Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, денеска објави дека нејзината нова книга „Изгледот“ ќе биде објавена на 4 ноември и дека темата нема да биде политика, туку мода.
Книгата „Изгледот“ ќе биде објавена од „Краун Паблишинг Груп“, објави Асошиетед Прес.Книгата, во која се вклучени коментари од стилистката на Обама, Мередит Куп, и шминкерката Карла Реј, ги следи и модните избори на Мишел за време на подемот на нејзиниот сопруг на претседателската функција и во Белата куќа, како и во годините потоа.