31.8 C
Скопје
07/06/2025 11:06
МАКТЕЛ

   

Дали измамите со храна се организиран криминал? Купуваме месо и мед, јадеме пилешки желудник и гликозни сирупи!  

      

 Од Агенцијата за храна и ветеринарство, за „Фокус“ открија дека измамите најчесто ги вршат производителите со цел да добијат поатрактивен и поевтин производ, но неретко измамите се вршат и од самите трговци, зависно од договорите што ги имаат со набавувачите во однос на трговските практики. Лепезата на „инвентивни“ измами со храна е широка, има од сѐ по нешто, вклучително и предекларирање, бришење рокови на производи и менување рокови на употреба.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) уништи 1.230 килограми небезбедни производи при засилените вонредни контроли спроведени пред велигденските празници. Најголем дел од запленетата стока беа месо и месни преработки, но има и јајца, бои за јајца, мед, ракија, маслиново масло и други производи.

Контролите опфатија 350 оператори со храна, а целта беше спречување нелегална трговија и пласирање небезбедни производи на пазарот. За утврдените неправилности се изречени казни во вредност од 3.650 евра и издадени се 22 решенија за нивно отстранување.

   

Пред 20 дена, Агенцијата за храна и ветеринарство, по добиено известување од Министерството за внатрешни работи (МВР) дека во скопската населба Маџари диво работи магацин за храна, спроведе вонреден инспекциски надзор во див објект каде што била складирана храна од животинско и од неживотинско потекло.

Во магацинот, кој не бил регистриран како оператор, инспекциските служби нашле 40.751 килограм небезбедни производи (сувомесни и кондиторски производи), за кои е издадено решение и кои се нештетно уништени. Дополнително, МВР во дворот на дивиот магацин запленило комбе во кое биле пронајдени 360 килограми небезбедни сувомесни и кондиторски производи, кои, исто така, се нештетно уништени.

Со анализа на документацијата, утврдено е дека дел од производите биле со зголемено количество фосфати, што било потврдено со лабораториски наоди од земени мостри од пратките што се увезувале во земјава, а кои биле анализирани во рамки на мониторинг програмата за храна од увоз на АХВ.

На правното лице што стопанисувало со дивиот магацин за храна изречена му е казна од 18.000 евра. Со 1.500 евра, казнето е и одговорното лице на операторот со храна.

Ова не се големи скандали како измамата со „маслото од маслодајна репка“ наменето за индустриско производство, кога заболеа околу дваесет илјади луѓе и починаа меѓу 370 и 835 во Шпанија; труењето со метанол поради продажба на нелегални алкохолни пијалаци, што предизвика 59 смртни случаи во Чешка и во Полска (2012-2014), но обидите за измама со поголеми количества храна што ги спречија АХВ и МВР покажуваат колку е потребно таа да заврши во промет и да се случат сериозни здравствени последици.

Во нашата земја, за среќа, немало такви големи или катастрофални појави поради измами со храна, иако имало сериозни измами што укажуваат на тоа колку внимателност е потребно за спречување на овие појави од многу фактори во општеството – и институционални и индивидуални.

Не секоја измама со храна е организиран криминал. Во последните неколку случаи по кои постапуваше АХВ има елементи на измама во која се вклучени повеќе правни субјекти.

Одделението за следење измами со храна постапува и по други иницијативи, често и комплицирани случаи, кога во постапувањето се вклучени и други институции, како што се Министерството за внатрешни работи, Обвинителството, Царинската управа и други “, објаснија од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Економски мотивираното фалсификување на храната се проценува дека предизвикува штета од околу 8 до 12 милијарди евра годишно во Европа. Кај нас АХВ не води статистика за одредување на вредноста на храната, односно за тоа колкава е штетата што ја предизвикале измамите со храна.

За АХВ примарна е безбедноста на храната за потрошувачите. Како институција ние не ја одредуваме вредноста на небезбедната храна, која во рамки на контролите, вклучително и оние што се спроведуваат во рамки на постапувањата за спречување измами со храна се прогласува за небезбедна и нештетно се уништува. Најважно за нас како институција е таа да не заврши во прометот и на трпезите на граѓаните “, одговорија од Агенцијата за „Фокус“.

ШТО Е ИЗМАМА СО ХРАНА?

 Ако храната е погрешно опишана, односно доколку информациите за потеклото, составот и останатите информации наменети за потрошувачите не се вистинити и доколку ова погрешно опишување е направено со намера да го измамат потрошувачот заради финансиска добивка, измамата со храна – често позната како економско мотивирано фалсификување – е веќе извршена.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство, иако не постои усогласена дефиниција ниту во законските акти во Македонија, ниту на ниво на ЕУ, сепак постои општоприфатен поим дека измамите со храна се однесуваат на намерно прекршување на Законот за безбедност на храната за да се оствари финансиска добивка преку измама на потрошувачите.

Измама со храна претставува кривотворење, намерна замена или додавање супстанции во производ со намера да се зголеми очигледната вредност на производот или да се намалат трошоците за неговото производство заради стекнување економска корист. Во таа насока, измамите со храна најчесто се економски мотивирани, дефинирани како евтин капитализам во криминолошки контекст што го овозможува злосторството со храна“, велат од АХВ.

Има неколку видови измами поврзани со храна, како што се замена, потполна или делумна, на одредени состојки во производот, несоодветно декларирање, или несоодветно претставување на производствениот процес, прикривање на слабиот квалитет на состојките, или на готовиот производ, сива зона – продавање вишок на непријавен производ.

Измама се и неодобрените додавања на неодобрени или непријавени додатоци на производи заради подобрување на нивниот квалитет, на пример употреба на соја како замена за протеини од животинско потекло, фалсификување – процес на копирање брендови, рецепти што не соодветствуваат со вистинскиот производ, како и разредување – постапка на мешање течна состојка со течности од пониска вредност (користење вода во производ за зголемување на тежината) и други видови измами“, велат за „Фокус“ од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Измамите со храна претставуваат намерно прекршување на законските одредби за безбедност на храната за да се оствари финансиска добивка, преку измама на потрошувачите.

Одделението за следење измами со храна при Агенцијата за храна и ветеринарство, како резултат на постојано следење на трендовите и на пазарите со храна во Македонија, подготвува планирани контрoли што се однесуваат на одреден тип храна или тип на производство.

Паралелно се постапува по доспеани писмени, усни или електронски пријави во однос на измамнички практики, а доколку се појави сомнеж за нерегуларности или неправилности, веднаш се отпочнува истрага за случајот.

Одделението за следење измами со храна го организира вршењето истраги за измами во делот на храната, ја утврдува фактичката состојба и околностите во текот на истрагите за измами во делот на храната и ги презема сите неопходни мерки и активности од инспекциската постапка.

НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ

Во Македонија, најчеста измама со храна е употребата на гликозни сирупи од растително потекло како замена за мед или со негово мешање.

Најчести измами со храна кога станува збор за храната од животинско потекло е употребата на гликозни сирупи од растително потекло како замена за мед, или, со мешање на истиот. Кај свежите подготовки и меленото месо измамите најчесто се во делот на користење евтини суровини (пилешки желудници, машинско обескостено месо), употреба на разни адитиви што врзуваат вода за да се добие поевтин производ. Се вршат и измами во однос на предекларирање на производите, менување на датумите во однос на рокот на траење/употреба, нивно бришење или прелепување.

Kaj oнлајн-продажбата, измамите најчесто ги вршат мали производители, кои имаат ограничени капацитети за производство, или, мали, ограничени количества на суровини или производи. Тие, откако ќе ги потрошат суровините/производите, ги заменуваат со други производи, за кои најчесто, или не е утврдено потеклото, или се со послаб квалитет. Во однос на додатоците во исхраната, суплементите, како и храната од неживотинско потекло, тие содржат недозволени материи, или се истакнуваат здравствени тврдења и лекарски дијагнози, за кои нема научна, ниту медицинска поткрепа.

Доколку храната со поминат рок заврши во продажба, последиците може да бидат од најмали до најголеми, во зависност од тоа дали се работи за измама со храна од животинско потекло, која генерално е поризична за граѓаните.

Сѐ зависи за каков и колкав обем на измама се работи, за која храна, бидејќи и во однос на безбедната на храната, постојат разлики во однос на ризиците, од повеќе аспекти, дали се работи за храна од животинско потекло, која генерално е поризична за граѓаните, како храна која побргу се расипува и е со поголем ризик и по здравјето на граѓаните, во споредба со храната од неживотинско потекло, која важи за помалку ризична“, објаснија од АХВ.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство ни открија дека измамите најчесто ги вршат производителите со цел да добијат поатрактивен и поевтин производ, но неретко измамите се вршат и од самите трговци, зависно од договорите што ги имаат со набавувачите во однос на трговските практики.

Тие се оние што во најголем случај вршат бришење на роковите на употреба или прелепување на декларациите, открива АХВ.

ИНВЕНТИВНИ ИЗМАМНИЦИ

 Лепезата на „инвентивни“ измами со храна е широка, има од сѐ по нешто, вклучително и предекларирање, бришење рокови на производи и менување рокови на употреба.

Во 2024 година, од страна на Одделението за следење измами со храна, реализирани се вкупно 19 редовни, 250 вонредни инспекциски надзори. Донесени се 65 решенија, изречени 47 прекршочни санкции – казни.

Редовните инспекциски надзори беа насочени кон контрола на означување на храната, како и на посебни категории – збогатена храна со витамини и минерали, пакувани води природна минерална и изворска, освежителни безалкохолни пијалаци и алкохолни пијалаци, следливост и потеклото на храната и пијалаците понудени во угостителски објекти и во малопродажба, контрола на додатоци на исхраната и на производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната“, информираат оттаму.

Вонредните инспекциски надзори минатата година реализирани се со постапување по доспеани иницијативи за инспекциски надзор, пријави, нотификации од Системот за брзо известување за небезбедна храна на Европската Унија (RASSF), дојави, сопствени анализи и иницијативи за постапување за измами со храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство е контактна точка во нашата држава, која е овластена да ги добива известувањата од Системот за брзо известување за безбедноста на храната – RASFF. По добивањето известување за определена докажана измама, АХВ е должна соодветно да реагира, известувајќи ги сите заинтересирани страни за идентификуваната измама со храна.

Систем за брзо известување за безбедноста на храната (RASFF – Rapid Alert System for Food and Feed), е систем што овозможува Европската Унија да има еден од највисоките стандарди за безбедност на храната во светот. Тоа е клучна алатка за обезбедување проток на информации за да се обезбеди брза реакција, воедно овозможувајќи ефикасна размена на информации меѓу своите членки, како за случаите на измама со храна, така и за појава на небезбедна храна и пијалаци и/или нивно повлекување од пазарот.

Овој систем има онлајн-база на податоци, достапна од 2014 година, преку која може да се добијат сите неопходни податоци за сомнителната храна и/или производители/дистрибутери.

НЕПРИСТОЈНИ ПРЕДЛОЗИ ДО ИНСПЕКТОРИТЕ

 АХВ постапува често по сознанија и пријави од други институции, но инспекторите постапуваат и по дојави и пријави на компании и граѓани.

Од многубројните поднесени претставки/иницијативи за вршење инспекциски надзори, дел се однесуваат и непосредно на прашањата поврзани со измамите со храна.

Од почетокот на годинава досега, преку Одделението за заштита на потрошувачите до Агенцијата се пристигнати 223 претставки/иницијативи за вршење инспекциски надзори. Најголем број од поднесените иницијативи (114) се однесуваат на храна од неживотинско потекло. Сто и шест од иницијативите се за здравствената заштита и благосостојба на животните, а најмал е бројот на иницијативи што се однесуваат на храна од животинско потекло – 11.

Најчести наводи во иницијативите, кои во најголем дел ги поднеле граѓани, се однесуваат на хигиенските мерки, добра хигиенска и производствена пракса, НАССР, продажба на производи со поминат рок на употреба, присуство на контаминенти, работа без одобрение, продажба на производи со променети органолептички својства, сомнеж за труење со храна и неодговорно сопствеништво.

Во 2024 година, од страна на Одделението за заштита на потрошувачите, евидентирани беа 353 иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор, во кои доминираа иницијативите со наводи за неодговорно сопствеништво, потоа за напад и каснување од куче, сомнеж за труење со храна, продажба на производи со поминат рок на употреба, нехигиена и други.

На прашањето дали инспекторите од Одделението за следење измами со храна се соочуваат со закани при вршењето на контролите, од АХВ одговорија:

Се случува, иако повеќе се соочуваат со непристојни предлози и понуди, кои секако се одбиваат“.

 ИЗМАМИ ВО ОНЛАЈН-ПРОДАЖБАТА

Од АХВ напоменуваат дека со растот на електронската трговија, измамите со храна многу често се појавуваат кај онлајн-продажбата. Но, според последните измени и дополнувања на Законот за безбедност на храната од минатата година, за продажбата од далечина важат истите услови, како и за физичката продажба, а тоа е регистрација или одобрување за соодветната дејност од страна на АХВ.

Е-продавниците и продажбата прехранбени производи онлајн се веќе присутни и кај нас, особено кога станува збор за производите од групата додатоци во исхраната, храна наменета за диети и спортисти, чаеви и слични производи наменети за специфични категории потрошувачи. Секако присутна е и интернет-продажбата и на конвенционална храна.

Донесени се законски прописи што ја регулираат оваа област, а во својата институционална структура, АХВ, покрај организационата единица за заштита на потрошувачите и инспекциските служби, преку Одделението за следење измами со храна, покрај измамите, спроведува и контрола на електронската продажба и рекламирањето храна. Вработените во оваа организациона единица на Агенцијата имаат поминато повеќе обуки за контрола на електронската продажба, бидејќи овие контроли бараат знаење и посебни вештини.

Одделението ги следи европските и светските трендови со кои продажбата на сите производи, вклучувајќи ја и храната, масовно, на голема врата навлегуваат во домовите на потрошувачите, без секогаш да постои можност за целосно информирање за производот. На тој начин, неретко се случуваат измами поврзани со храната, со цел стекнување материјални средства, не секогаш на легален начин. Надлежноста за постапување произлегува од Законот за безбедност на храната и од Законот за заштита на потрошувачите, каде што е регулирана продажбата преку средства за далечинска комуникација“, објаснија од АХВ.

Според последните измени и дополнувања на Законот за безбедност на храната од 2023 година, за продажбата од далечина важат истите услови како и за физичката продажба, а тоа е регистрација или одобрување за соодветната дејност од страна на АХВ.

ПОСТОИ ЛИ ТРЕНД СО ИЗМАМИ?

Секогаш постои и треба да има доза на загриженост, особено во услови кога храната како основна животна намирница е многу интересна за манипулација и измами, посочуваат од АХВ.

Кај нас, сѐ уште измамите се од помал обем, односно се помали во споредба со случувањата на светско ниво. Така е бидејќи ние сме релативно мала држава и како производители и трговци не сме интересни како играчи на големиот пазар. Најчесто случаите на измами со храна се поединечни и се од помали размери, односно не се работи за организирани групирекоа за „Фокус“ од АХВ

Според препораките на АХВ, прво и основно е граѓаните да внимаваат храната да потекнува од регистриран/одобрен објект или производител од АХВ, соодветно да биде декларирана, вклучувајќи го и рокот на употреба и температурата на чување, без оглед на тоа дали се работи за физичка или за продажба на далечина.

Доколку утврдат или забележат неусогласености кај храната, од АХВ повикуваат потрошувачите да ја информираат Агенцијата за храна и ветеринарство, лично, на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].

За среќа, измамите со храна директно не влијаеле врз случаите со труење со храна во училиштата, градинките и во болниците во Македонија, затоа што тие инциденти најчесто се поврзани со неисполнување или делумно исполнување на хигиенските барања за безбедност на храната, додека измамите со храна се однесуваат претежно на квалитетот, односно кај нив пресуден е економскиот бенефит.

КОНТРОЛИ И КАЗНИ

 Од АХВ појаснуваат дека во 2023 година биле спроведени вкупно 107 инспекциски надзори, од кои 26 редовни и планирани, како и 81 вонреден инспекциски надзор. Утврдени беа неусогласености во 27 постапки.

Издадени беа 20 решенија за наредба, изречени 6 парични казни.

Во 2022 година спроведени беа 93 надзори, 32 редовни и 61 вонреден. Во 55 постапки не се утврдени неусогласености, а во 38 преземени се мерки и активности за усогласување со законските барања.

Акцентот со контролите беше ставен на храната со задолжителни, дополнителни и доброволни информации, кои на потрошувачите треба да им овозможат да направат избор врз основа на достапните информации, притоа да не предизвикуваат заблуда, велат од Агенцијата.

Реализирани биле надзори и кај оператори увозници и дистрибутери на жестоки пијалаци во врска со означување на енергетската вредност на производите како задолжителна информација, при што било утврдено дека недостасувала кај поголемиот број од нив.

Во 2021 година, акцент со планираните контроли беше ставен на означувањето на храната и додатоците на исхраната во промет со задолжителни дополнителни и доброволни информации, кои треба да им овозможат на потрошувачите можност да направат избор според достапните информации. Реализирани се 34 официјални контроли во објекти за промет и дистрибуција на хранавелат од Агенцијата.

Текстот е објавен на 24 април 2025 година во неделникот „Фокус“, во бројот 1.542, автор Орце Костов

   

Најново

Ќе нема струја на неколку улици во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Норвешки лекар осуден за силување на десетици пациентки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најбрутален руски напад врз Харков од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Маск повикува да се основа нова партија во САД

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Леле мори мајко, секој ден е бетер и бетер

Sase Ivanovski

Едно лице е ликвидирано вечерва во центарот на Белград

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ИСТОРИСКИ ДЕН

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Муцунски: Сè уште нема позитивен одговор од Бугарија за средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев на самитот на НАТО во Хаг

Sase Ivanovski

(Видео) Неофицијално учествувал градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу: Сообраќајка кај Битпазар

Sase Ivanovski

Македонски тенисер од Универзитетот во Јута обвинет за силување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонија и Белгија ремизираа во Скопје

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме и смерница за креирање на идните политики

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ ЕДИНБУРГ

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ МОНМАРТР, ФРАНЦИЈА

Sase Ivanovski

Балканец смисли бизнис идеја, носи 300 евра дневно: Не купувајте стан, ова е попрофитабилно!

Sase Ivanovski

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“

Sase Ivanovski

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност за актуелни функционери

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонија започнува подготовка за пруга, интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид

Sase Ivanovski

Откако ѝ ја даде, Владата сега ќе ѝ ја одзема салата „Партизан“ на Општина Карпош

Sase Ivanovski

Пратеникот Миле Талевски избран за член на Меѓународниот секретаријат на Интерпарламентарното Собрание на Православието

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Инсистираме на спроведување на францускиот предлог

Sase Ivanovski

ФОТО | Невремето во Скопје предизвика поплава на стадионот „Тодор Проески“

Sase Ivanovski

Муцунски во Париз: Искрена благодарност за поддршката од Франција по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Гаши пресече: Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Костадиновски

Sase Ivanovski

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Sase Ivanovski

ПОБЕДАТА НА НАВРОЦКИ ЗНАЧИ ОТФРЛАЊЕ НА БРИСЕЛ Марин Ле Пен го пофали новиот претседател на Полска

Sase Ivanovski

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Sase Ivanovski

Годинава ќе можеме да вадиме електронски лични карти и возачки дозволи, најавува Андоновски

Sase Ivanovski

Мајка на жртва од Кочани: „Кој има душа и разум, нека застане со нас родителите да се бори за правда на убиените ангели

Sase Ivanovski

Во Истанбул трошоците за живот се зголемиле за речиси 50 отсто за една година

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ТРАМП: Можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се борат уште некое време“

Sase Ivanovski

Зеленски: Путин чувствува неказнивост

Sase Ivanovski

Кремљ му одговори на Трамп: Војната во Украина е егзистенцијално прашање за Русија

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното „убиство во обид“ во скопско, одредена мерка притвор

Sase Ivanovski

Барди: Во Скопје сме освојувале бодови против Италија и Англија, можеме и против Белгија!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на СДСМ со навреда за пиротехниката во Кочани – „Искажувате некрофилска тенденција“

Sase Ivanovski

Ахмети: Не се плашете, не сакаме да ја поделиме Македонија

Sase Ivanovski

Вајц: Бев мета затоа што одбив да потклекнам на притисокот од Бугарија

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Охрид СОС: Нов огромен објект никнува во старата чаршија

Sase Ivanovski

ВИДЕО | СДСМ обвини дека фирма „од периметарот“ на премиерот ја шверцувала пиротехниката во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski

Африм Гаши во интервју за порталот Нова тв: Воопшто не сме се откажале од ЕУ интеграциите

Sase Ivanovski

Русија го бомбардираше Киев како одмазда за „Пајажина“, Зеленски бара меѓународен притисок за крај на војната

Sase Ivanovski

Јаневска: Започна изработката на новата стратегија за образование што ќе важи од 2026 до 2032 година

Sase Ivanovski

ФОТО | Русија: Експлозија на железничка пруга во Воронеж, напад и во Брјанск

Sase Ivanovski

Бугарскиот премиер: Немаме билатерален проблем со Македонија, сменете го уставот и имате преговори со ЕУ!

Sase Ivanovski

„Половина година подоцна, рацете уште ви се уште покрвави“ – студентски протести во Ниш

Sase Ivanovski

Николоски се сретна со претседателката на белгиската фудбалска федерација

Sase Ivanovski

Големо невреме во Дојран, граѓаните пријавуваат прекин на струјата и интернетот

Sase Ivanovski

Од британските пари ќе се изгради болница во Кичево, откако старата не можеше да се догради 40 години

Sase Ivanovski

Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа…“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: За разлика од Ставрески, јас се што мислев му кажував во лице на Груевски, затоа бев сменет

Sase Ivanovski

Петрушевски: Струјата со СДСМ поскапе, зашто фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавното

Sase Ivanovski

Унапредување на билатералната соработка и поддршка за европските интеграции, во фокусот на посетата на Муцунски во Париз

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: ЈАС ПОМОГНАВ БЕЖОСКА ДА СТАНЕ ГУВЕРНЕР, НО ТАА ПОТФРЛИ ВО БОРБАТА СО ИНФЛАЦИЈАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: НЕ МИ ПАЃА НА ПАМЕТ ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ ДА ГИ ЧУВАМ ВО КРИПТО ВАЛУТИ, ЕЛ САЛВАДОР СЕ КОЦКАШЕ СО ТАКОВ ПОТЕГ И ТОА ЗАВРШИ КАТАСТРОФАЛНО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Евентуална девалвација на денарот би предизвикала огромен ценовен шок, имаме доволно државни резерви да го браниме курсот ако затреба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Трамп со своите крипто валути тргува со влијание, се чудам како тоа му го дозволуваат, тој се правда дека тоа го правел и Бајден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Силна валута не секогаш е добра работа, го прави извозот скап, така пропадна холандски Филипс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Муцунски: Нема одговор од Софија за иницијативата за средба на самитот на НАТО

Sase Ivanovski

Внимавајте: Утре сончево и многу топло

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Руте: Нова цел за членките на НАТО е 5% од БДП за одбрана

Sase Ivanovski

НЕ СЕ КОНСТАТИРАНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ ВО ВРСКА СО СМРТТА НА ТРИГОДИШНОТО ДЕТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Славески: Граѓаните можат да бидат сигурни, курсот на денарот останува стабилен

Sase Ivanovski

Вработени во ЈП „Комуналец Кичево“ повикани на разговор, одлагале отпад на дива депонија

Sase Ivanovski

Има преговори за измени на Изборен законик и една изборна единица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАНДОВ: Не сум сигурен дека Груевски ќе биде безбеден во затворот Идризово ако се врати

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Како Чоко Бошковски донесе реми за Македонија на гостувањето кај Белгија во 1994-година

Sase Ivanovski

Арсовска: Пред 21 година токму на Духовден е роден мојот син, по кој ми се закануваат другарчињата на Висар Ганиу

Sase Ivanovski

Кочанчанец возел со 2,25 промили алкохол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕСТ ЗНАЦИ ДЕКА СИ ИМАТЕ РАБОТА СО ЛИЧНОСТ СО НИСКА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Sase Ivanovski

Интервју со Претседателот на македонското Собрание Африм Гаши: ВЛЕН ниту е „ранета“, ниту претрпе „земјотрес“

Sase Ivanovski

СДСМ: Одбија помош за Кочани, сега држат трибини – срамна бездушност на ВМРО-ДПМНЕ!

Sase Ivanovski

Вистината за Кочани: Се крие ли пријава, дали Мицкоски го штити изворот на пиротехниката?

Sase Ivanovski

Меџити: Да изградиме интегриран и одржлив пристап кон животната средина

Sase Ivanovski
Вчитувам....