Поранешниот матичен лекар Арне Баје беше осуден по 70 точки за силување и сексуален напад. Тој беше осуден и по 82 точки за злоупотреба на лекарската положба, според норвешките медиуми, објавува Би-Би-Си. На 12 години затвор за силување и сексуакно злоставување на десетици жени е осуден лекар од судот во Норвешка. Поранешниот матичен лекар Арне Баје беше осуден по 70 точки за силување и сексуален напад. Тој беше осуден и по 82 точки за злоупотреба на лекарската положба, според норвешките медиуми, објавува Би-Би-Си. Скоро сите злосторства се случиле за време на медицинските прегледи што Баје ги вршел на своите пациенти додека работел како лекар во малиот норвешки град Фроста – заедница со помалку од 3.000 жители.
На Баје му беше забрането и да се занимава со медицина и му беше наредено да плати отштета. Судот расправаше за обвинението, кое вклучуваше обвинувања што се протегаат речиси две децении и вклучуваат 94 жени, според норвешките медиуми. Баје се изјасни за виновен за некои од злосторствата, а беше ослободен и од бројни обвиненија. Зборувајќи во судот во Трондхајм во петокот, судијата Еспен Хауг рече дека случајот е „многу сериозен“ и ги опиша постапките на Баје како „апсолутно неприфатливи“.
– Неговите постапки ја поткопаа довербата на јавноста во здравствената служба, како и во лекарите воопшто – рече судијата. Тие ја читаа пресудата повеќе од еден час. Здравствените власти првпат ја известија полицијата за Баје во август 2022 година, а обвиненијата беа покренати една година подоцна. Баје тајно инсталираше камера во својата канцеларија, објавија норвешките медиуми. Полицијата го откри обемот на неговите прекршоци откако прегледа стотици часови снимки. Десетици жени, наводно на возраст меѓу 14 и 67 години, од мала, рурална заедница се јавија. Најраната жалба датира од 2004 година, а најновата од 2022 година. Клучни за случајот беа методите што Баје ги користел за медицински прегледи.
Во текот на четири месеци, судот слушна детали за допирање без согласност и несоодветни карлични прегледи спроведени од Баје. Овие дела претставуваат силување според норвешкиот закон, кој прави разлика помеѓу пенетративно и непенетративно силување. Исто така, беше покажано дека Баје користел немедицинска опрема, како што е дезодоранс, за време на овие прегледи, без никакво оправдување за тоа. Адвокатите на одбраната побараа пониска казна од околу 17-18 години, бидејќи Баје се изјасни за виновен за силување на 21 жртва.