Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено против Белгија 1-1 (0-1) пред преполната арена „Тодор Проески“ во рамките на третото квалификациско коло за пласман на Светското првенство 2026 година. Одигравме реми против моќната Белгија, но Македонија може да жали што не дојде и до полн плен против една репрезантација од самиот светски крем. Белгијците ја имаа првата полушанса во натпреварот откако во 5. минута Алекси Салемакерс биеше од непосредна близина, но неговиот удар заврши далеку од голот на Димитриевски.
Нова полушанса имаа гостите во 13. минута преку Лукаку, но неговиот удар одлично го блокираше Ѓоко Зајков, а во 20. минута Раскин ја погоди стативата на Столе Димитриевски. Максим Де Кујпер го отвори резултатот во 28. минута и им донесе водство на гостите и со тој резултат се замина на полувреме. Македонија на феноменален начин го отвори второто полувреме, откако по само три минути игра успеа да постигне гол за 1-1. Феноменална полуконтра која почна од Илиевски, па преку Костадинов заврши со прекрасна завршница на Елиф Елмас.
И по ерупцијата на стадионот следуваше студен туш од главниот судија на мечот, Англичанецот Кавана. Заедно со ВАР тимот ситуацијата се прегледуваше повеќе од три минути, по што беше досуден офсајд, а нашиот гол беше поништен. играта продолжи, а во 70. минута Раскин погоди во стативата од нашиот гол. Потоа Алиоски имаше одличен продор во 73. минута по кој го проигра Барди кој евидентно беше фауилиран, но Кавана не се одлучи да досуди пенал за нашиот тим. И конечно, во 87 минута, правдата стигна кога Езџан Алиоски по асистенција на Дарко Чурлинов постигна гол и израмни на 1:1. Македонија покажа одлична игра, во текот на мечот имаше неколку шанси за гол, погоди две стативи, ни беше поништен гол со ВАР, а имаше и ситуација при која многумина сметаа дека не е досуден пенал за „црвено-жолтите“. Македонските фудбалери продолжуваат со своите настапи во понеделник, кога во Астана ќе се соочат со Казахстан.