Пад на акциите на „Тесла“ по јавниот конфликт меѓу Маск и Трамп
Банон, кој е познат и како критичар на Маск, го кажа ова во својата емисија „War Room Live“ и рече дека американската влада треба да го заплени СпејсИкс, а безбедносната дозвола на Маск да биде поништена и сите федерални договори со неговите компании да бидат суспендирани додека трае истрагата, објави „Њујорк тајмс“.Како што рече, треба да се започне и процесот на депортација на Маск.
„Илон Маск е нелегален имигрант. И мора да си оди. Треба да има официјална истрага за неговиот имиграциски статус бидејќи цврсто верувам дека е нелегален имигрант и треба веднаш да биде депортиран“, рече Банон.
Тој исто така додава дека властите треба да покренат истрага против Маск за употреба на дрога.Маск е роден во Преторија, Јужна Африка, добил канадско државјанство во 1988 година благодарение на неговата мајка, канадска моделка, а студирал на Универзитетот во Пенсилванија.