-Од 200 повредени во несреќата, 187 беа регистрирани на болничко лекување. Од нив 116 беа лекувани во странство, а 71 во земјата. Починати, за жал, имаше 59 и тројца починаа во болниците во странство, рече Клековски.Тој истакна дека сега, 12 од повредените се на болничко лекување, од кои седум во странство, а пет се во земјата. Еден од нив е во тешка состојба.
-На преврски и слични третмани имаме 38 повредени, четворица во ‘8 септември’, 26 се во ‘св. Наум Охридски’. Пет се во Кочани и тројца се во Систина. На физичална терапија се 46 лица, од кои, сите се во Кочани, можно е едно лице да е во ‘8 септември’. Третманот со ПРТ (плазма со тромбоцити или без тромбоцити) се прави кај 16 повредени и тој е супериорен третман за намалување на лузните од изгорениците. Ги повикувам сите повредени кои имаат дилема, страв, да се обратат во ‘св. Наум Охридски’ или во Клиниката за пластичка хирургија – рече директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.Тој рече дека пациент со тешки изгореници, по еден месец имал значително подобрување на состојбата со третманот со плазма.