Минатата година, во мај 2024, истите трошоци биле 61.523 турски лири (околу 1.600 евра). Според истражувањето, за покривање на овие трошоци потребни се повеќе од четири минимални плати. Во моментов, минималната плата во Турција изнесува 22.104 турски лири (приближно 596 евра)
И покрај растот на трошоците за живот, официјалната статистика покажува различни податоци за инфлацијата. Турскиот завод за статистика (ТУРКСТАТ) објави дека годишната инфлација во мај достигнала 35,4 проценти – најниска стапка од ноември 2021 година. Од друга страна, според проценките на Групата на независни економисти (ENAG), инфлацијата во истиот период била дури 71,2 проценти.