Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски им го честита големиот празник Курбан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед.
„Нека овој празник донесе мир, спокојство, солидарност и заедништво во секое семејство. Курбан Бајрам е симбол на пожртвуваност, духовна чистота и грижа за другите – вредности кои се универзални и кои нè обединуваат како заедница.
Празниците се моменти кога ја славиме различноста како наша заедничка сила. Општина Центар останува посветена на градење инклузивна заедница во која секој граѓанин се чувствува почитуван, вреднуван и подеднакво важен.На сите кои го слават, им посакувам да го поминат овој празник во добро здравје, радост и хармонија, опкружени со своите најблиски”, вели Герасимовски.
Со почит,
Општина Центар