Милијардерот Илон Маск денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп немаше да ги добие изборите минатиот ноември без неговата помош и дека тој „покажал неблагодарност“.„Без мене, Трамп ќе ги изгубеше изборите, демократите ќе го контролираа Претставничкиот дом, а републиканците ќе беа 51-49 во Сенатот. Таква неблагодарност“, напиша Маск на платформата „Икс“.
Трамп претходно денеска изјави дека не е сигурен дали ќе има добри односи со Маск во иднина, откако сопственикот на „Тесла“ го критикуваше новиот закон за трошење.„Видовте какви зборови имаше за мене. Не кажа ништо лошо за мене. Подобро би сакал тој да ме критикува мене отколку законот, бидејќи законот е неверојатен. „Тоа е најголемото намалување (на трошоците) во историјата на нашата земја“, рече Трамп.
Маск јавно го критикуваше законот за трошоци поддржан од Трамп, нарекувајќи го „одвратен“, додавајќи дека законот „ја поткопува“ работата на Одделот за владина ефикасност (DOGE), кој тој до неодамна го водеше.