизнис влијанија сè почесто ја диктираат уредувачката политика во медиумите, оставајќи ги новинарите без заштита и јавниот интерес на маргините. Новата анализа на ССНМ и РЕСИС открива алармантни податоци за системскиот притисок врз новинарската слобода во земјава.
Авторки: Весна Коловска и Билјана Георгиевска
„Се подготвував за емисијата кога заѕвони мобилниот. Позната докторка, политички ангажирана, самоуверено ми рече: ‘Слушнав дека вечер имаш емисија за здравството, ќе дојдам и јас!’ Додека размислував од каде дознала и кој ѝ го дал мојот број, линијата беше прекината.“

Веднаш ми стана јасно дека зад ова „самоиницијативно гостување“ стоеше менаџерот на телевизијата, бидејќи редовно влијаеше врз изборот на гостите, некогаш и врз темите, сакајќи да ги претвори дебатните емисии во спектакли.Според неговата логика, емисиите требаше да бидат бучни, кавгаџиски, со расправии и навреди до „фаќање за гуша“, додека водителот постојано повикува: „Ве молам, ве молам, бидете парламентарни!“ Тврдеше дека така се собираат лајкови и кликови на социјалните мрежи, се ангажираат голем број следбеници, се покренуваат коментари.

   

Тоа што коментарите на мрежите продолжуваа во истиот „кавгаџиски“ дух, со навреди, па дури и со говор на омраза, не го загрижуваше. Напротив, целиот тој „трафик“ го сметаше за печат за успех на програмата. Понекогаш изгледаше дека има разбирање за квалитетното и одговорно новинарство, но само до следната емисија, кога притисокот се повторуваше.“Ова новинарско искуство во домашна национална телевизија е продукт на праксата кога уредувачката политика е спој на клиентелизам, грижа да им се удоволи на политички и бизнис-кругови, со сензационалистички пристап. Во исто време е илустрација на тоа како медиумски менаџери и уредници, во спрега со овие структури, ја поткопуваат слободата на говор и го потценуваат јавниот интерес, уривајќи го квалитетот на новинарските содржини.

Но, реално, колкав е притисокот? Според истражувањето на ССНМ и на Институтот РЕСИС, 73 проценти од новинарите во приватните медиуми признале дека работат под влијание од деловните менаџери. Од нив, 25 отсто искусиле умерено влијание, 28 отсто искусиле изразено влијание, додека 20 отсто рекле дека биле под екстремно влијание.

Колку се влијателни менаџерите на медиумите врз работата на новинарите? Вкупно
Приватни Јавен сервис Други
Воопшто не се влијателни 15% 34% 15% 20%
Малку влијателни 13% 31% 8% 17%
Умерено влијателни 25% 15% 23% 22%
Многу влијателни 28% 13% 31% 24%
Исклучително влијателни 20% 8% 23% 17%
Вкупно 100% 100% 100% 100%
Овие бројки сугерираат дека дел од новинарските содржини во приватните медиуми можеби се создадени под притисок од менаџерите, односно дека за нивните автори не бил приоритет јавниот интерес и почитувањето на етичките и професионални стандарди, туку подлегнале пред интересите на директорот.

Во јавниот сервис, каде што се анкетирани 62 новинари, влијанието било пониско: само 36 проценти изјавиле дека биле под умерен до екстремен притисок. Тоа веројатно се должи и на фактот што поголем дел од анкетираните новинари во јавниот сервис не доаѓаат редовно во контакт со менаџерскиот кадар, така што влијанијата од нив не ги чувствуваат директно.Севкупно гледано, 63 проценти од вкупно анкетираните 232 новинари се изјасниле дека работат под извесно влијание од раководните структури, застапувајќи нивни интереси (најчесто на блиски политички, бизнис или други кругови) во објавените новинарски содржини наместо на прво место да биде интересот на граѓаните.

Политичко и економско влијание: медиумите како „штит“
Новинарите речиси секогаш и секаде се соочуваат со помалку или со повеќе притисоци и влијанија од различни страни. Но, во некои периоди од изминатите три транзициски децении во Македонија, потиснувањето на слободата на говор и заобиколувањето на јавниот интерес во медиумите, од политички и бизнис-фигури, менаџери и уредници во спрега со нив, некогаш достигнуваше епски размери. Незаборавни се примерите кога репортери се појавуваа на политички настани со испечатени текстови и згора на сѐ – со потцртани реченици во нив, за да нема забуна што треба да изговорат пред камера. Или очигледното форсирање теми од делокругот на бизнис-активностите на медиумскиот сопственик. Или нарачани прашања на прес-конференции за фалење или омаловажување на говорниците. Или дадени прашања во рацете на новинар што води интервју, напишани токму од соговорникот или од неговиот кабинет. Сѐ до случајот со вклучувањето на директорот во емисија во живо за да го избрка гостинот од студио. Сево ова резултираше со прилично нарушен медиумски кредибилитет и квалитет на новинарството во земјава.

Фактот што повеќето „најгледани“ телевизии беа основани и сѐ уште се во сопственост на бизнисмени со политички амбиции, всушност ги става медиумите во улога на штит на интересите на газдите, а не на јавноста, што за некои новинари е неприфатливо.Новинарката Убавка Јаневска одлучила дека е подостоинствено да остане без работа отколку да дозволи постојана редакциска интервенција во нејзините прилози во полза на владејачка партија:

„Еднаш ми сменија дел од видеоизјава во прилогот што го пратив целосно монтиран. Следниот пат ја сменија најавата – што даде сосема друг контекст. Кога министер дојде во градот, колега ме замоли да поставам прашање во негово име. Го известив портпаролот на министерот, но по кусо време видов неколку пропуштени повици од уредникот. Му пренел на снимателот да не го поставувам прашањето. Јас, сепак, го поставив – од колегијалност. Неколку часа подоцна му се јавив на уредникот и му кажав дека повеќе нема да работам за медиумот“, раскажа Јаневска.

Но, други новинари сметаат дека немаат алтернатива. Во услови на раширен клиентелизам, кој го задушува професионализмот, изборот е мал – преминувањето во друг медиум не значи поголема независност, ниту финансиска стабилност поради што подлегнуваат на притисоците на сметка на професионалните стандарди.

Приказот на влијанието од сопственик на медиум врз новинарите, според опсежната анкета на ССНМ и РЕСИС, сугерира дека дури 83 од 141 анкетиран новинар, вработени во приватните медиуми биле изложени на влијание, и тоа: 21 процент од нив на умерено, 21 процент на изразено, а 16 проценти на екстремно влијание од сопственикот на медиумот. Вкупно тоа се 83 анкетирани новинари, или 58 отсто што искусиле влијание од таков тип.

Колку се влијателни сопствениците на медиумите врз работата на новинарите? Вкупно
Приватни медиуми Јавен сервис Други
Воопшто не се влијателни 26% 39% 36% 31%
Малку влијателни 15% 25% 4% 16%
Умерено влијателни 21% 20% 20% 21%
Многу влијателни 21% 10% 20% 18%
Исклучително влијателни 16% 7% 20% 14%
Вкупно 100% 100% 100% 100%
Недостиг од професионалност во новинарството во Северна Македонија регистрира и организацијата „Репортери без граници“ во Индексот за слобода на говор за 2024 година. Во извештајот се додава дека „постои голем јаз меѓу гледаноста и довербата во медиумите“, при што се наведува дека најгледаните ТВ канали во земјава – Алсат, Сител, МТВ1 и Канал 5 – имаат низок степен на доверба.

Во овој Извештај, медиумската подложност на политички и економски влијанија е опишана како системски феномен, при што се додава дека двете најголеми партии – владејачката и опозициската – имаат создадено паралелен медиумски систем што служи за нивно политичко и економско влијание.
„Поради силната политичка поларизација, медиумите може да бидат под притисок на властите, политичарите и на бизнисмените и на национално и на локално ниво… Странските грантови базирани на проекти придонесуваат само за опстанок, но не и за понатамошен развој. Новинарството е многу несигурна професија. Некои медиумски куќи се подложени на влијание од маркетинг-агенциите“, пишува „Репортери без граници.“

Како резултат на интервенција на менаџментот, новинарот Жарко Настоски, пред две години се повлече од редакцијата „Слободен печат“, веднаш откако неговиот текст за спојување концесии за рудникот Иловица-Штука беше избришан.Текстот, објавен на 5 јули 2023 година, зборуваше за „полутајно“ дозволено спојување концесии, но беше избришан неколку часа подоцна од сајтот на медиумот. Настоски изјави дека редакцијата му објаснила дека имаат меѓусебен устен договор да не се објавуваат „непроверени информации“ во случајот со рудниците во Струмичко.

„Слободен печат“ тогаш тврдеше дека неговиот договор не бил продолжен и дека текстот бил преземен од друг портал без проверка.
Механизми за политичко и економско влијание врз медиумите
Во секојдневната работа, редакциите со малубројни новинарски тимови запаѓаат во т.н. институционализирана медиумска пасивност – новинарите главно ги репродуцираат партиските наративи преку соопштенија, без суштинска редакциска обработка. Притоа селективно ги претставуваат страните, во зависност од политичката ориентација на сопствениците на медиумите. Во таква медиумска поставеност, новинарите остануваат под влијание, јавниот интерес е потиснат, а одговорното новинарство и професионалните стандарди – заборавени.

Д-р Марина Тунева, во „Водичот за интегритет на медиумите“ (2023), вели дека овој механизам, не само што ги замаглува границите меѓу независното новинарство и политичките агенди, туку и го редефинира новинарството како медијаторска, а не аналитичка професија. Таа предлага јасна законска регулатива за политичко рекламирање, со особена внимателност кон државното рекламирање, кое се користи како алатка за медиумски клиентелизам.

Зависноста од економско-политичките врски врз редакциите ја констатира и Извештајот за напредокот на Македонија за 2024 година на Европската комисија:
политичките партии продолжуваат да користат државни средства за рекламирање;
нетранспарентноста во платеното политичко рекламирање останува проблем;
политичарите и јавните личности употребуваат неприфатлив јазик против новинарите;
судовите пријавиле 19 тужби за клевета против новинари во 2023 година,
регистрирани се шест SLAPP тужби, што укажува на недостиг од механизми за правна заштита.
Од редакциски притисоци до судски процеси
Еден од случаите што ја отсликува системската ранливост на новинарите изложени на различни влијанија е искуството на Ирена Мулачка, уредничка на „Фокус“, која зад себе има 17-годишно искуство во професијата како новинарка и уредничка.

На почетоците од нејзината новинарска кариера, во медиумот за кој тогаш работела, објавила серијал текстови за тогашен директор на клиника, за неговата работа, за начинот како ја добил дипломата и за тоа дека на незаконски начин сака да стане професор на Медицинскиот факултет.

„Иако целиот текст беше поткрепен со документи и докази, сепак директорот на клиниката ме тужеше по што се одржаа неколку судски рочишта. Но, мојот уредник во тоа време, наместо да ме заштити, всушност помогна да бидам осудена. Во редакцијата стигна анонимен имејл, дека директорот за кого пишував, не знаел англиски. Веднаш од мене беше побарано да го објавам тоа и да се потпишам. Одбив и реков дека нема да потпишам непроверена информација. Додека траеше дебатата во редакцијата, почна и судското рочиште против мене, па тргнав накај Кривичниот суд. Штом стигнав, на мое изненадување, ме пречекаа со критика дека, и покрај тоа што ме тужат, јас и тој ден сум напишала текст против директорот, во кој „тврдам“ дека не знае англиски. Под текстот беше потпишано моето име и презиме“ – објаснува Мулачка.

Во пракса, ваков непринципиелен однос во редакциите на релација уредник- (сопственици) – новинари не ретко завршува со дисциплински постапки, кратење на платата, намалување на слободите, за да кулминира и пред суд.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) годишно бележи 50 до 60 пријави за кршење на работничките и професионалните права. Но, се смета дека многу случаи на кршење на правата остануваат непријавени, дека новинарите ретко бараат правда, туку едноставно заминуваат од редакцијата или целосно ја напуштаат професијата.

„Тешко е да се утврдат причините поради кои работодавачите или, пак, уредниците преземаат мерки кон новинарите и медиумските работници, а на крајот завршуваат со некаков вид работен спор. Неретко добиваме пријави за кои основа се притисоци поради професионалните задачи, но тоа тешко се докажува“, вели Дарко Дуридански, извршен директор на ССНМ.Адвокатот ангажиран од ССНМ, Огнен Мартинов вели дека најчесто постапувал во случаи на доделување работни задачи и обврски надвор од определените со договорите за вработување склучени меѓу работниците и работодавачот, за вознемирување на работното место, промена на работното место, но и поради непочитување на работното време определено од работодавачите, како и за случаи на дискриминација и клевета и навреда.

Повелбата на ЕФН и системската правна празнина во Македонија
Според Кодексот на новинарите на Македонија, новинарот има право да одбие работна задача доколку е во спротивност со принципите за професионално и етичко новинарство.Во Повелбата за работните услови на новинарите на Европската федерација на новинари (ЕФН), стратегиски документ врз чија основа дејствуваат новинарските синдикати во регионот, разработени се главните принципи и правила врз кои треба да се засноваат односите меѓу новинарите и нивните работодавачи и уредници.

Принципот 7 го дефинира правото на новинарот да одбие да потпише содржина.
„Новинар или медиумски работник не може да биде судски гонет во случаите кога уредникот суштински ја променил содржината на нивниот новинарски производ. Новинарот или медиумскиот работник не може да биде отпуштен или да му биде раскинат договорот или да се доведе во полоша положба кога го користи ова право на работното место“, пишува во Повелбата.

Оваа меѓународна Повелба делумно е вградена во Законот за медиуми, но, сепак, недостасуваат одредби што можат да бидат основа за подобрување на слободите и правата на новинарите и медиумските работници во редакциите.
„На пример, актуелната верзија на Законот за медиуми содржи општи одредби со кои се гарантира слободата на изразување и слободата на медиумите, но не и одредби со кои се гарантира правото на здружување на новинарите, вклучително и правото на основање и зачленување во професионални здруженија заради заштита на своите интереси“, пишува во публикацијата „Работничките права на новинарите и медиумските работници – домашна правна рамка.“

Овие принципи се вградени во Повелбата за професионалните и работните права на новинарите и медиумските работници на ССНМ, која налага „професионалната независност на новинарите мора да биде заштитена од секоја форма на манипулација, влијание или притисок. Новинарите имаат право да одбијат да потпишат содржина што е изменета без нивна согласност или што го нарушува нивниот интегритет и објективност.“

Без јасни законски измени, медиумската независност ќе продолжи да биде под закана, а јавниот интерес – потиснат зад корпоративните и партиските агенди.
Трагедијата во Кочани и влијанието врз медиумите
Едно од прашањата во сондажата на ССНМ и РЕСИС е колку новинарите биле подложени на владина цензура. Од вкупно 137 новинари од приватните медиуми, 17 проценти одговориле дека биле изложени на умерена, 7 проценти на изразена и 7 проценти на екстремна владина цензура. Додека од 48 новинари вработени во јавниот сервис, кои одговориле на ова прашање, само петмина признале дека се соочиле со умерена, а тројца со екстремна владина цензура.

Колку се влијателни обидите за цензура од власта врз работата на новинарите? Вкупно
Приватни медиуми Јавен сервис Други
Воопшто не се влијателни 50% 83% 56% 58%
Малку влијателни 19% 8% 16% 16%
Умерено влијателни 17% 4% 12% 13%
Многу влијателни 7% 0% 12% 6%
Исклучително влијателни 7% 4% 4% 6%
Вкупно 100% 100% 100% 100%
Пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, во кој загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени, може да се земе како најсвеж пример за влијание од власта врз медиумите, поточно за креирање раширена јавна перцепција според интересите на владејачката структура.

Владата, преку својот портпарол, одлучи да ги „потсети“ медиумите да се држат до етичките стандарди при известувањето за трагедијата, во името на погодените семејства и нивното право на приватност. Овој повик, иако формално заснован на професионални новинарски принципи, доаѓајќи од извршната власт – доведе до степен на самоцензура кај дел од новинарите, особено кај помалку искусните репортери. Тие бргу решија да застанат на „безбедната страна“ – минимизирајќи ги деталите за жртвите и ограничувајќи го визуелниот приказ за димензиите на трагедијата.

Во јавноста, пак, оваа владина интервенција, јавно поддржана и од неколкумина уредници во одбрана на владејачките партии, се рефлектираше со раширена перцепција дека медиумите треба да се држат „на око“, за тоа што и како јавуваат за тагата во Кочани.
Луѓе што немаат допирна точка со професијата новинарство, но и стотици ботови од политичките пиар-фабрики активирани на социјалните мрежи, почнаа хајка против медиумите, со остри критики, дури и со закани, без елементарно знаење за принципите на слобода на говор, но и за задачата на медиумите детално и континуирано да известуваат за една од најмасовните трагедии во земјата и причините што доведоа до неа.

Во некои од тие реакции јасно се читаше од каде доаѓа влијанието, како на пример коментарот „нашата влада ќе биде известена за ваквото видео, засрамете се“, упатен кон странски медиум со интернет-пренос од погребот на жртвите во Кочани, можеби како предупредување во својата земја.
Дел од искусните новинари во земјава, пак, според реакциите на социјалните мрежи, се почувствуваа понижени од владината интервенција кон медиумите.
„Огромна грешка направивме што дозволивме владата да ни биде главен уредник на сите медиуми. Ние сме професионалци, нема што да ни смислуваат протоколи, да ни делат лекции…“

Оркестрирани напади врз независни платформи
Студентската информативна платформа „Студентарија“ беше таргетирана преку социјалните мрежи. Основачот Гоше Николов беше лажно обвинет дека е организатор на младинските протести, а негови фотографии беа споделувани на координиран начин преку сомнителни профили и страници на Твитер и на Фејсбук, со синхронизирани објави.

Главниот мотив беше најавата и следењето на студентскиот собир на 17 март, на платото на УКИМ, на кој младите оддадоа почит кон жртвите, кога беше исвиркана министерката за образование и наука – додека држеше говор – што беше документирано на „Студентарија.“
– Во дел од објавите директно бев етикетиран и поврзуван со политички партии, со намера да ме прикажат како нечиј инструмент или политички активист. Во некои случаи беа упатени и повици за притвор, а во коментарите под објавите се забележаа примеси на говор на омраза и повици на насилство. Иако сè беше веднаш демантирано од наша страна, штетата и ризикот беа реални, сподели Николов.

Последиците од владиното влијание
Резултатот од владината интервенција за тоа како да се известува за Кочани беше потиснување на темата, затскривање на причините што доведоа до пожарот и големиот број жртви, стивнување на гневот и фокусирање кон официјалните бројки за приведени и владини ветувања за неселективност и транспарентност во истрагата.

Во Македонија, новинарите веќе имаат искуство со известување за трагедии – пожарот во модуларната болница во Тетово, автобусот кај Ласкарци, поплавата во Стајковци. Тие знаат да балансираат меѓу етиката и јавниот интерес. Но, во случајот со Кочани, владиното влијание беше посебно силно, така што границите меѓу одговорното известување и контролираната перцепција беа намерно замаглени.
Македонија е мала земја, се знаат конекциите и лесно се воочуваат влијанијата во јавниот простор, преку медиумите. Претстојат локалните избори, кога одново на сцена ќе стапат „политичко-бизнис-медиумските бракови“ на штета на јавниот интерес и одговорното новинарство како општо добро за здрава демократија.

ПРЕЗЕМИ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Оваа анализа е создадена во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“, кој го спроведуваат Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во партнерство со Институтот РЕСИС, а е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и мислењата искажани во анализата не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на спроведувачите и на авторите.

   

Најново

Мајли Сајрус со шокантна исповед: Потрошив огромни пари на дрога, го лажев мојот сметководител

Sase Ivanovski

Висар Ганиу може да стане „Артан Груби момент“ за Мицкоски – Неуспехот на „Вреди“ на локалните избори ќе го стави премиерот Мицкоски во деликатна ситуација и ќе слуша како легионите на ДУИ веќе тропаат на вратата на Владата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БАЛКАНСКИ КАВГИ ЗА ЕВРОПСКО СКОПЈЕ – Данела Арсовска,Стефан Кирков-Стадион на Канал 77

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинците соборија руски Су-35 над Курск

Sase Ivanovski

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено – граѓаните да пријават штети!

Sase Ivanovski

5.500 евра казна за продажба на енергетски пијалоци на деца, Путин го потпиша законот

Sase Ivanovski

Силен земјотрес во Грција, туристи во паника бегаат од таверните

Sase Ivanovski

Во Тексас стравуваат од сериски убиец

Sase Ivanovski

Албанците се недоволно застапени во клучни институции, реагира ДУИ

Sase Ivanovski

Загина девојка од Сарај во тешка сообраќајна несреќа

Sase Ivanovski

Возачите кои транзитираат да не возат со голема брзина, немаме патишта за брзи возила

Sase Ivanovski

Утре изгор жешко со температура до 38 степени

Sase Ivanovski

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Sase Ivanovski

Уапсен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 12 години

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Sase Ivanovski

Шест месеци по бегството, на Фејсбук се огласи Артан Груби

Sase Ivanovski

Блумберг: Трамп ќе се обиде да депортира мигранти од Хаити, Куба и Никарагва на Балканот

Sase Ivanovski

Трамп против Маск: Кој може повеќе да загуби?

Sase Ivanovski

Возите кон Грција? Внимавајте на големи дупки меѓу граничните премини!

Sase Ivanovski

Утре уште потопло – со температура до 38 степени

Sase Ivanovski

КАПРИ, ИТАЛИЈА

Sase Ivanovski

И ГРЦИТЕ ИМААТ ВЕНЕЦИЈА, СЕ ВИКА АИТОЛИКО

Sase Ivanovski

На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија

Sase Ivanovski

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Sase Ivanovski

Грета Тунберг со едрилица се приближува кон Газа, сака да ја пробие израелската блокада

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Sase Ivanovski

Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле за тоа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНАТА БАРСЕЛОНА

Sase Ivanovski

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ АМСТЕРДАМ

Sase Ivanovski

Брутално убиено момче во Белград, убиецот има 16 години

Sase Ivanovski

Апелациски суд во САД му дозволи на Трамп да го ограничи пристапот на новинарите на АП во Белата куќа

Sase Ivanovski

(Видео) Трилинг: Архитектот Мишко Ралев можен кандидат за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

Ќе нема струја на неколку улици во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Норвешки лекар осуден за силување на десетици пациентки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најбрутален руски напад врз Харков од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Маск повикува да се основа нова партија во САД

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Леле мори мајко, секој ден е бетер и бетер

Sase Ivanovski

Едно лице е ликвидирано вечерва во центарот на Белград

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ИСТОРИСКИ ДЕН

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Муцунски: Сè уште нема позитивен одговор од Бугарија за средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев на самитот на НАТО во Хаг

Sase Ivanovski

(Видео) Неофицијално учествувал градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу: Сообраќајка кај Битпазар

Sase Ivanovski

Македонски тенисер од Универзитетот во Јута обвинет за силување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонија и Белгија ремизираа во Скопје

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме и смерница за креирање на идните политики

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ ЕДИНБУРГ

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ МОНМАРТР, ФРАНЦИЈА

Sase Ivanovski

Балканец смисли бизнис идеја, носи 300 евра дневно: Не купувајте стан, ова е попрофитабилно!

Sase Ivanovski

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“

Sase Ivanovski

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност за актуелни функционери

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонија започнува подготовка за пруга, интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид

Sase Ivanovski

Откако ѝ ја даде, Владата сега ќе ѝ ја одзема салата „Партизан“ на Општина Карпош

Sase Ivanovski

Пратеникот Миле Талевски избран за член на Меѓународниот секретаријат на Интерпарламентарното Собрание на Православието

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Инсистираме на спроведување на францускиот предлог

Sase Ivanovski

ФОТО | Невремето во Скопје предизвика поплава на стадионот „Тодор Проески“

Sase Ivanovski

Муцунски во Париз: Искрена благодарност за поддршката од Франција по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Гаши пресече: Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Костадиновски

Sase Ivanovski

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Sase Ivanovski

ПОБЕДАТА НА НАВРОЦКИ ЗНАЧИ ОТФРЛАЊЕ НА БРИСЕЛ Марин Ле Пен го пофали новиот претседател на Полска

Sase Ivanovski

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Sase Ivanovski

Годинава ќе можеме да вадиме електронски лични карти и возачки дозволи, најавува Андоновски

Sase Ivanovski

Мајка на жртва од Кочани: „Кој има душа и разум, нека застане со нас родителите да се бори за правда на убиените ангели

Sase Ivanovski

Во Истанбул трошоците за живот се зголемиле за речиси 50 отсто за една година

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ТРАМП: Можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се борат уште некое време“

Sase Ivanovski

Зеленски: Путин чувствува неказнивост

Sase Ivanovski

Кремљ му одговори на Трамп: Војната во Украина е егзистенцијално прашање за Русија

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното „убиство во обид“ во скопско, одредена мерка притвор

Sase Ivanovski

Барди: Во Скопје сме освојувале бодови против Италија и Англија, можеме и против Белгија!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на СДСМ со навреда за пиротехниката во Кочани – „Искажувате некрофилска тенденција“

Sase Ivanovski

Ахмети: Не се плашете, не сакаме да ја поделиме Македонија

Sase Ivanovski

Вајц: Бев мета затоа што одбив да потклекнам на притисокот од Бугарија

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Охрид СОС: Нов огромен објект никнува во старата чаршија

Sase Ivanovski

ВИДЕО | СДСМ обвини дека фирма „од периметарот“ на премиерот ја шверцувала пиротехниката во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski

Африм Гаши во интервју за порталот Нова тв: Воопшто не сме се откажале од ЕУ интеграциите

Sase Ivanovski
Вчитувам....