Неговата цел е да им донесе хуманитарна помош на Палестинците и да ја прекине „израелската блокада“ на таа палестинска територија, која, според Обединетите нации, е загрозена од глад.
„Моментално пловиме по египетскиот брег“, изјави германската активистка Јасемин Ачар за агенцијата Франс Прес. „Сè оди според планот“, додаде таа.
Актерот од „Игра на тронови“ е исто така со неаТаа е исто така на бродот со шведската активистка за климатски промени Грета Тунберг, актерот од „Игра на тронови“ Лиам Канингем и Рима Хасан, Французинка од палестинско потекло која е членка на Европскиот парламент.
Во соопштението издадено во саботата од Лондон, Меѓународниот комитет за прекин на опсадата на Газа соопшти дека е во контакт со меѓународни тела за безбедноста на лицата на бродот. Комитетот предупреди дека пресретнувањето на бродот би претставувало „флагрантно кршење на меѓународното хуманитарно право“ откако израелската војска во вторникот изјави дека е подготвена да го „заштити“ поморскиот простор на земјата.
Ова е втор обид на Флотилата на слободата да го испрати својот брод во Газа. На почетокот на мај, бродот „Совест“ го прекина своето патување кон енклавата откако беше погоден од два беспилотни летала во близина на територијалните води на Малта, објави Ројтерс.„Мадлин“ се обидува да пренесе „овошни сокови, млеко, ориз, конзервирана храна и протеински плочки“ во Газа, донации од стотици граѓани на сицилијанскиот град Катанија, изјави новинарката Андреа Легни, патник на бродот.Обединетите нации минатата недела објавија дека ситуацијата во Газа е најтешка откако Израел ја започна својата офанзива врз сега целосно уништената палестинска енклава пред 19 месеци, по крвавата кампања на палестинското милитантно движење Хамас против Израел.