31.8 C
Скопје
07/06/2025 11:19
МАКТЕЛ

   

Германија ја предводи Европа во дуелот со Русија

      

Со германски Таурус или без него, Мерц и Германија испраќаат сигнали до Москва, но и до останатите земји-членки на Унијата, дека мора да се забрза воената интеграција и да се изгради европска војска способна да војува на два фронта: како одвратувачка сила во однос на заканите кои доаѓаат од Москва, но и како гаранција во моменти кога Европа се соочува со несигурностите проектирани од Америка на Трамп.

Во помалку од еден месец од доаѓањето на власт, новиот германски канцелар Фридрих Мерц одлучно се оддалечува од позициите и политиките на својот претходник, социјалдемократот Олаф Шолц, особено околу пристапот кон војната во Украина, пишува Ивор Мицковски во колумна за Дојче веле.

Додека канцеларот Шолц беше крајно внимателен околу германското мешање во воените динамики, Мерц сѐ почесто и забрзано застанува на страната на Украина. Во кратко време Мерц отпатува до Киев кај Зеленски, ги зајакна напорите за забрзано национално вооружување, силно го поддржа европскиот план за заедничка одбрана и најважно, објави дека повеќе нема никакви ограничувања за дометот на западното оружје што Украина може да го користи против руските сили. Со тоа Мерц ја навести и одлуката, која сѐ уште не е донесена, за испорака на ракети „Таурус“ со долг дострел во Украина, кои можат да се испалуваат стотици километри длабоко во руска територија, но и далеку попрецизно од останатите ракети кои Киев ги добива од западните партнери, како француските „Scalp“ и британските „Storm Shadow“.

   

Оттука разбирливо е дека искрите помеѓу Берлин и Москва околу Украина сведочат за едно забрзување на предизвикот на Путин врз Европа, особено откако американските преговори со Русија завршија во слепа улица, но сведочат и за растечката свест кај Германија и Мерц дека од исходот на конфликтот во Украина зависи европската сигурност и безбедност.

Критики од Москва

Москва изреагира со фронтален напад врз германскиот канцелар, прво обвинувајќи дека Берлин од поодамна и тајно им дал дозвола на Украинците да користат ракети со долг дострел, а потоа и предупредувајќи го Фридрих Мерц дека неговите „Taurus Kepd 350“ ракети ќе завршат „изгорени како и Леопард тенковите“, уништени од руските сили, заробени и потоа изложени како трофеј на руските плоштади.

Од почетокот на војната Путин и неговите најтесни соработници сѐ почесто употребуваа еден поагресивен тон и јазик кон Европа, до степен да ја заменат ЕУ со НАТО како главен стратешки ривал, но тоа што сега се случува помеѓу Берлин и Москва, најавува едно сосема поинакво и двојно забрзување на непријателството.

Една од причините можеме да ја идентификуваме во зарибаните преговори помеѓу Владимир Путин и Доналд Трамп. Двата часа поминати на „црвениот телефон“ му имаат разбистрено на Трамп дека Путин во овој момент не е заинтересиран за примирје, дека целта му е да ја претвори Украина во вазална држава и дека пред сѐ купува време со цел да го зголеми воениот притисок врз Киев. Оттука и хипотезата дека Вашингтон може да наметне нови санкции против руската нафта, со цел да го казни секој оној којшто нелегално ја купува, и така да ѝ нанесе сериозни штети на Путиновата воена економија.

Во обид да се избегне ескалацијата, рускиот министер за надворешни Сергеј Лавров, одново ја лансираше идејата за „преговори во Турција“, но истовремено Кремљ ја заострува кризата со Европа со крајна цел да ја оддалечи ЕУ од Америка. Заострениот дуел со Берлин треба да му послужи на Путин за да го спротивстави фронталниот судир со Европа, на срамежливите преговори со Трамп, надевајќи се дека на тој начин ќе го оттурне Вашингтон уште подалеку од Брисел.

Оддалечувањето на двата брега од Атлантикот отсекогаш била стратешка цел на Москва, и овој пат Путин чувствува дека може да го трансформира личниот дијалог со Трамп во корисен инструмент за остварување на своите стратешки цели.

Водечка позиција на Берлин

Но, тоа не е сѐ. Посетата на Литванија, каде што Германија ја распоредува својата прва оклопна бригада надвор од сопствената територија по Втората светска војна, покажа дека официјален Берлин сака да заземе водечка позиција во европската одбрана. Мерц деновиве го посети и Хелсинки со цел да означи поддршка за НАТО сојузникот кој има најдолга граница со Русија од 1.340 километри, и долж која се гради блиндирана одбранбена линија, во страв дека може да следува изненадувачки руски напад.

Како потврда на таквото сценарио се информациите за видно зајакнување на руските трупи во некои од базите пред финската граница, како и за почетокот на масовни воздушно-поморски маневри во Балтичкото Море, со употреба на најмалку 20 воени бродови и преку 3.000 трупи, како поддршка на Санктпетербуршката флота, која веќе е ставена во функција да ги предизвикува меѓународните санкции и да ги следи руските нафтени бродови кои ѝ дозволуваат на Москва нелегално да извезува и да продава нафта, со цел да ги финансира воените напори.

Ескалацијата во северот од Европа е потврдена и од одлуката на Стокхолм и на Хелсинки да создадат заеднички воени контингенти кои би се соочиле со руските трупи во Арктикот, како и од одлуката на Пентагон да го зголеми распоредувањето на трупи во Шведска, каде се изведуваат воени вежби на само 320 километри од руската граница. Сѐ тоа ни објаснува зошто европските земји кои излегуваат на Балтикот, вклучувајќи ја и Полска, стравуваат дека евентуалната победа на Путин во Украина, може да ги направи идна мета и цел на руската агресија, и од тие причини бараат заштита и гледаат кон Берлин како клучен сојузник.

Ако на сѐ тоа додадеме дека Германија е клучната земја на континентот, дали економски или индустриски, за реализација на проектот за заедничка европска одбрана, тогаш не е тешко да дојдеме до заклучокот дека кошкањето помеѓу Берлин и Москва всушност ни опишува една ескалација на тензии, било политички или стратешки, долж жешката граница која ја дели Европа, од украинските ровови, до финските езера, поминувајќи преку Белорусија, Полска и Балтичките држави.

Со германски Таурус или без него, Мерц и Германија испраќаат сигнали до Москва, но и до останатите земји-членки на Унијата, дека мора да се забрза воената интеграција и да се изгради европска војска способна да војува на два фронта: како одвратувачка сила во однос на заканите кои доаѓаат од Москва, но и како гаранција во моменти кога Европа се соочува со несигурностите проектирани од Америка на Трамп.

Овие напори набрзина и итно ги спроведуваат шест земји, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Полска и Шпанија, односно, најголемите и најмоќните земји во Унијата и Европа, кои сега треба да пронајдат политичка кохезија која е неопходна за споделување на економските и стратешките напори со цел да се гарантира сигурноста и безбедноста долж источните граници на Унијата. Германија силно и одлучно, како лидер на Унијата го започна својот дел од задачата, сега е трка со времето, тоа да го направат и останатите.

   

Најново

Брутално убиено момче во Белград, убиецот има 16 години

Sase Ivanovski

Апелациски суд во САД му дозволи на Трамп да го ограничи пристапот на новинарите на АП во Белата куќа

Sase Ivanovski

(Видео) Трилинг: Архитектот Мишко Ралев можен кандидат за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

Ќе нема струја на неколку улици во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Норвешки лекар осуден за силување на десетици пациентки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најбрутален руски напад врз Харков од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Маск повикува да се основа нова партија во САД

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Леле мори мајко, секој ден е бетер и бетер

Sase Ivanovski

Едно лице е ликвидирано вечерва во центарот на Белград

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ИСТОРИСКИ ДЕН

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Муцунски: Сè уште нема позитивен одговор од Бугарија за средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев на самитот на НАТО во Хаг

Sase Ivanovski

(Видео) Неофицијално учествувал градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу: Сообраќајка кај Битпазар

Sase Ivanovski

Македонски тенисер од Универзитетот во Јута обвинет за силување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонија и Белгија ремизираа во Скопје

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме и смерница за креирање на идните политики

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ ЕДИНБУРГ

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ МОНМАРТР, ФРАНЦИЈА

Sase Ivanovski

Балканец смисли бизнис идеја, носи 300 евра дневно: Не купувајте стан, ова е попрофитабилно!

Sase Ivanovski

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“

Sase Ivanovski

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност за актуелни функционери

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонија започнува подготовка за пруга, интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид

Sase Ivanovski

Откако ѝ ја даде, Владата сега ќе ѝ ја одзема салата „Партизан“ на Општина Карпош

Sase Ivanovski

Пратеникот Миле Талевски избран за член на Меѓународниот секретаријат на Интерпарламентарното Собрание на Православието

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Инсистираме на спроведување на францускиот предлог

Sase Ivanovski

ФОТО | Невремето во Скопје предизвика поплава на стадионот „Тодор Проески“

Sase Ivanovski

Муцунски во Париз: Искрена благодарност за поддршката од Франција по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Гаши пресече: Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Костадиновски

Sase Ivanovski

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Sase Ivanovski

ПОБЕДАТА НА НАВРОЦКИ ЗНАЧИ ОТФРЛАЊЕ НА БРИСЕЛ Марин Ле Пен го пофали новиот претседател на Полска

Sase Ivanovski

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Sase Ivanovski

Годинава ќе можеме да вадиме електронски лични карти и возачки дозволи, најавува Андоновски

Sase Ivanovski

Мајка на жртва од Кочани: „Кој има душа и разум, нека застане со нас родителите да се бори за правда на убиените ангели

Sase Ivanovski

Во Истанбул трошоците за живот се зголемиле за речиси 50 отсто за една година

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ТРАМП: Можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се борат уште некое време“

Sase Ivanovski

Зеленски: Путин чувствува неказнивост

Sase Ivanovski

Кремљ му одговори на Трамп: Војната во Украина е егзистенцијално прашање за Русија

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното „убиство во обид“ во скопско, одредена мерка притвор

Sase Ivanovski

Барди: Во Скопје сме освојувале бодови против Италија и Англија, можеме и против Белгија!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на СДСМ со навреда за пиротехниката во Кочани – „Искажувате некрофилска тенденција“

Sase Ivanovski

Ахмети: Не се плашете, не сакаме да ја поделиме Македонија

Sase Ivanovski

Вајц: Бев мета затоа што одбив да потклекнам на притисокот од Бугарија

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Охрид СОС: Нов огромен објект никнува во старата чаршија

Sase Ivanovski

ВИДЕО | СДСМ обвини дека фирма „од периметарот“ на премиерот ја шверцувала пиротехниката во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski

Африм Гаши во интервју за порталот Нова тв: Воопшто не сме се откажале од ЕУ интеграциите

Sase Ivanovski

Русија го бомбардираше Киев како одмазда за „Пајажина“, Зеленски бара меѓународен притисок за крај на војната

Sase Ivanovski

Јаневска: Започна изработката на новата стратегија за образование што ќе важи од 2026 до 2032 година

Sase Ivanovski

ФОТО | Русија: Експлозија на железничка пруга во Воронеж, напад и во Брјанск

Sase Ivanovski

Бугарскиот премиер: Немаме билатерален проблем со Македонија, сменете го уставот и имате преговори со ЕУ!

Sase Ivanovski

„Половина година подоцна, рацете уште ви се уште покрвави“ – студентски протести во Ниш

Sase Ivanovski

Николоски се сретна со претседателката на белгиската фудбалска федерација

Sase Ivanovski

Големо невреме во Дојран, граѓаните пријавуваат прекин на струјата и интернетот

Sase Ivanovski

Од британските пари ќе се изгради болница во Кичево, откако старата не можеше да се догради 40 години

Sase Ivanovski

Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа…“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: За разлика од Ставрески, јас се што мислев му кажував во лице на Груевски, затоа бев сменет

Sase Ivanovski

Петрушевски: Струјата со СДСМ поскапе, зашто фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавното

Sase Ivanovski

Унапредување на билатералната соработка и поддршка за европските интеграции, во фокусот на посетата на Муцунски во Париз

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: ЈАС ПОМОГНАВ БЕЖОСКА ДА СТАНЕ ГУВЕРНЕР, НО ТАА ПОТФРЛИ ВО БОРБАТА СО ИНФЛАЦИЈАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: НЕ МИ ПАЃА НА ПАМЕТ ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ ДА ГИ ЧУВАМ ВО КРИПТО ВАЛУТИ, ЕЛ САЛВАДОР СЕ КОЦКАШЕ СО ТАКОВ ПОТЕГ И ТОА ЗАВРШИ КАТАСТРОФАЛНО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Евентуална девалвација на денарот би предизвикала огромен ценовен шок, имаме доволно државни резерви да го браниме курсот ако затреба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Трамп со своите крипто валути тргува со влијание, се чудам како тоа му го дозволуваат, тој се правда дека тоа го правел и Бајден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Силна валута не секогаш е добра работа, го прави извозот скап, така пропадна холандски Филипс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Муцунски: Нема одговор од Софија за иницијативата за средба на самитот на НАТО

Sase Ivanovski

Внимавајте: Утре сончево и многу топло

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Руте: Нова цел за членките на НАТО е 5% од БДП за одбрана

Sase Ivanovski

НЕ СЕ КОНСТАТИРАНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ ВО ВРСКА СО СМРТТА НА ТРИГОДИШНОТО ДЕТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Славески: Граѓаните можат да бидат сигурни, курсот на денарот останува стабилен

Sase Ivanovski

Вработени во ЈП „Комуналец Кичево“ повикани на разговор, одлагале отпад на дива депонија

Sase Ivanovski

Има преговори за измени на Изборен законик и една изборна единица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАНДОВ: Не сум сигурен дека Груевски ќе биде безбеден во затворот Идризово ако се врати

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Како Чоко Бошковски донесе реми за Македонија на гостувањето кај Белгија во 1994-година

Sase Ivanovski

Арсовска: Пред 21 година токму на Духовден е роден мојот син, по кој ми се закануваат другарчињата на Висар Ганиу

Sase Ivanovski

Кочанчанец возел со 2,25 промили алкохол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕСТ ЗНАЦИ ДЕКА СИ ИМАТЕ РАБОТА СО ЛИЧНОСТ СО НИСКА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Sase Ivanovski

Интервју со Претседателот на македонското Собрание Африм Гаши: ВЛЕН ниту е „ранета“, ниту претрпе „земјотрес“

Sase Ivanovski
Вчитувам....