-Потоа, вработена од неговиот кабинет ја поставил како претседател на Управен одбор во Опера и балет,што е очигледен конфликт на интереси. Министерот Љутков потрошил над 50.000 евра за патувања само во второто полугодие од 2024 година.
Купени се и нови авионски карти за нова тура во Јапонија за септември, каде на државна сметка ќе настапуваат Ана и Игор Дурловски, кои имаат блиски врски со власта, обелоденуваат од најголемата опозициска партијата.Од „Бихаќка“ додаваат и дека на 19 мај годинава, Љутков ја разрешил државната секретарка Марија Ѓорѓова, со единствена цел – да ѝ овозможи унапредување преку интерен оглас на позиција државен советник за европски прашања и креативни индустрии.
-Иако официјално разрешена, Ѓоргова продолжи да се претставува како државен секретар. Јавно настапува на настани, отвора изложби, патува на државен трошок: во Ватикан, на Венецијанското биенале, дури и ја примила грчката амбасадорка во својство на државен секретар, позиција од која е службено разрешена, што е своевиден дипломатски скандал.Скандалозно е што по исполнувањето на личните желби, Ѓоргова е повторно вратена на функцијата државен секретар,унапредена и згрижена, додаваат од СДСМ и предупредуваат дека ова е класично кршење на законите, злоупотреба на институции и директна навреда за сите културни работници во државата.