ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита празникот Курбан Бајрам, со желби за добро здравје хармонија и благосостојба.Празникот Курбан Бајрам е празник на хуманоста и солидарноста, кои како основни принципи не обединуваат и поврзуваат.
Солидарноста и подавањето на рака е израз на човечност.Македонија има традиција на взаемна толеранција, почит и разбирање, но најважно од се луѓето од различна вера и етничка припадност, да градат инклузивно општество.
Да се издигнеме над проблемите, предизвиците и факторите кои имаат интерес од разединувањето. Безидејноста и неконструктивноста на неколкумина да ги замениме со идеја и сплотеност за заедничка иднина.Македонија и нејзините граѓани без разлика на нивните различности, неопходно е да бидат сплотени, да си подаваат рака и заеднички да ги надминуваат предизвиците.Нека е честит празникот Курбан Бајрам!