ФФМ: Важни ИНФОРМАЦИИ за сите НАВИВАЧИ на МАКЕДОНИЈА во пресрет на вечерашниот натпревар против Белгија на Националната арена „Тодор Проески“! 06/06/2025 11:43 Ве повикуваме сите да пристигнете навреме и да ја поддржиме нашата репрезентација! Вратите се отвораат во 18:45 часот. Дојдете порано за да избегнете метеж и навреме да си го заземете вашето место. Лица со жолти маички ќе ги проверуваат / скенираат билетите на влезот. Подгответе ги однапред за побрза и полесна проверка. На билетите се наведени предметите кои не се дозволени за внесување. Ве молиме почитувајте ги правилата за ваша и заедничка безбедност. Понесете го вашето знаме или шал и сите заедно да ја обоиме арената во црвено-жолто и да навиваме за Македонија! #НапредМакедонија #ГордиПодСонцето #ХрабриВоСрцето