-Бараме тоа да се случи бидејќи единствен излез и спас за создавање политичка стабилност е парламентарните избори да се одржат заедно со локалните, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.
Во однос на обвинувањата за корупција кои доаѓаат од дел од политичките актери и актуелната власт, Ахмети ги отфрли како „празни муабети“ и побара системски ветинг – темелни истраги за потеклото на имотот на сите политичари и функционери.
-Ајде, отворајте истраги за приватизацијата, како се случи приватизацијата во оваа држава од 1991 до 2001 година. Не велам да почнеме од Кристијан! Од мене нека почне! Кристијан, не плаши се ти! – изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.
Тој упати критика и кон коалицијата ВРЕДИ, споменувајќи го Арбен Таравари како пример за политичка зрелост, поради неговото повлекување од процеси кои, како што рече, доведуваат до деградација на албанското прашање и на Охридскиот рамковен договор.На крајот, Ахмети се обрати и до македонските граѓани, апелирајќи да не подлегнуваат на, како што рече, манипулативни стравови дека Албанците имаат намера да ја поделат државата.