Традиционално, во пресрет на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, членовите на македонската заедница во турскиот град Измир традиционално се собираат и пеат македонски песни, играат и се дружат.
Снимката од годинашниот собир ја објави порталот „Булевар“:
Оваа специфична традиција кај нашинците во турскиот град датира уште од 90-тите години на минатиот век и таа се практикува во рамки на Здружението „Скудриње“, во просториите на Дебарската џамија во Измир. Таму, со многу љубов и музика, се негува македонскиот дух и се чува врската со корените, дури и далеку од татковината.