-Политичките партии во Европскиот фронт се координираат, во комуникација сме со сите конструктивни политички сили во земјава и мислиме дека на локалните избори ќе бидеме силен фронт за да владееме успешно со општините, но воедно сме силно определени заедно со локални да имаме предвремени парламентарни избори. Тоа го бараме зашто тоа е спас за сите нас и за одржлива стабилност, истакна Ахмети.Ахмети нагласи дека ДУИ никогаш не изгубила избори во 18 изборни циклуси и дека партијата секогаш се залагала за правата на Албанците и европски стандарди.
-За опонентите станавме опасност со нашата професионалност и подготвеност и една од пречките за актуелните политичари е тоа што од нас се плашат. Не држи тоа што го велат дека ДУИ е корумпирана… Ајде да направиме ветинг, зошто се плашите од ветинг, ајде да отвориме истрага за потеклото на имотот на сите политичари, за приватизацијата како се случи во нашата држава од 1991 до 2001. Не велам да почнеме од Христијан, туку да почнат од мене, рече Ахмети.Тој ги обвини политичките противници за политички прогон и дискриминација, и ги повика да се спроведе ветинг и истрага за потеклото на имотот на сите политичари.
-Можат да лажат и да замајуваат тие што не знаат и немаат искуство, но не и ДУИ. Сите процеси се политички, поврзани со министри и со прогон на градоначалниците за да ги исплашат со намера тие да се откажат од политиката и програмските определби на ДУИ, Но, им велам – залудно ви е зашто кадарот на ДУИ не се плаши од уцени и притисок, но тоа не е добро за политиката во нашата земја, рече Ахмети на собирот.Ахмети испрати критики до коалицијата Вреди, обвинувајќи ја за отстранување на Албанци од институциите, и апелираше за зближување и координација меѓу заедниците во интерес на стабилноста и просперитетот на државата.