Попладнево силно невреме го зафати Прилеп, проследено со пороен дожд, силен ветер и грмежи. Според првичните информации, на неколку локации во градот паднале дрвја.
На фотографиите кои стигнаа до нашата редакција се гледаат паднати дрвја. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на паднатите дрвја и овозможување непречено движење на сообраќајот.Нема информации за повредени лица, но се повикуваат граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат движење покрај дрвја и слабо фиксирани објекти додека не стивне невремето.Метеоролозите најавуваат нестабилно време и во наредните часови, со можни врнежи и грмежи во повеќе делови од земјата.
4NEWS.mk