Подигнување на свеста на чинителите во одлучноста и делувањето за безбедноста на луѓето за време на летната сезона, беше целта на денешната тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“ што се одржа во Скопје под покровителство на Интернационалната Полициска Организација во Македонија. Генералениот секретар на КСОМ, Гоце Делчев Тодев на прес-конференцијата посочи возачите да бидат внимателни на патната сигнализација бидејќи, како што рече, на одредени делници има стари знаци, а има нови правила за користење на тие делници.
Тој ја нагласи потребата од правилно и одговорно однесување на сите граѓани на Македонија, како и на странските патници кои ќе транзитираат низ државата во текот на летната туристичка сезона. Притоа упати апел до возачите кои со големи брзини транзитираат на територијата низ државава да бидат внимателни, затоа што, како што додаде, нашите патишта не се доволно безбедни за нивните брзини.
На тркалезната маса стручните лица од областа на безбедноста, претставници од Министерството за внатрешни работи, туристички агенции и делегации од меѓународни синдикални и полициски организации, говореа за кучните правила и препораки за безбедно учество во сообраќајот, како и упатства за правилно и одговорно однесување на сите граѓани на Македонија, но и на странските патници кои ќе транзитираат низ нашата држава во текот на летната туристичка сезона. Тркалезната маса претставува важен чекор во напорите за подобрување на безбедноста на патиштата и за подигнување на свеста за важноста на одговорното однесување во сообраќајот.